И јас немам проверив на 26.10 тука во мојот град сеуште не беа однесени документите од фирмата. Денес им пишав на меил добив одговор дека сум имала исплата на 19.10 што не е точно му реков да проверат уште еднаш не добив повратен одговор. Му пишав на info@fzo.org.mk
Девојки едно прашање Матичниот гинеколог ми даде упат во среда на ГАК да одам за конзилијарно, ама не ми кажа во колку часот да одам, а на упатот не пишува време… Дали знаете кога треба да појдам и кои доктори се во среда или било кој може да се погоди?
Da prasam koga go zemate resenieto od Fond cekate vo cela guzva? Bidejki jas cekam po 2h za da go zemam.
Ако мислиш на решението од комисијата во Букурешт, може да оди и некој друг не мора ти лично. Ако ги фаќате втора смена одете попладне после 4, помала е гужвата
За жал, се чека.. Еве мене лично до сега се ми се погаѓа мојата буква да биде прва смена и сопругот чека по 2-2ипол часа секојпат. Најдобро да пратиш некој друг да ти ги носи документите и да чека таму.
Прв пат слушам, тука во Скопје баш напротив, препорачливо е друг да оди место тебе. Мене и сестрата кај матичниот гинеколог секогаш ми напоменува да оди сопругот јас да седам дома. Ете ако има некоја членка од Битола може ќе ти каже за искуство
Здраво, комисијата колку дена пред термин дава препорака за отварање породилно? Мене ми рече докторката 28 дена има нешто измени?
Ако си на патолошка до 34та недела, после ќе мораш или породилно или уште 2 недели од општ матичен па после од 36та да си го отвориш породилното. Вака беше пред 3 месеци јас кога отварав, не знам дали има промени во меѓувреме
Едно прашање женски,имам упат за гак за конизилијарно ама термин е во пет. Минатата среда ми рекоа дека работеле до два и тоа ме буни. Дали порано да појдам или тогаш.? Да не знаете случајно?
Од 14.00 часот почнуваат, обично се јавуваат ден два пред тоа да ти кажат кога да одиш, јас скоро никогаш не сум била покасно од 15.00 часот