Мамички и идни мамички, имав еден проблем во 12 недела од бременоста прокрварев, скоро цел ден имав крварење (околу една влошка отприлика), а потоа два дена имав кафеав исцедок. Бев на преглед вториот ден, ама матичниот не знаеше да ја утврди причината, на ехо не се гледаше од каде е крварењето ми зеде брисеви бидејќи се сомневаше дека е инфекција ама се е чисто. Терапија ми даде утрогестан само и магнезиум и ми предложи боледување бидејќи требало да одмарам. Е сега од една страна се плашам за здравјето на бебчето, ама проблемот е што ако земам само кратко боледување ќе имам потоа проблеми на работа затоа што шефот е малку проблематичен, јас сакам ако останам да останам барем на подолго време, а матичниот ми рече дека тој може да ми даде само 2 недели, а после морам да одам на специјалист. Прашањето ми е дали специјалистот ќе ми одобри боледување ако му ја кажам ситуацијата со оглед на тоа што веќе не крварам, а и немам некоја посебна дијагноза, имам грчеви од време на време, ама на ехо не се гледаше никаков проблем, а читам дека специјалистот на ехо прегледувал... Што мислите вие, какви се вашите искуства? Ве молам, барем некој што бил на специјалист да ми каже каков е прегледот? Навистина не знам што да правам...
A sto sefot ti e povazen od bebeto ili poslusaj go maticniot gin za boleduvanjeto da treba da miruvas nekoe vreme
Здраво мамички, ќе сака некоја да ми каже, како оди патолошката бременост, дали се оди на комисија секој месец за боловање до породување или само неколку пати? И колку проценти од плата префрлуваат...ме интересира се ако може некоја да ми каже..
Јас ја исчитав скоро цела тема, објаснето е, макар што и јас сега ја почнав процедурата и не сум сигурна дали е баш вака ама ќе се обидам да објаснам од она што разбрав од читање, ако грешам ќе замолам некој поупатен да ме поправи: 1. Матичен ти дава 15 дена боледување за време на тие 15 дена ти дава упат за на специјалист. 2. Одиш на специјалист и добиваш ИЗВЕШТАЈ. 3. Со овој извештај се враќаш кај матичен и ти дава ПРЕПОРАКА за на КОМИСИЈА. 4. Извештајот и препораката ги носиш во фондот за здравство таму ги земаат и ти кажуваат кога да се појавиш на комисија (тоа треба да е до последниот ден од боледувањето од матичниот и обавезно да си имаш копии направено). 5. Одиш на комисија и ти даваат 30 дена боледување со тоа што ти даваат ДОКУМЕНТ на кој пишува до кога е боледувањето и кога да отидеш пак на комисија. 6. Со тој документ одиш пак кај матичниот да ти даде ИСР образец (тоа ти е некаков документ што се носи во фонд за да ти пуштат пари). Е сега овој дел не го сфатив баш ама мислам дека првиот месец не го носиш ова во фонд оти првите 30 дена ги плаќа фирмата, можеби треба во фирма да се однесе и фирмата плаќа 100% мислам. 7. И за ова не сум баш сигурна ама некој имаше напишано дека по истекот на тие 30 дена од комисија можеш да одиш со истото мислење од специјалист пак на комисија и да ти одобрат уште 15 дена, бидејќи без конзилијарно давале до 60 дена вклучувајќи ги и тие 15 дена од матичен. Ако е точно ова после тоа пак одиш кај матичен со документот од комисија, ти дава ИСР образец и овој пат ги носиш во фонд тој ОБРАЗЕЦ, ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА и пополнуваш некој ФОРМУЛАР што ќе ти го дадат таму, а некаде го барале и МИСЛЕЊЕТО ОД КОМИСИЈА (мислам дека се ова треба да го однесеш и во фирма, па може и фирмата да ти ги носи во фонд документите ако се согласат). 8. Ако ова не е точно тогаш за вторпат на комисија ќе ти треба конзилијарно мислење од 3 гинеколози а чекорите за да го добиеш се исти како и за специјалистичко само што ти се потпишуваат 3 гинеколози наместо 1. Потоа пак исто, кај матичен, па во фонд, па на комисија, па пак кај матичен за ИСР, па пак во фонд да однесеш документи за да земеш плата од фондот. Фондот исплаќа 70% од плата. Инаку конзилијарно на ГАК давале 30 дена, а на приватна клиника 60 дена, ама без разлика ти на комисија мораш да одиш секои 30 дена. И се така. 9. Доколку ти даваат боледување до крај ќе ти отворат породилно 45 дена пред термин. Ама некои користат одмор пред породилното во договор со фирмата. И тоа е. Ако сум испуштила нешто или погрешила некаде нека ме поправи некој постручен. Инаку и јас ви се приклучив во клубот. Ќе си одмараме и ќе си се дружиме.
Ти благодарам на одговорот, денес ќе одам кај матичната, бев на комисија па не знаев што понатака...Јас сум на почеток, ти?
И јас сум на почеток, уште ги терам првите 15 дена А како пројде на комисија колку ти одобрија? Може ли да одобрат помалку од 30 дена? Ме интересира за на комисија носите ли слики од ехо или крвна слика и дали ви бараат. И со каква дијагноза одите?
Ми одобрија три недели боловање, па потоа контрола. Извештај од специјалист, извештај од матичен без ехо и крвна слика. Јас тоа однесов. Меѓутоа јас сум со ивф...
Нема проблем. И јас сум на почеток од боледување инаку 14 недела. @lady.N ќе си се дружиме тука, јас многу се досадувам овие неколку дена не сум навикната да лежам. Инаку докторката не ми спомна ништо за сликичка или крвна слика мислам дека не треба. Јас сум со дијагноза 020 - крварење. А за тоа колку денови одобруваат изгледа од нив зависи, ама можат најмногу до 30 дена...