Мене матичната еднаш ми спомна дека може и она да даде дополнително уште 2 недели боледување откако ќе заврши патолошката, ама не знам ни ова колку е веродостојно… баш во петок сум на контрола, ќе ја препрашам уште еднаш кои се опции се достапни
Здраво, би сакала да ве прашам дали исплаќањето од фондот оди наеднаш како цела сума или на повеќе пати? Денес добив прилив ама мислам дека треба да биде префрлена уште одредена сума.
Они даваат предлог да се отвори породилно 45 дена пред термин, односно не ја продолжуваат патолошката веќе. Ти можеш да користиш стар одмор и да земеш боледување од матичен лекар, со крвна слика може да ти даде 2 недели, па дури после да отвориш породилно
Здраво, кои документи се носат на работа за породилно? Боледување, извод од новороденче и дали треба уште нешто?
Zdravo devojki pravev IVF skoro doznav deka sum bremena sakam sa izvadam pataloshka bremenost.Dali bi mi dale deka sum na pocetok i deka su so ivf?
Јас по тој основ сум на патолошка, прво ќе си побараш од специјалистот каде што правеше да ти даде мислење дека треба да одиш на боледување а после тоа ќе си регулираш со матичниот и комисија секој месец. Со лесно
Доби некој исплата за Мај? На патолошка сум а здравствено осигурување имам до 30.06? Знае некој дали од први ќе имам здравствено?
Здраво на сите, имам договор на неопределено со 4 месеци пробен период. Дали може да ми го прекинат договорот по истекот на 4 месеци, ако имам отворено патолошка?
неможиш да отвориш патолошка ако немаш континуирано не прекинато 6 месеци работено. Иначе неможа да ти го прекина чим си на наопределено
Колку што знам првите 30 дена се на товар на фирма, па после тоа исплатата паѓа на фондот. За јуни од фирма ми се исплатени многу помалку средства. Нели над 15 дена до 30 исплатата е 90%. Од колку месеци се зема просек? На боледување бев од 2-30.6