Ја сакам Македонија, ама Македонија изгледа нас не не сака штом вака ни враќа. Парите се проблемот. Парите се криви за се. А и тоа што ги градат спомениците, па ајде тие што ќе останат во Македонија нека си земат сите по еден споменик. Таман за секој човек по еден има.. Не направат некои училишта, да се реновираат некои згради. Да градат згради, не споменици. Да би имало повеќе работа, подобри плати и те како би се вратиле сите во Македонија. Сите ја сакаат Македонија, но таа не ни дозволува да останеме овде. Ништо чудно ако остане ненаселена после некој период.. Патриоти..
Ја сакам Македонија. Без разлика кој е на власт и кој ја води државата дали ќе е вмро или сдсм, политиката не ме интересира. Без разлика дали се градат споменици. Дали економијата ни е 0. Дали имаме лоши услови за живеење сепак ќе ја сакам. Чувствувам дека овде припаѓам. И патриотизмот неможеш да го стекнеш, со патриотизам се раѓаш. Сепак и ние треба да размислиме што сме направиле за нашата држава, а не да очекуваме нешто од државата....
Џабе што ја сакам Македонија кога се оди во минус. Јас како јас или било кој како индивидуа не може тоа да го смени. Големи телиња сме (извинете вака) како нација, и од молчење е вака. Да се собереме и да реагираме - нешто ќе се смени, и тогаш ќе признаам патриотизам. Вака, патриотизам за мене не е да се биде член на партија и да се гледа само за лични интереси.
Нормално дека изумира бидејќи изумре и се што порано ги терало луѓето да бидат патриотисти. Природните убавини се далеку од доволно за да ја сакаш својата држава, треба многу повеќе, а тоа веќе одамна го нема. Колку пати само сум посакала да сум била родена во друго време. Но, се има и добри и лоши страни, ако умееш да бидеш себичен, можеш да се снајдеш и во оваа ситуација. Едно само ќе кажам, кога целата плата ти оди за сметки, и да сакаш НЕ МОЖЕШ да ја сакаш Македонија.
Κаκо се очеκува да не изумρе, да имаше добρа иднина за сите што се тρудиме во дρжавава и тоа κаκо ќе имаше патρиотизам.
Си ја сакам Македонија, има многу убавини нашата земја, ама факт е дека политичарите ја распродаваат. Ако нешто не се смени, многу народ ќе избега од Македонија, посебно од малите градови. Ќе ја сакаме сите уште некоја година, а потоа ќе дојде момент кога ќе се чувствуваме како гости во оваа земја. Јас во делови од мојот град кога ќе видам само Албанци и само албански се збори, се чудма кај сум? Тоа е затоа што сме сиромашни и затоа што за нас Македонците 2 дете стана луксуз, а тие ги земаа многу работни места во администрација, додаток за 3 дете, шеверцови и што уште не. Да не зборам за тетовско, таму кога ќе поминам за накај Охрид, се чудам “Ова ли е мојата земја“? До кај стасавме, како толку бргу не снема од некои краишта и кој тоа го дозволи?
Da si patriot, a da zhiveesh vo mkd znachi da nemash kontakt so realnosta. Sram e da poteknuvash od zemja kako ovaa, koja ne mu pruzhila nishto na svetot, nema nishto za gordeenje tuka. Patriotizam vo druga drzhava e vekje druga prikazna.
Не јa сaкaм држaвaвa и aвтoмaтски нa oвa не сум пaтриoт. Нaсекaде пoлитикa и сaмo пoлитикa - дoмa, нa рaбoтa, вo oбрaзoвaниетo. Тaa пoлитикa ги зaтру живoтите нa луѓетo и шири oмрaзa нaoкoлу. Зa нaсилствo дa не збoрувaм пoубaвo. Живoтoт вo држaвaвa е мизерен, зaтoa пoлa милиoн луѓе си зaминaa, a млaдите рaбoтaт нa брoд кaде штo се пoдoбрo плaтени и имaaт пoдoбри услoви.
Единствен проблем кај нас е систеот на извртените вредности и усерениот менталитет. Поради тоа се сите проблеми од финансиски до култоролошки и да кај нас нема никаков патритиотизам ниту национализам како што е потребен на една држава.
