Патриотизмот е измама, една од многуте алатки за контрола. Малку го има изгубено приматот, не е во мода, ама се уште ефикасно се користи, така да, далеку од изумрен.
Ја сакам природата, руралниот живот, едноставноста во Македонија. Порано бев патриот и уште како дете се гордеев со својата земја и сите достигнувања во културата, науката, уметноста, историјата и нејзините природни богаства и потенцијал. Како созревав така сознав дека се што некат вредело или се приватизирало или изграбало и уништило. Таа трошка гордост која ка имав за тоа каде живеам згасна последниве години. Станавме хибриден народ изообличен и суров сами меѓу себе не се сакаме а камо ли државата да си ја сакаме. Порано бе ќе излезев од дома и со добарден секого и познат и непознат ќе сум поздравела имало добрина и човечност. Сега да се испречеш на пат ќе те плукне. Особено Скопје стана ладен и пресметлив град. Да не правам дигресија. Не за жал не остана патриотизам во мене. Им завидувам на другите земји кои се сплотени обединети и иновативни во добриот им живот. И се замислувам како ќе ми беше таму да се родев. Македонскиот патриотизам остана само една измислена именка.
jas samo edno ke kazam .. najmesni mi se onie "patrioti" so bugarki pasosi ..idntitet si prodadoa , predcite bugari si napravijano ama razveal zname makedonsko i ime ne menuvame ..dno tolku od mene
Патриот сум. Ја сакам земјава во која сум се родил, ја сакам и верувам во нејзината историја и покрај сите пропаганди. Сметам дека патриотизмот во никој случај не смее да се поистовети со власта или некоја партија од државата. Кај нас конкретно е лошо што патриотизмот одма се поврзува со ВМРО, ако кажеш дека си патриот одма ти си вмровец. Но, тоа произлезе од претходното владеење на таа партија и тоа што има корени во историјата, иако денешното ВМРО никако не би го поврзал со тогашното. А и поради сето тоа многу луѓе добија одбивност спрема патриотимот. Друга причина поради која луѓето не се патриоти е поврзувањето со власта и какви се условите во државта. Кога бев тинејџер кога ќе зборевме на оваа тема секогаш тоа се поврзуваше со власта, институциите или самите услови во државата. Како луѓево кога ќе кажат дека се патриоти очекуваат тие што се на власт да им остваруваат желби или непречено да им помагаат, па од тие очекувања следи разочарување. Иако така би требало да биде, секоја власт да се грижи за сопсвениот народ и држава, но политиката е многу комплицирана работа и условите во државата зависат од самиот менталитет на народот, надворешни фактори итн. Трето нешто кое ете го има во самото објаснување за патриотизам е да го дадеш животот за татковината, што во денешни услови не е многу паметно, бидејќи сега војните се многу често наместени, се под нечија контрола, затоа што и самите држави не се целосно независни, сите се под некаква контрола од некоја поголема држва. Можеби во минатото, во антика или среден век вредело да војуваш и да се бориш, но денес не е така. И конкретно ние во Македонија не сме многу способни за војна со оглед на тоа што нема задолжителен воен рок. И последно, развојот на глобализмот, мешањето на културите, народите, славењето заеднички празници, развојот на технологијата итн. се повеќе се губи љубовта спрема сопсвената земја. Потоа со самото пропагирање граѓани на светот, сите сме исти и сл., се повеќе се одалечуваме од нашата култура и традиција и ги прифаќаме туѓите, свесно или несвесно, па на тој начин се губи врската со минатото, тоа што би не направиоло патриоти.
Браво се што кажа се ти беше на место. Камо да имаше повеќе луѓе како тебе. Со такво размислување, но сега на сите им се испрани мозоците од пропагандите во светот. "Треба сите да ги сакаме и да ги прифатиме,, така накрај сите и ги сакаме освен самите себе.
За жал не познавам луѓе кои не се декларативно патриоти. И то во ваква дупка. Штета. Не можам да го сфатам патриотизмот и мн глупо ми е кога како изговор за љубоФ кон Македонија ја користат природата (како во другите земји природа да нема), а најглупо ми е ко ќе речат на некој "државата ти дала леб и кров над главата, треба да и благодариш" хаха wtf демек човечки не ми следува, и фала и на државата што "ми дала"? Сакајте си го семејството доколку е добро со вас, ценете ги луѓето кои се добри спрема вас и спрема другите. "Татковина" е нешто преапстрактно за да се сака, а патриотизмот многу често низ историјата знаел да биде опасен.
Точно, патриотизмот е тотална глупост и алатка за манипулација. Сите сме луѓе, со исти потреби и исти маки, тоа што светот е поделен на држави и националности е само и само за некој да се богати. Тој што е човечен, ќе биде ист и во својата и во која и да е земја, ќе почитува, ќе шири вистински вредности без оглед на локацијата.
Патриотизмот е доблесно чувство. Патриотизам е да си го сакаш и почитуваш потеклото, традицијата, фолклорот, обичаите... Национализмот е проблем.
Убаво кажано. И не само тоа туку патриотизмот ги има сите елементи за да биде прогласен за ментално пореметување, се работи за сосема ирационална ситуација каде имаме вложување на емоции кон замислен ентитет. Нешто како секуларен одговор на религиската прича за љубов кон замислен ентитет. Не сфаќам како и двете ситуации се сметаат за сосема прифатливи во денешно време. Сеуште е крајно опасен патриотизмот, 90-те беа историски такаречи завчера, знаеме што се случуваше на територијата на екс-државата 1991-2001 цела деценија војни и невидени страдања, економско назадување и општа пљачка. На браникот на татковината секакви психопати се нафатираа дебело.
Со последните "силувања" на нашата држава, гледам се' повеќе луѓе стануваат патриоти, ама во вистинска смисла на зборот. Повеќе би рекла тоа чувство им било заборавено, но многу станаа свесни дека постои во нив. Тоа ме радува.
За жал, премалку се луѓето кои вака размислуваат, пак (ќе) има војни и повторно ќе страдаат нормалните недолжни покрај и поради ненормалните и изманипулираните личности, реалноста е таква што не гори само сувото, туку и суровото И тогаш некои додатно ќе се трујат со омраза, а други уште и ќе бараат изговори во Бог и ќе се помируваат дека така треба. Сум заборавила да спомнам дека ме иритира она говорење во прво лице множина, користење на такви заменки и придавки.... како си земаат за право да зборуваат во мое име, не разбирам? Јас мислам дека сум најголем антипатриот во земјата, воопшто не чувствувам ништо позитивно кон неа и едвај чекам да заминам во странство, овде менталитетот и се што тој причинува се неиздржливи, од ужасно поужасно. Во Мк не ми се допаѓа ни природата бидејќи преферирам море. Најмногу би сакала често да менувам живеалишта низ светот, ако не барам премногу.
Е па,нема патриотизам ,нема да има ни држава наскоро. Големо чудо,нели. По желба секој ќе си бира сакал германец или англичанец или марсовец да биде. Па таму ќе се утепа од докажување на своите патриотски чувства , бидејќи се нема веќе резервна опција.
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Piss_(Černý) The fountain's basin is made of bronze and shaped like the Czech Republic. Standing in the fountain, opposite one another, are mechanical statues of men, standing 210 centimetres (6 ft 11 in) tall with bronze penises, urinating.
Патриотизмот изумира во оној момент кога луѓето остануваат гладни,кога гледаат некако да си ги платат сметките,а ради тоа трпи фрижидерот.Нема патриотизам кога секој ден ти е борба за преживување и подобро утре.Затоа и иселениците највеќе си ја сакаат Македонија.