А ке ми дадат информација сабајле на телефон? Незнам зашто ако има веќе конзичијарно бараат пак мислење од специјалист.
Е како да не! Значи овие матичниве само паники да прават. Ти викам моето конзилијарно го зедоа првиот пат, а вториот пат кога го побараа мм им кажа дека е кај нив. И одма го нашле.
Пишуваше јасно на листот важност од 60 дена а тој тврди може нее 60 дена. Однесе ти и плус мислење од специјалист?
Да, од специјалист мора да се однесе по еден месец. Ама конзилијарното важи толку колку што е наведено на него, во случајот 60 дена.
Извештајот од комисијата го имаат тоа што го даваат во три примероци,од конзилијарното мислење што важи 60 дена го нема кај нив. Додуша и извештајот ќе ми го затуреа па се вратив и го ставиле во друг картон на друга пациентка Сестрите и тој еден машко што им е се крш во Коруновски.
Девојки да ве прашам дали некој знае ако сум вработена 4 месеци, па морам на патолошка да ја терам бременоста, дали ми следи породилно? Прашањето ми е дали мора да бидам минимум вработена 6 месеци пред да ми се води како патолошка, или 6 месеци пред породилно? Бидејќи и со патолошка нели уште тече стаж но не знам како е законот за ова, не сакам да го пропиштам породилното, па ако некој знае слична ситуавија нека ми објасни. Благодарам.
Драги феминки, молам за информација од кој подзаконски акт/правилник/интерна одлука на Фондот може да се провери дека за патолошка бременост првите 30 дена се на товар на работодавачот, а после на товар на Фондот и во кој процент од платата. Од работа имам проблем, велат дека патолошката бременост е сепак во категорија бременост, нега и мајчинство и од првиот ден на боледувањето дека сум под Фондот. Па ми треба документ како доказ дека тие ги исплаќаат првите 30 дена...