Подготвувањето за принова во семејството е многу битен и возбудлив период во животот на родителите. Тие сакаат да бидат сигурни дека прават се што е потребно и најдобро за своето дете. Голем број родители, посебно ако им е прво дете имаат безброј прашања. Токму од таа причина се важни домашните посети на патронажните сестри. Тие им помагаат на родителите во врска со совети за исхрана, подојување, имунизации, раст и развој, орална хигиена... Дали кај вас доаѓаа патронажни сестри? Дали сметате дека е исклучително битно за посета на патронажни сестри?
Веројатно не мораш, ќе најдеш изговор и ќе ја откачиш. А зошто не сакаш да ја примиш?? Ок беше мојата и книгичка ми даде, се на се 5-10мин се задржа, само совети даваше
Па искрено не ми треба, поготово не после 3 недели. Да се јавеа на почеток кога имаше жолтица радо ќе ја примев. А сега ми е само малтретирање, замарање искрено. Вртат кај мм му реков да не крева, и вчера на врата ми оставиле ливче дека сум посетена од патронажна служба да вртам на бројот.
Не мораш да ја примиш. Мојата каква беше никаква, никаква корист од неа немаше. Секако ти дошла од Систина патронажна.
Имам пишано и во друга тема ама да не беше патронажната сестра од систина да ме опраи малку јас стварно бев изгубена со оглед на тоа дека ми е прво дете. Сестрата се убаво ми покажа и ми објасни алал да и е секоја чест. За разлика патронажната од државна која се појави после две недели мислам беше што не сакаше ни да се соблече за да влезе кај бебето, нејзе не ја интересираше да ми покаже нешто и да ми објасни си седна жената фино лепо ми раскажа на одмор како си поминала, ме испраша кај работиме со маж ми си запиша во едно тефтерче кај работиме дури и телефонски броеви ни запиша и за крај се дрзна да ме испраша и колку плата земаме
Кај мене не дојде. Искрено мислсм немав ни потреба. Во ремедика ми кажаа се што треба, се убаво објаснето, првата недела на 2 дена го носевме на мерење, а за секоја ситница им се јавував . Кога првпат се избљуцка звонев иначе што да правам Секогаш достапни и ми даваа совети. Комшивка прва ми е патронажна. Знаеше дека сум трудна, после кога родив абе ниеднаш да не каже јас сум патронажна , кажете ако нешто треба. Од другарка дознав дека иначе била тоа и тоа баш на нашата улица одела она. Сега се породи другарка ми. Проба да дои. Ама нели со царски, ја пуштиле 3 ден од Гак и немала баш млеко. За 4 часа измолзила некои 30 мл и патронажната-дотичната и рекла да не се мачи дека 30 мл за4 часа значи дека нема млеко да си дава ад, а и бебе плачело многу. И оваа се откажала. Малце ми е чудно патронажна така да советува, може некои изговори ми лупа другаркава Јас не видов некоја мака што не ми дошла патронажна. А и што ве читам поарно што не била.
Ние иста патронажна имавме. Кога се запна што работи мм да и кажам. И за чевлите, не се соблекувала она, ама ај ќе соблечела сега дека такво било времето. Уште па вика тие од Систина не биле патронажни. Е не, она е!
Кај мене минатата недела пак доаѓаа. Три пати до сега, по 2 доаѓаат. Првиот пат дојдеа 1 недела од пораѓајот и многу ми помогна таа постарата, ми кажа како да ја наместам малата да цица и други совети ми даде. А другите 2 пати да видат како напредува бебето и совет за исхрана последниот пат добив.
Кај мене еднаш дојде и ми рече нема потреба да идам пак со свекрва си.И не дојде за цабе плата земаат.
Мојата 2 пати дојде, ок беше жената, културна, зборлеста, ми даде некои совети ама ништо од то не памтам ми вика гледам дека имаш помош, ќе дојдам уште еднаш за некоја недела. Вториот пат само го виде бебето, аха супер си е напредно и си врза друг муабет со свекрва ми за кучето нејзино Изгледа сите се такви колку да поминат
Пред да останам бремена идеше 2пати месечно и ми се јавуваше нонстоп ,од ко и кажав дека останав бремена ни дојде ни ми крева на телефон и ко ке се породам ко ке дојди ке и ја затворам вратата
Од Систина ми дојде вториот ден кога не испуштија, првин се јави да се договориме кога да дојде, ептен фино женче, прашуваше, разгледуваше како сме наредиле, ќе го чуваме, даваше куп совети, бањаше бебе, го облече, дури го доев ми даваше совети за доење и откако бебе заспа си замина (го стави во креветче и мислам само тогаш во него преспа 2часа ). И на на крај дојде до заклучок дека сме купиле и тоа што треба и не треба за бебе И да кажам дека од Систина до седмиот ден откако бев дома ми се јавуваше сестра од педијатрија и прашуваше што како правиме, колку се доиме, колку спие, полни ли пелени.. и беа достапни 24/7 Државната ми дојде по 5дена од оваа, само се јави и рече тука сум, па да и кажам точно во која куќа живеам, културна и таа, бебе спиеше, го виде дека е жолто па гледаше за жолтицата, го расоблече и папоче виде, даваше некои совети, праша по нешто и си кажуваше за доење. На оваа крајниот заклучок и беше дека многу убаво сум се грижела за бебето Мене двете ми се погодија фини, со тоа што првата повеќе ми се најде, вторава само ми потврди дека добро сум ги применила советите, ама па и тоа е нешто. И двете заминаа со абер ако нешто треба да ги барам и пак ќе дојдат. Двете не сакаа ни вода да се напијат, прашања кој што работи и колку плата зима немаше, ги соблекоа чевлите и измија раце пред да фатат бебе