Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патриотизам - Дали полека изумира?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 30 јануари 2014.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Македонската традиција е мизогина во суштина. Појди од приказните кои ги собирал Цепенков :worried: каде стандардно жената има некоја мана во однос на мажот (освен ако не е мирна и послушна, а и тогаш не чини), па треба да биде превоспитана од него за "да си го научи местото". Тоа биле црни времиња кога се создавала македонската традиција, подобро би било таа да премине во заборав.
     
    На FriendOfDorothy и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ората, музиката, ракотворбите, кујната...
    Имаме и убави работи.
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
  4. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум си била патриот и одсекогаш ќе бидам. Едноставно си ја сакам татковината,а би требало и сите :)
     
    На Badii и JoMama им се допаѓа ова.
  5. Еlinas23

    Еlinas23 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2023
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Така е, дупка за глувци да е твоja си е, и мора да се сака, иначе....
     
  6. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Машки
    Mora, samo shto ni ja odmilija tie sho treba da napravat da ja sakame povekje.
     
  7. Еlinas23

    Еlinas23 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2023
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Народот е со менталитет како од Авганистан.. примитивен
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Машки
    Generalno da ali mentalitetot ne e kluchen tuka, preku glava mu e na narodot. Vo sekoja razviena drzhava ako ne e zadovolen narodot si idat politicharite, kaj nas e obratno.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.804
    Имам променето мислење на темава, иако претходно се изјаснував како патриот. Смачено ми е да читам секој ден кој Македонец си ја истепал мајката, бабата, ќерката, сестрата. Некултурни луѓе без осет колку сакаш. Инкасаторот за струја кога ќе дојде ќе ми постави 10 лични прашања, и кога веќе дискретно и кратко одговарам и покажувам незаинтересираност, магарето продолжува со глупави прашања. Како турист ќе отидеш тука, исто, сите податоци мора да ти ги приберат. Дружењето е најчесто од интерес, бракови, роднински врски исто. Има и други мали нации, ама дале многу повеќе на светот од нас. Не сме способни еден тревник во градовите да одржуваме. Фонтани имаме, вода низ нив не тече, стојат така. Колку и да си профи, и да имаш талент за нешто, дел ќе го вреднуваат тоа и толку. Странци ми помогнале иако не морале, на наши сум помагала, ми се вратило со лошо. Завчера бев во МВР, ај што за еден месец пасошот го нема, магарињата на шалтер едвај име и презиме ми прочитаа.
     
    На Broken heart и Badii им се допаѓа ова.
  10. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Ајде да не пишувам во темата за претседателски избори за да не одеме офф топик, па тука ќе си кажам оти оваа е темата за сдк.

    Значи , вчера на форумот коментирав дека кој и да ме праша од кај сум , велам од МАКЕДОНИЈА.

    И нормално на тоа коментира Косми која за жал ги мрази сите форумџики кои сме иселени во дијаспората.

    Па денес да научиме што значи зборот ПАТРИОТ.

    [​IMG]

    Значи @Cosmi , твојата злоба и фрустрации истурај ги кај тие што се патриоти.

    Оти Херера не спаѓа во патриоти, иселена уште од 2007 ма, не ни идам често у Мк, нит гласам, нит знамиња веам , нит покажувам љубов кон татковината.

    Херера само вели, од МАКЕДОНИЈА сум и толку.

    Исто ко ќе рече некој : јас сум педер. и нема ништо лошо у тоа.

    Ви иднина јавно ја замолувам @Cosmi да не ме декларира ко патриот оти не сум патриот. Тој збор има далеку поголемо значење отколку тоа кој како го кажал името на МАКЕДОНИЈА.


    Е така, денот го почнуваме со учење на зборот што значи да си патриот за да не се даваат ептитети на погрешни особи кои немаат врска со тоа.
     
    На Gosh, Anyshka, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Херера, патриот е оној кој остана во државава.
    А ти се откажа од мк пасошот така, германски си избра .
    Така да не мудрувај како си ја викала државата.
    За тебе е безначајно дали се вика Северна или не.

    Ад хоминем анализата ќе ти ја скокнам, небитна е, бидејки немам потреба да ве мразам само иритира кога се правите поголеми патриоти пд тие што останаа, па ќе мудрувате одалеку што и требало да се прави вклучувајки и како се викаме.
    Дали ни постоела или не државата не е твое да кажуваш.
     
    Последна измена: 14 мај 2024
    На christinnn, sleepingbeauty и Stark им се допаѓа ова.
  12. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Јас секогаш на странци им кажувам Северна Македонија. Дури и размислував мислам дека националности се глупост и измислени. Реално се чуствувам повеќе со други идентитети од национален. Иако најчесто одговорам Македонец ако ме прашаат но искрено се чуствувам како без народност. Одговарам Македонец поради тупење и притисок иако не се идентификувам баш така. Државата ја гледам како река и гледам да пловам низ неа. Не се занимавам со политика ни ме интересира. Религија се идентификувам како атеист иако има доста елементи и верувања и практики од будизмот кои ги користам. Моите се Македонци атеисти дедо ми се откажал од православието пред 100 години. Политички сум неолиберал и мислам дека тоа е најдобро за сите. Но официјално нема таква партија во Македонија иако многу имаат некои елементи но не се замарам со политика. Најчесто не гласам бидејќи имам еден глас и да си бидам реален не одлучувам јас кој ќе биде на власт. Повеќе можам да си направам со малку труд сам од да чекам од расипани политичари. Инаку сум член на партии повеќе но не ги подржувам искрено дури и не гласам за нив ако и гласам само поради личен интерес и да се изгребам нешто ако ми треба.
     
