Женчиња јас не најдов никакви одговори и прашања во врска со темава ако грешам поправете ме. Е сега може ли некој да ми каже која е процедурата за патолошка како дојдовте до неа со врски или не...што се треба да се приложи како мислење од доктори се оди на комисија ништо ама баш ништо не ми е јасно околу тоа. Поз имајте убав ден
Првите 15 дена матичен гинеколог. После мораш да имаш мислење од специјалист за сериозноста на проблемот. После 2 месеца треба да обезбедиш конзилијарно мислење (потпис од 3 доктори). Ако е посериозна дијагноза одма се отвора комисиска патолошка бременост. За тоа треба конзилијарно мислење.
Значи прво матичниот ми дава 15 дена боледување така после 15 ден треба да одам на комисија со мислењето од гинекологот или митреба мислење ново од специјалист за на комисија за ново продолжување од 15 дена
Па да имам работам во колонијал каде седнувањето е многу тешка работа постојано сум на нозе бебето ми е многу спуштено долу имам болки во долниот дел на стомакот мн низок притисок отоци на нозете па матичниот ми спомна да одиме со боледување затоа ме интересираше како е целата постпка и дали тешко се продолжува комисиско воледување
Да и јас би сакала ама докторот кажа дека е многу тешко да се дојде до боледување за жал се е со врски во нашава државичка па ке видам што ке направам фала
Ако имаш специјалистичко мислење полесно се зема. Ако си од Скопје, појди во приватниве клиники, специјалист полесно ќе ти пише отколку на клиника. и никако ти да одиш на комисија, ќе пратиш некого!
па ти уствари и немаш патолошка бременост поарно оди ден ан работа два па 15 дена боледување од гинеколог па пак ден два на раб па пак 15дена од гинекологот твој матичен инаку енма шанси за патолошка се знае што е патолошка бременост сега се затегнати сите закони и нема како порано
Нема баш патолошка да биде, ама може да продолжува по месец, па пак и така до пораѓај со мислење па после конзилијарно.
Не е така лесно да се прават прекини во работата со боледување! Кога ќе се затвори едното боледување, треба да поминат 30 дена за истиот доктор да издаде повторно боледување. Не е вистина дека тоа не е патолошка бременост, е. Причината е несоодветни услови за работа на трудница. Само што кај нас тоа не се признава, ќе те шутнат од работа и тоа без пардон!
Можеби, ако нешто се сменило од 2013-та. Мене ми отворија патолошка во 28-ма недела, се породив во 40-та. Дванаесет недели ме водеа како патолошка, без да бараат контроли и што ти ја знам, затоа што беше многу комплицирана ситуацијата.
До 15 дена матичен гинеколог, до 30 со мислење од специјалист и на Комисија, над 60 (вкупно дена, рачунајќи од првиот од матичниот) - наместо мислење од специјалист, секој месец ќе мораш на Клиника за конзилијарно мислење. И тоа е Комисија таму, 3ца доктори те прегледуваат и ти се потпишуваат на мислењето кое на крај го доставуваш до Комисијата за патолошка. Комисијата на ГАК се состанува само во среда, од 13-14 саат.
Ти си била на патолошка. Ова за кое девојчето прашува (освен ако не и пишат некоја страшна дијагноза) нема да биде патолошка. мора да се следи тоа што моира пишала.
Сега е затегнато затоа што сите што работат во администрација си земаа патолошка порано , онака од ракав , а нас што работиме во приватно може и да не не примат повторно на работа ако одиме на патолошка....и јас сум за да се затегне , не може на секоја шмизла што не и се работи баш да не оди на работа, ама кога навистина треба треба. ако навистина имаш проблем мислам дека не требаат врски.