Држава која не ме сака, како можам да ја сакам? Го немам она патриотското во мене, и да мислам дека изумира патриотското чувство на просториве. И да, нормално е да се има една нормална доза на патриотизам во секоја држава, во секое општество, ама не некој болен фанатизам кон државата ама она основното, одиш некаде и ти недостига татковината, некој ти ја навредува државата и сакаш да кажиш реченица-две да одбраниш. Ама ако државата упорно те турка, почнуваш да имаш одбивност кон истата и буквално и го нема тоа патриотско чувство веќе во луѓето. И искрено да имам шанса да заминам од тука сигурна сум дека нема да имам некоја друга потреба сем поблиската фамилија и некои пријатели кои ќе оставам зад себе, се друго апсолутно не ме интересира. И кога го велам ова, сметам дека е грешно - да се нема патриотизам, ама неможам да сакам нешто вакво. Ама и онаа другата алтернативна е лоша, опседнатост со патриотизам и фанатизам кон својата држава и шо не. Крајности.
Да,изумира. Што се однесува до мене,да,патриот сум. Ја сакам Македонија.Прво,затоа што овде живеам и моето потекло е од овде.Второ,овде ги запознав најдобрите другари и другарки и сум поминала најмногу убави моменти. Трето,овде се образувам.Иако образовниот систем ни е мизерен,сепак останале добри професори што ќе ти го пренесат своето знаење.Четврто и НАЈВАЖНО,овде го јадам лебот. Вистина е дека немаме висок стандард.Исто така е вистина дека има многу сиромашни кај нас,ама има многу посиромашни земји од нашата и не сме до толку колку што се правиме дека сме. На пример:арапските земји порано биле со многу висок стандард и повеќето луѓе таму не знаеле колку пари имаат. А сега заради војните осиромашиле и многумина од луѓе што не знаат колку пари имаат дошле до питачки стап. Тоа е и причината заради која има премногу мигранти од таму,но ако ги прашате која земја е најубава,се знае која ќе речат дека е. Една моја професорка рече: „Лесно е да се каже „Ќе си одам од Македонија!“,а тешко е да работиш,да заработуваш и со работа да стигнеш до тоа што го сакаш.“ Си кажав,патриот сум и не живеам во нереален свет и не сум опседната и фанатик како што пиша некој погоре,само си го ценам она што го имам и ми се нуди. Политиката воопшто не ме интересира. Едно е држава,а друго е татковина. Не велам дека не би сакала да одам во странство,напротив сакам.Сакам да запознаам нови луѓе,што и тука е можно,ама од други националности и други култури,да се запознаам со начинот на живот во развиените земји и подобрите работи од таму да се практикуваат и овде,да се запознаам со поширокиот свет. Сакам еден ден да живеам во странство,а пишав погоре зашто. Но,нема да заборавам каде реално припаѓам.
Изумира од моментот кога го продадовте сопствениот идентитет за бугарски пасош , кога го продадовте името, кога почнавте да плукате по оние кои дале крв за ова парче земја. За протестиве боље да не зборам- одвратни се. И се додека "кукате" за тито не спомнувајте патриотизам и слично.
Знај дека квази патриотските влади и партии како ВМРО ДПМНЕ уништуваат подмолно и појако, додека за левичарските и комуњарските отворено се знае зошто и како се штетни и опасни, барем се очигледни.
А зошто упорно В.Д го поврзувате со патриотизам ? Некогашното и ова сега се сосема различни светови ,не мешајте баби и жаби . Остајте политика на страна збориме за патриотизам.
Врие од лажни патриоти, за жал. Се изгуби смислата за патриотизмот кај Македонецот... Набиени мислења и ставови...
Зависи кој како го сфаќа и доживува патриотизмот. Убаво е да се сака својата татковина, а друга работа е дали одговараат условите за живеење во неа. Има многу иселени граѓани, кои побарале подобар стандард и иднина во странство, но сепак си ја сакаат татковината. Не значи ако се исели некој, дека не е патриот, можеби бил принуден тоа да го направи заради егзистенција на своето семејство.