1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патот на честа (Раџ Кумар)

Дискусија во 'Книги' започната од bibip, 6 август 2012.

  1. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Приказна за љубовта, лојалноста, интригите и нетрпеливоста, сместена во Саудиска Арабија.

    Генералот Фархан ел Балавие е лојален војник во армијата на Саудиска Арабија и посветен татко на својата ќерка Марјам, со чија умешност и слободен дух посебно се гордее. Таа е единственото дете кое му останало во животот. Неговиот постар син умрел, а помладиот го напуштил семејниот дом за да побара поинаков живот во Америка.
    Меѓутоа, и покрај својата љубов кон семејството, гордоста кон арапското потекло и приврзаноста кон исламот, Марјам копнее да го продолжи образованието на некој европски универзитет. Кога Фархан ќе реши дека Марјам мора да се мажи за синот на човекот кој му го спасил животот, а за кого е ветена од детството, таа решава да го задуши разочарувањето и да се покори на желбата на нејзиниот татко.

    Книгава е прекрасна се чита во еден здив............
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.816
    Допаѓања:
    48.329
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав за еден ден, предобра книга со предобра содржина.До мене допре книгата, но искрено многу бев љута и орогчена ради венчавката и целото договарање.
    Оценка 10/10.