Здраво, ѕвонев ја за мене да прашам па и за тебе прашав, наредна недела во Букурешт ми рекоа дека С е втора смена. Инаку јас кога и да ѕвонам ми кревале одма..ќе оставам овде бројче да не не е истиот што мене ми го дадоа. Комисија Букурешт 023064088
Тие па како не им се здосади некој да ги праша, секој ден да им ѕвони телеофн уназад години и да прашуваат луѓе за буква и смена. До кај дојде светов во технологија ама букурешт уште не можат да си апдејтираат на сајт-фејсбук-инстаграм-како год Ај може ќе прочита некој од таму па ќе ме просветли зошто малтретираат луѓе да мора да им ѕвонат
Ама зошто вртите на секое. Ако оваа недела буква Л на пример е прва, наредна е втора, па прва и така се менуваат цело време. Еднаш само за првпат се јавив која буква е мојата и после си ги броев смените. Еднаш месечно и така се оди. Сега е прва смена и знаеме кога сме биле. За нареден месец ќе знаеш која буква е на смена тој ден прва/втора.
Не знам не вртам, т.е. не сум на патолошка неповикана пишав во групава а одамна читам дека секојден се јавуваат како па тие имаат трпение и до сега не направија нешто. Не се криви луѓето букурешт штк не објавува јавно
И ја тоа се чудам и кога бев таму прашав за распоред и како се менува на кој период прва втора да знам за понатака, само ми одговорија еве ти број и ми покажа тетката со прстето на едно принтано на огласна и толку. Реално не мораат да отвараат посебни страни ама као може на страната на фонд, министерство или некоја таква да има во некое ќоше распоред. Претпоставувам дека ради Х особи што не знаат да користат мрежи мора да има некој што ќе работи на телефон па ај да не го плаќаат за џабе за тие неколку Затоа што можеби некој оди прв пат а нема каде да се информира освен на тој телефонски број или да оди лично да праша/прочита на список таму. А фала богу од толку грижи и трчкање по болници може да се заборави во колку саат која буква било пред месец дена..