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.498
    Јас кажувам Македонија. Илити англиска или дач верзија на истото.
    Нит сум патриот, нит имам бг пасош.
    :toivo:
     
    На Herrera и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Све су нације халуцинације. :D
    Не сум ни патриот ни националист али викам Македонија пошто се разбира, нема потреба од Северна освен у институција ако се бара точно име да се каже.
     
    На Petar Pan 085 и Dentina им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Зарем стигнавме до дереџе сеа да полемизираме државава дали е правилно да ја викаме како што треба и како што се викала од секогаш или по наметнато измислено уставно име? (facepalm)
    Аман бре, тачни ли сте?

    @Cycloastra ти па ако знаеш што збориш ја глава сечам. Ни самиот не се читаш. А вистинско олицетворение си на типичното користољубиво македонче.

    @Anyshka тука не останаа више патриоти. Не познавам такви. Ако врв на патриотизмот е преку веење на знамиња и постирање патриотски песни само да се докажува македонштината на фб, тури им курот на таквите патриоти. Ни национализам ни патриотизам има.

    Идењето у Грчка ко што викаш секој викенд, и имањето бугарски пасош, да не зборам. Ама не, да не мешаме, тоа друго било, не значело ништо. Ахам, важи. Ете го пак личниот интерес наспроти националниот кој не постои. Така што стварно нема потреба да се брукаат докажувајќи некоја поента, пресмешно е.

    Иначе да, ја кажуваат така некои, Севернава, Северџанистан, Северџанија и сл. :|
    Самите со себе мајтап си тераме, одлично..
     
    На Gosh, Anyshka и Petar Pan 085 им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.970
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Епа тие со Бугарски и што се иселени најгласни се и најмногу се удираат во гради како ја сакаат Македонија, јас си признавам, да можам да извадам Бугарски би извадила, ама не се удирам во гради, и да, одам во Грција, блиску ми е, ако е за така значи треба само во Македонија да одиме на одмор, ни Турција, ни Албанија, ни Бугарија, а истите тие "патриоти" одат таму.
    Нека не мудруваат многу, нека дојдат да живеат тука па да мудруваат како треба да се сака Македонија.
     
  17. Petar Pan 085

    Petar Pan 085 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Машки
    А дедо ти кога се откажа од православието пред 100 год,се откажа и од Македонија?
    Ти остави аманет кога ќе биде Северна Македонија да ја прифатиш
     
  18. Petar Pan 085

    Petar Pan 085 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Машки
    Тоа е се ок сите го знаеме
    Суштината ми беше друго се преставува не определен партиски а пред странците Северна Македонија
    Самото тоа доволно кажува
     
    На Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека мораме така да ја викаме. Утре ако ти дојде некој и ти каже од денес ќе се викаш Петко, Петко ли ќе бидеш или? И јас сум иселена и секаде каде што одам ако треба коа не знаат кај е, 100пати ќе им речам Македонија, ем горда сум ем за инат очи ќе им бодам. Некои поникакви држави имаат па се ќе направат за нив, тешко ви било да гласате… не можам да сфатам. Немам ништо против Грција ама не одам. Зашто да одам некаде каде што ме мразат и што убиле толку наши? Ете не морам ама не судам ако луѓево блиску им е море е, нека одат. Ама не би стапнала јас. Им се восхитувам на Палестинците и сите муслимани како бојкотираат брендови и све живо за против геноцидот, ние се тепаме кој прв да помине граница со Грција и да им пуниме џеб. Садомадохизам до коска. И само продужете така и онака кутрата државичка ја немаме веќе. Ама битно одиме на одмор во Грчка јадеме гиро и од своите бегаме како од шугави надвор. Малку ни е.
     
    На Трагедијаупмм и Petar Pan 085 им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.970
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Не кажав дека мора така да ја викаме, јас кажувам дека сум од Македонија, ама мора документите да ги смениме, не знам што не е јасно.
    Еве јас уште немам ништо сменето, ама ќе морам сакала или не сакала.
    Не читате како што треба, каде пишав дека мора така?
    Пишав мора документи со Северна.
    Епа "патриотите" одат во Грција, Бугарија, јас не сум патриот.
    И Охриѓани не не сакаат па одат.
    Тоа кажи им го на "патриотите" што секој продолжен викенд одат во Грција, зимовање во Боровец, Банско, имаат Бугарски пасош, ама од далеку мудруваат.
    Јас си признавам дека би извадила Бугарски.
     
    На SummerGirl и Petar Pan 085 им се допаѓа ова.