И мене не ми беше јасно за ова плаќањево им пишав меил, ми рекоа дека коа ќе си влезам во 9 месец ќе ми биде платено 100%,а вака на патолошка со дијагноза заканувачки абортус е 70%.Ако е 100% за цела бременост сите ќе бидат на боледување нема логика муабетов.
Ја само го постирав законот,не го измислив ја тоа.И да баш има логика да биде 100% со сите трошоци со кои се соочуваат трудниците и те како треба да е 100%.
Од искуство ќе ви кажам, просек од последни 12, односно од колу си била вработена ако е помалку од 12, но не помалку од 6 месеци
Имам 15 дена боледување од матичен гинеколог. И истекуваат до 25ти јануари. Е сега за продолжување ме праќаат на конзилијатно мислење и на комисија. Имав термин за утре сабајле но ми праќаат порака вечерва дека докторот ги сменил смените и дека прегледот ќе се изврши во четврток во истиот термин. А јас од прток треба да пкчнам на работа ако не продолжам боледување. Можно е се околу боледувањево да завршам во еден ден или тоа со одлуката на комисијата трае неколку дена?
Можно е ако ги добиеш конзилијарното и извештајот веднаш во четврток, зошто треба истиот ден да одиш кај матичниот со конзилијарното и извештај од прегледот да ти даде Предлог за комисија, па со сите документи да се оди на комисија. Многу кнап може да ти дојде, зависи во колку саат си на преглед и која смена ти е комисијата. Да си провериш предвреме која смена е комисијата (по прва буква на презимето), па крај краева ќе молите. Јас никогаш не одам во комисија, така ми рекле да не одам јас, секогаш маж ми или свекор ми оделе носеле, и зависно од гужва се завршува таму работа за околу еден саат (плус минус).
Девојки просветлете ме прв пат ми е Како оди целава постапка,среда ми истекува боледувањето од матичната. Утре ќе земам конзилијарно мислење и што понатаму. Матичната ме праќа на комисија? Со термин се оди на комисија или Не ми се смејте ама тапа сум на таа тема,па да знам како оди чекор по чекор.
Со конзилијарното одиш как матична --> таа дава предлог за комисија --> со предлогот праќаш некој на комисија. Таму нема закажување. Треба само да видиш која буква (според презимето) која смена е и согласно тоа одиш
Знаев дека ти ќе ме оправиш,а намерно не те тагнав,стварно незнам со бебе како постигнуваш Сигурно бебе е мирно и и дава на мана да ужива. Е сега тоа со буквите има некаде да се провери или?
Нема он лајн. Еве ти број и барај ги 023062521 Бебе нана сега.. Кога е будна тешко следам Си бара занимација, па си играме
Погоре стана муабет за пријавите за УЈП - јас денес се јавив во Фонд, ми рекоа дека ќе ги праќале по пошта тие потврдите за приход а после 15 февруари може и сами да отидеме да ги земеме.
Колку време треба да се биде пријавена во фирма за да може да се земе патолошка бременост, ми треба како информација, доколку некој знае нека ми одговори?
A што кога работиш 3 месеци без прекин и мораш да земеш патолошка бидејќи ти е многу ризична бременоста? Што во таков случај?
Незнам душо во тој случај зависи од фирмата ако има разбирање..стварно незнам јас знам дека после 6 месеци немаат право да те бркаат ама нели кај нас е се "дупки" па и ова е со резерва..
Фондот покрива ако имаш 6 месеци стаж во таа фирма. Распрашај се за сигурно , јас не сум 100% сигурна . Многу работи се менуваат преку ноќ.