Ве молам за мислење: последно комисиско до 10.04, а краен термин 25.05. Од комисија рекоа после 10.04 отворам породилно боледување, што е точно 45 дена, според закон. Дали може после 10.04 да земам одмор? Како да го одложам отворањето на породилно за подоцна?
Ако не грешам мслам дека законски мораш 45 дена пред без разлика на све.А одморот комбинирај го некако ако можеш.
Да, ќе пробам да го вклопам одморот. Во законот пишува: “Задолжително е бремената работничката да го започне отсуството од работа 28 дена пред раѓањето, а има права тоа да го направи и 45 дена пред раѓањето.” Оваа реченица ме буни и се надевам дека со одмор ќе може да стигнам до 28 дена пред терминот. Затоа сакав да слушнам други искуства.
Во секој закон има дел збунувачки и двосмислен но Мими за најсигурно консултирај се со твојот матичен гиниколог он најсугурно ќе те упати.Поздравче и со лесно❤
Едно прашање до тие што сте или сте биле на патолошка. Дали секој месец носите конзилијарно мислење? Досега носев само од специјалист, во петокот првпат конзилијарно каде пишува дека е препорачано уште два месеци боледување. Од Букурешт напишале повторно да се однесе за еден месец мислење од специјалист и конзилијарно. Јас секако одам секој месец на преглед, ако не и почесто, ама мм секој месец се матка те на матичен, па комисиско, па кај мене на работа. Си мислев барем овојпат ќе одмориме. И дали носите нешто во фонд?
Преку еден месец се носи конзилијарно,ќе си го однесеш истото со нов извештај од специјалист. Ја не носам ништо во фонд ми носат се од фирма.
Ама му го задржале на мм конзилијарното, а во извештајот напишале пак да се однесе и мислење, и конзилијарно за еден месец. Тоа ме буни... Инаку и кај мене од работа досега носеа сѐ во фонд, ама си реков сега да не треба јас да носам.
Копија не правиш? Кај матучната не оставаш еден примерок. Конзилијарното трае 60 дена. Препрашај кај матичната види што ќе ти кажат.
Не правам никаква копија, а матичната не ми побарала. Оставам само од комисиското што даваат во три примероци, едно кај неа и едно на работа, третото останува за мене. Ќе ја прашам утре, ваљда знае. Фала многу на одговорот
Конзилијарното важи 2 месеци, за две одења во Букурешт и оставаш копии! Никако оригинал. Кај мене оригинал задржаа на крај, кога ми пишаа препорака за породилно боледување. Пробај побарај од болницата уште еден примерок од конзилијарното, би требало да ти дадат.
Не знаев, веќе го оставив оригиналниот. Ќе прашам ако имаат копија, ама не верувам, освен ако мора од административни причини. А ќе прифатат ново ако случајно немаат копија?
Не верувам дека имаат копија. Би требало да ти дадат друго, оригинал, со исто архивско бројче. Од сега, прави си копии од се, за секој случај.
Devojki od fondot mi stigna resenie vo koe e navedena suma po cas sto ke mi ja isplakaat. Dali i na vas vi stigna takvo resenie? I dali sekoj mesec ke mi prakaat novo resenie so nova presmetka ili site naredni meseci ke se isplaka po prvoto resenie nadomestokot?