Им пишав порака ако добијам инфо ќе ве известам. Во фондот во Охрид ми рекоја ги кликаме вчера и денес демек не разбрав што им значи то ама нема врска
Здраво, Имам земено боледување од 15дена од матичен гинеколог со дијагноза 0.20. Од извештај од специјалист напишана ми е дијагноза 0.47 . Со тој извештај комисијата ми даде нови 30дена продолжување. Дали некоја знае дали двете боледувања треба да бидат со иста дијагноза или нема врска? Со цел да не дојде до некоја забуна во фондот за исплати?
Здраво девојки, ако може да ми одговори некој што имал искуство со конзилијарно на ГАК — како оди процедурата? Дали ве прегледува еден доктор, па после другите само потпишуваат? И дали работат секој ден или само во среда? Нешто слушнав дека работат само во среда. Ви благодарам однапред на одговорот.
Секоја среда има конзилијарно, термин ти закажува матичниот. Ден, два пред терминот ти се јавуваат и ти кажуваат кое време да дојдеш, најчесто е од 2 или 3 попладне( ти на упатот ќе имаш време ама они почнуваат порано и затоа ќе те побараат). До сега било во три амбуланти по еден доктор, те гледа кратко на ехо може да те праша за историја или зашто си на боледување и тоа е тоа.
треба до 7 мај да однесам документи на комисија во Букурешт, а нема термини до 13 мај, па ќе морам да одам со приоритетен упат. Дали знаеш дали даваат конзилијарно веднаш истиот ден или се чека неколку дена? Не би сакала да задоцнам за комисијата во Букурешт. И ти благодарам многу за одговорот.
Тие се сродни дијагнози, односно бидејќи почнуваат со О и двете се однесуваат на исто, такашто нема да имаш проблем никаде
Здраво,во врска со патолошка бременост дали некоја до сега има земено само поради тежина на работно место (работам напорна работа,одам во јавен тоалет кој е одвратен и патувам со јавен превоз),без притоа да има некој конкретен проблем? Јас до сега бев на боледување од матичен гинеколог,па потоа од специјалист два пати,имав хематом секако ми беше предложено мирување и боледување, но последен пат докторката ми кажа дека хематомот е повлечен. Следна недела треба да одам на конзилијарно,па не знам дали би ми дале извештај
Здраво девојки, вчера прв пат однесов документи во фонд за април месец. Каква е праксата за пуштање пари? Многу ли се чека некој да сподели повеќе информации
ако фирмата поминува плата на први кога вршат исплата на патолошка ? прв пат треба да земам па ме интересира кои дати одат исплатите на патолошка
треба прво да ви стаса по пошта писмо за одобрување и после тоа очекувајте исплата,тоа зависело и од периодот кога фирмата пушта плата па потоа добивате исплата од фонд
Здраво на сите дали некој можи да ми кажи,како се пресметува платата со боледување на патолошка бременост,фала
70% од основицата. Доколку е за цел месец полесна е калкулацијат, доколку е за пократко зависно од број на работни денови во месецот се калкулира по 70% од дневница.