Форумџика на годината

Патолошка бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од byby.13, 6 јуни 2015.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.689
    Допаѓања:
    19.683
    Може тоа ќе се среди кога на патолошка ќе бидат тие навистина што имаат здравствен проблем. Седиме 5 трудници во чекална, сите отвараат боледување, бараат патолошка требало не требало. Сами штета си правиме и им штетиме на тие кои вистински им треба.
    Затоа и боледувањето за деца го скратија. Сите изназемаа боливање од 12мес со назнака анемија и 100% боледување си чуваат дома деца, а некој на работа треба да те заменува. Па и тоа не е фер.
     
    На ForeverYoung, *Снегулка* и Frida- им се допаѓа ова.
  2. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам дека се злоупотребува системот што не е фер ниту кон колегите од работа ниту кон трудниците со вистински проблеми и тешка бременост, но мора да постои филтер за ловење на лажни патолошки (иако сум свесна дека ништо нема да функционира додека не ни се смени менталниот склоп затоа што најмногу си патиме од 'уживај, имам таму човек ќе ни среди). Освен немилосрдно казнување за секој уловен случај со одземање лиценца до губење работно место и право на труднички надомест, не знам друго што би допрело до народов.

    Од друга страна свесни сме дека имаме исцеден фонд, така да и ним веројатно им одговара колку толку трошок да падне и на работодавец. Деновите пред или после пораѓај родилката ќе ги покрие со денови од одмор лански и тековен и товарот се префрла на фирма.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.689
    Допаѓања:
    19.683
    Сега рекоа ќе ги ловеле преку дигитализацијата...како поима немам. Се надевам дека системот ќе се подобри да биде фер за сите
     
    На Marijanche33 и Frida- им се допаѓа ова.
  4. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Тешко дека секој може да покрие денови со тие од одмор. Во фирмата каде што работам не е дозволено користење на одмор или боледување после породилно. А јас би требала да го оставам детето на 7ипол месеци зошто морав да отворам патолошка ради сешто што ми се случи во бременоста.
     
  5. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Може треба да направат да важат само мислења од специјалист и конзилијарно од државна. Ама пред тоа да го направат треба да се среди и тоа да не чекаат трудници кои навистина имаат проблеми и чекаат за преглед. Јас лично почнав оваа бременост да одам приватно од причина што во државна со упат чекав 3ч а притоа крварев и неможев од болки ни да седам ни да стојам. Исто претходно ми се имаше случено да чекам 5ч каде што они де излегуваа, на пауза си одеа, си пикаа луѓе преку врски ( да напоменам и тогаш исто крварев и имав јаки болки). Е заради тоа ја се одлучив да одам приватно, да треба да платам ама па да чекам во болки толку време не можам. Знам дека секој неможе да си приушти ама тоа е се стискаме колку можеме за др работи. Да не зборам за тоа дека здравствово треба да обезбеди лековите кои ги пиеме трудници да бидат само со партиципација.
     
    На Frida- и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам дека лековите за патолошка треба да ни ги покријат. Мене ни клексаните не ми ги одобрија затоа што специјалистот гинеколог што ме води ми ги даде од прв ден додека на трансфузиологија во државна ми рекоа дека еден спонтан и мутации кои се дијагностицирани во приватна лабораторија не ги сметаат за доволна индикација за клексан. Тромбофилијата и хемостазата требало да ми се од Ману а спонтано требало минимум два да имам. И цела бременост од прв ден се боцкам приватно (да е само тој трошок и тој лек добро ќе беше). Во државава се покриваме кој како знае и умее, криво ми е што кога и да ми била потребна државна услуга ми трескале врата а имаме многу лица здравствено осигурени кои само фигурираат како вработени, се немаат ни ден појавено на работа (државна администрација).
    Џабе е се.. Што и да воведат потоа сами го газат пошо корупцијата и врските никогаш нема да ги искоренат, клет народ сме.
     
    На Milkiway, *Снегулка* и katce patce им се допаѓа ова.
  7. Helloworld777

    Helloworld777 Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Добар ден девојки. Дали можеби некоја од вас има искуство со парцијална моларна бременост. Би била благодарна ако може да се консултирам со некого во порака
     
  8. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Остај за клексаните се измалтретирав, одев на 2 недели каја една д-рка и таа ми пишала само за 4 недели, Јани коа виде се изнервира и ми пиша за 2месеци да не одам да се мачам само за џабе зошто мора да ги примам. Таа ми рече кај матична ќе земеш извештајот. Ама за да го приложиш во фонд мора со печат и потпис, и морав пак на трансфузиологија да одам а таа не беше таму па дури следниот месец само 2 пати беше и морав пак да одам. Ужас невиден
     
  9. an678dm

    an678dm Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво дали ако ја прекинат патолошката пред 34та недела има можност за жалба, најмалку 2 месеци порано треба да отворам породилно.
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    26.581
    Пол:
    Женски
    Патолошка е макс до 34 та недела. Можеш да користиш одмор, боледување од матичен.
    Или откако ќе ти заврши породилно, истото.
    Кај сите е исто…
     
  11. Melanija9876

    Melanija9876 Нов член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Боледување од матичен лекар или гинеколог? Дали тоа го покрива фондот ?
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    26.581
    Пол:
    Женски
    Матичен. Од гинеколог неможе да ти отвори тогаш.
    И ќе ти се рачуна како најобично боледување.
     
  13. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    55
    Девојки здраво, прочитав голем дел од темата, ама јас пак не можам за жал да се снајдам со овој проблем.
    Стнаува збор за моја блиска другарка која е во петтиот месец од бременоста и сега ќе има некој зафат од типот на подврзување и мора да седи дома. Не и ги објаснуваат баш убаво работите и е во хаос дали треба боледување, дали патолошка бременост, како се одвива тоа.. за патолошка треба конзилијарно мислење од повеќе доктори? Колку време може да трае? Пример до кој месец/недела, па после се отвора ли трудничкото?
    Како е со работата, она е вработена на неопределено во државна институција, колку е надоместокот од плата? Премногу опции а ништо не се разбира. извинете на долгиот пост.
     
  14. Iggi

    Iggi Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Женски помош!
    Треба да бидам на патолошка бременост, договорот на работа ми го продолжуваат на 3 месеци, што значи од сега за 3 месеци ќе бидам 7ми месец, дали после тие 3 месеци можа да ме одјават и со тоа да ми прекини боледувањето и да не земам породилно?
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    26.581
    Пол:
    Женски
    Ако се кретени можат за жал.
     
  16. Iggi

    Iggi Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    нели нема право да ме одјави додека сум на боледување? и така оди тоа на терет на фондот
     
  17. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    26.581
    Пол:
    Женски
    Со истекување на три месеци договор, ако не ти продолжат, автоматски ќе немаш ни осигурување. И ако се гадови, може да не ти го продолжат договорот.
    Инаку додека си на патолошка, си под товар на фондот.
     
  18. Iggi

    Iggi Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    знам дека нема да го продолжат после тие 3 месеци, оти се гадови!
    Што ме советувате да правам?
     
  19. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    26.581
    Пол:
    Женски
    Ако можеш да најдеш одма некој да те пријави, без ден прекин, за да можеш да си имаш породилно, ти е најдобра опција.
    Или ако успееш да се договориш со нив да ти направат подолг договор и да им нацрташ на просто, дека они пари нема да ти даваат.
     
  20. Iggi

    Iggi Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    да најдам некој да ме пријави после патолошката ако не ми го продолжа договор или сега?