Што било било...ако се е исто како порано нема да има прогрес. Луѓето не се исти како пред 10 години а не во многу одамна. Се тече се се менува...
Тие што се бореле, револуционерите се превртуваат у гроб и си викаат за кого ли се бореле. Да знаеле само дали би вредело, можеби и би размислиле дали требало животот да си го дадат. Но, што знаеме ние за патриотизмот, појма немаме, така да, невозможно е да се очекува да ги сфатиме нивните идеологии. @Cycloastra сеа у новово модерно време, само грабај, кради, лажи, тоа се бара, у право си. Снаодливи луѓе, им се може. Новите херои се ова денес.
Епа ова, и јас сакам да се иселам. Сега ќе ти мудруваат зошто не ја сакаш Македонија. А бе секој си заминува за подобра иднина, никој што заминале не се вратиле. Имаат Бугарски пасоши, ама важно "патриоти" биле. Јас би извадила за да се иселам. И ако отидам во Грција, ми мудруваат како тоа сум одела кога не не сакале, а тие Бугари се пишале, ама мудруваат, гајле ми е мене за политика, одам во Грција дека ми е најблиску и морето ми е убаво. А тие одат во Бугарија, Албанија, ама ете проблемот бил што јас или друг одиме во Грција, затоа секој продолжен викенд на Грчка граница има колони од "патриотите", секој викенд на шопинг во Солун, а зборат за другите зошто оделе.
Не сфаќам зошто да не можи иселеници да се патриоти? Особено тие родени и растени тука, не тие кои не ни стапнале и ко резултат не можат да имаат некое подлабоко чувство. И во далечна 2016 сум пишала: "како можам да сакам нешто кое мене не ме сака?" Во смисла, не можам да седам на место кое упорно ме турка. Преселба за некои луѓе е основна егзистенција. И не треба да се стават скалило подолу од тие кои останале само зошто гледаат да преживеат негде подалеку пошто "се видело" тука. Иако, разбирам кога супер се ситуираат и тажат од плажа за прашање кое за нас е од егзистенцијален карактер дека е чувство кое остава грутка в грло. Ама јбг. Никогаш не сум се сметала за голем патриот ама "се фаќам" како дефинитивно прам работи само ради "гордост" на државата така да ... Е сега за ова со Северна. Лично, не ми иди природно да речам Северна? Ко шо к*р? Кажвам онака како шо кажвам цел живот. Во документи допишвам "С." Кирилично и "N." За латинично поќе зошто сакам документот да е валиден. На крај на ден, мора сите да преживејме и тука и тие кои решиле дека тука не можат. Мислам дека "Северна" како збор го користам ко ќе плукам локал патриотизам.
Јас лично не сум. За жал, никој не пополнува апликација пред да се роди. Ако постоеше такво нешто, сигурно немаше да ја заокружам СРМ. Патриотизмот се заслужува, не се создава со сила, со химни у школи, вергини, ,,заветни" и патетични говори/статуси. Најгласните ,,патриоти" обично најмалку ѝ служат на државата и најмалку придонесуваат за истата. Мислам дека терминот ,,патриот" е извалкан од луѓе кои се најмалку патриоти, јас дури го доживувам како навреда. Тужба за тој што ќе ме нарече патриот. Ќе бев патриот ако живеев у држава што заслужува патриотизам. Држава со функицонални институции и поинаков народ, без непотизам и корупција у гени. Али сакам да го доживеам тоа чувство, да знам дека некаде припаѓам и се стремам кон остварување на истото.
Не сум патриот. Имаше период каде што пробав да бидам но секојдневно системот ме убедуваше а и се уште ме убедува у спротивното.
IMAO, држави кои служат за заштита на интереси на елити (или на "елити", како во случајот со Македонија), не треба воопшто да постојат. Тоа би биле веројатно... сите? Не знам. Знам само дека народот е крив што е согласен да измеќари и да робува.
Вистински патриотизам спрема мене е да си ја сакаш државата и да покажуваш со дела. Само што тепање у гради ја патриот и името не го давам, а притоа фрлам ѓубре кај ќе стигнам подмитувам и потплаќам кај ќе стигнам не ми е патриотизам туку простачки национализам. Патриотизам е да се грижам држвава да стане подобро место за живеење. Е таквиот патриотизам изумира. Расте она простачкото. Е државата е таква какво што е мнозинството. Кај нас очигледно мнозинството се простачки корумпирани националисти. Затоа дојдовме до тука. Патриотизам е и да видам како јас можам да помогнам не само да очекувам некој друг од небо да ми даде нешто. И пак затоа сме до тука. Сите очекуваме некој магично да ни даде (државата, системот и слично) а забораваме дека државата и системот го правиме сите ние.
Патриот сум. Си ја сакам државата во секоја форма. Таа ни е мајка, не може да не ја сакаме и да ја плукаме ко што прават 90% од нашите дијаспорци. Согласно тоа живеам и правам се што можам да ни биде добра за живот, на нас и на идните поколенија. Систем и партии не се државата.
Дефиницијата за патриот тука е сменета и извалкана. И јас не сакам да се наречам патриот во денешно време. Земјата си ја сакам, со сите нејзини природни убавини, јазикот, културата, и ги ценам и сите жртви кои се дале во минатото за ова мало парче земја. Но не сакам да бидам асоцирана со политичарите и менталитетот тука. Bare minimum-от го правам, работам чесно и плаќам придонеси, нема потреба да се чукам во гради и да пеам заветни. Немам планови во блиска иднина да се селам, освен ако не ми се смени нешто во животот.
Мислев дека изумира додека не ги гледав матуранти на видео како пеат патриотски песни на матурска вечер и веат македонско знаме.
Измислено чувство ми е ова. Не мислам дека само придонесување кон државата е патриотизам, некој тука се родил и граѓанска одговорност е да придонесува пошто живее тука но друга ствар е дали има силно чувство на припадност. Такви измислени чувства немам. И од друга страна ми нема логика со туѓи перја да се китам ако Александар Велики бил Македонец каква врска имаат неговите достигнувања со мене? Личниот идентитет ми се базира врз други принципи.