То не е за осуда, ама да речиш Македонија е најголем грев. И не знам од кога да си патриот е срамота и навредливо.
Патриотите не вадат Бугарски и не одат во Грција, не дека е срамота да си патриот. Лесно е да се паметува од друга држава.
Замисли истите ги гласаш, а рака клавам на трупче дека повеќе од пола од пратениците имаат веќе бг пасош. Едноставно прифатете ја реалноста дека повеќе би успеал во живото со европски пасош.
Патриот не си ако си отишол или си останал. Патриотиве што за раб место и власт сеа ќе прават влада со шиптариве и ќе им дозволат да сменат од учебници до се, се поголеми патриоти само зашо останале во Мк? Патриот е тој што се грижи да не ја трупа со ѓубре итн итн и притоа што не се срами да каже дека е Македонец. Секоја недела пеење во кафана Бисер Балкански а ваму му лиже гз на шиптарот/ бугарот/гркот не е патриотизам
Секој си бара чарето за подобар и поудобен живот. Си ја сакам Македонија и се ама искрено за повеќето нас што сме (по)Македонци од некои е маќеа, а тоа сум го осетил на повеќе начини.
Не знам ни ја од коа е навредливо, стварно не знам. Ова само кај нас е можно дефинитивно. Сами да се негираме ко нација, само ние го можеме тоа.
Патриот= вмровец=никогашСеверна=националист=небањат= .... Од старо турско е така чедо, од кои ги измислија јаничарите. Прајте си муабет, јас само разгледувам
Исто и јас. Само никако да сфатам зошто тоа што јас и ти кажуваме дека сме од Македонија и смета на Косми. Овие срања и лаги што ги изнапиша нека ти се на чест која ја немаш. Срам да ти е што лажеш и измислуваш. Одма да ми посочиш каде сум јас тоа мудрувала како да се вика државата и дали постоела или не. Срам да ти е, се нафрлаш на скроз погрешна личност. Мојот коментар за во век и вечни векови е Рандом личност прашува : Од кај си ? Херера : Од Македонија Тоа е целиот муабет дека јас никогаш не кажувам Северна. И тоа не спаѓа у никакво мудрување. Тоа си е лично мој одговор на тоа прашање од кај сум. Оди расправај се со оние кои ти мудруваат, ама не, ти реши да и се нафрлиш на Херера која нема никаква допирна точка со темата. Битно некаде да се истури бесот, па макар и на погрешна личност да ја брукаме на форум.
Дедо ми бил по затвори поради политика. Наравноучение ми е да не зборувам за политика. Јас лично никогаш јавно не ги кажувам ставовите само потврдувам што зборува другиот и си го гледам својот интерес. Јас сум човек партија и фирма. Официјално не сум регистриран ама така се однесувам и размислувам.
Ни имал фирма ни имал партија ни фајде од тоа што го правел. Ако не учиме од историјата ќе ги повторуваме грешките. Барем за тоа служи историјата и минатото, да научиме нешто.
Прашуваат луѓе каква е постапката за да заминат за Германија со Мк пасош. Одма добиваат безобразни коментари. Поарно да не пишувам какви коментари добиваат оние кои се иселени во странство. Без разлика дали се со Бг пасош или не. Или не можат да успеат или од инает нема да заминат. Дека патриоти се.
И јас сум иселена и не се сметам за патриот. Заминав затоа што не ми се допаѓа ситуацијата во Мк. И не планирам да се враќам. Не кажувам дека ја сакам Мк и не веам знамиња. Да ми беше убаво немаше да заминам. Лошата политика си го направи своето.
Од тоа до ова време ехее.Можеш да станеш политичар, директор и да крадеш хахаха. Сега дедо ти да бил, немале да го затворат.