И моето конзилијарно беше со 60 дена и сега за првите 30 дена комисија ми продолжи боледување а за вториве 30 пак одново? Сопругот беше кај матичната денес, ама сестрата му кажала дека треба нов извештај од гинеколог (валда од гинеколог специјалист му бараат за да може препорака да даде матичната? Не разбирам)
Само нов извештај од специјалист, матичната ќе ти даде нова препорака и старото конзилијарно ке ги однесе сопругот на комисија
Здраво, да прашам дали има некој што сеуште нема добиено исплата? Јас се јавив ми викаат дека исплатите сеуште течат и да си следам на сметка
Веројатно одат по азбучен ред по презиме или кој кога ги предал документите. А ако ви е прв месец преку фонд е тогаш секогаш каснат по 2 месеци.
Мене нешто не ми е јасно со патолошково боледување, ако може кој има повеќе искуство да ми каже како функционира.Првично боледувањето ми беше 2 недели од матичен со плус 30денови од комисија (1 месец е на терет на фирма останато на фонд), продолжението ми беше идентично без прекин(2 од матичен +30 од комисија). Трето продолжување без прекин е конзилијарно 30дена, четврто без прекин треба утре да одам и е пак конзилијарно. Прашањето ми е дали е конзилијарното целосно на терет на фонд? И дали треба некои плус документи да се носат во социјално освен пополнето барање, конзилијарно мислење и копија од сметка на која исплаќаат?
Здраво, ќе ве замолам за помош: Имам извештај од Комисија во Букурешт за боледување до 16.01.2026. Се водам со дијагноза Заканувачки абортус (имам веќе еден спонтан). На извештајот пишува само контрола на 16.01.2026, јас ќе треба тој ден да идам, или може и некој ден порано? Колку стар може да биде извештајот од гинеколог специјалист? Бидејќи преглед имам на 05.01.2026, дали можам тој извештај да го искористам? Благодарам
Еден месец важи извештајот од специјалист. Јас прашав во Букурешт и ми го прифатија. И мој совет барем 2 дена пред истекот на боледување, да одиш на комисија, за секој случај да имаш време ако нешто се премислат или не ти прифатат, затоа што некако немаат правило.. Мене специјалистот ми кажа дека важи еден месец, па потоа ја прашав комисијата и рече дека може со тој извештај. А инаку на сите ни пишува контрола на последниот ден, но реално не можеш да ги прибереш сите документи и да стигнеш на комисија истиот ден а тие работат во смени според буквата
Феминки тие што сме на патолошка дали многу ви доцнат со плата? А документите од фирма навремено ги доставуваат бар за тоа се многу ажурни од фирмава каде сум со работа.
Два месеци сум под фонд, кај мене и двете исплати точно до ден (на 25ти во месецот). Единствена разлика во однос на платата е тоа што плата исплаќаше фирма на почеток, а фондов исплаќа на крај на месец па затоа првата сума ми дојде ко многу да ја чекам.
Јас до сега сум земала 3 пати плата од фонд, бидејќи фирмава каде што работам не сака да се "замара" со тоа па сопругот ми носи документација на денот кога е затворено боледувањето а исплата има за околу 30 денови од датумот на поднесување. П.С. Во социјално даваат ливче со број (реден или шифра нз) и викаат дека треба да пуштат пари најкасно за 15 денови, ако не ти стигнат со бројот да се појавиш пак на шалтер да пријавиш дека не ти е стигнато во рок.Ама и повеќе од јасно е дека џабе ќе се маткаш, ефект од пријава за жал нема
Здраво, дали некој знае која смена е буквата С наредна недела, од 5 јануари? Никој не се јавува на телефон...
Тоа од ден за ден се јавувам и ми кажуваат звони денес пак и на втори во петок сигурно ќе работат ќе ти кажат.