Конзилијарното е секоја среда од 14.00 часот, можно е да ти се јават да одиш и порано од терминот, јас скоро секогаш така одев порано. Ако ти е прво конзилијарно да знаеш со извештајот од тука одиш кај матичната да ти даде предлог и со тоа одиш во Букурешт на комисија, само запази со датумите за да немаш прекини
Здраво Дали некоја од вас била на боледување поради патолошка бременост до 36та недела т.е 28 дена пред веројатем термин за раѓање, а потоа искористила преостанат одмор и покрај извештајот од комисија после боледувањето да се отвори породилно?
Девојки, завчера бев на преглед кај мојот доктор во 19+2 и ми беше измерен цервикс 29.3 мм, но тој рече дека е во ред, но читајќи наидов на многу од вас дека други доктори тоа го сметаат за скратен.. што да правам ќе барам и друго мислење..
Отиди на уште еден преглед ,направи брисеви и уринокултура да не има некоја инфекција.За неделата што си е скратено.
Za patoloska bremenost, bidejki nemam isplatata. Treba da se obratam vo Fond ili imate kontakt ili email kade mozam da se obratam?
Дали некој друг се соочил со вакво нешто? На патолошка сум од јуни и сега имам последно продолжување. Имам целосен одмор денови неискористен од јули. Прашав дали може да го искористам целиот наеднаш. Ми дозволија користење само на 2 недели одмор после патолошката што законски можам да ги искористам до крајот на декември а остатокот бидејќи треба да се искористи до 30.06 следната календарска година пропаѓа...Јас се враќам средина на јули и ќе имам нов одмор. Исчитав се и знам дека има предлог закон баш за ваквите случаи, деновите да не пропаднат туку да се искористат до следниот декември ама сеуште не е изгласано.
мене за јули ми пуштија негде на почетокот на септември, каснеа пак инаку е 70% просек од последните 12 плати