Нивните совети не ми помогнаа. Знаеш што ми рекоа кога кажав дека малата по цели саати дреме на града? Можеби ти е слабо млекото, ќе треба вештачко да даваш. Каков совет да барам понатаму?
По логика може е прејадена па сака само да спие на града ама добро има такви родители што не мислат опширно
Мислам дека е малце глупаво патронажна сестра да дојди две недели после излегување од болница. Според мене, треба од болница да излезиш со патронажна сестра и дома се да ти покажи, доење, капење, преслекување, нега и сл. А вака после две недели... мене покорисна ми беше мајчината школа отколку патронажната сестра. Јас се породив во Плодност, оттаму немаат патронажна служба, па ме посети од здравствениот дом. А кога повторно ми требаше во врска со доењето ми рече да се обратам во Плодност - во превод - фак ју ко не се породи во државно.
Јас еве не сум родила во МК и кога ми кажуваат дека во болница ништо не ве учат се чудам најискрено. Мајка што е породена природно после 5 саат може да стане и да се грижи за своето дете. И тие 3 дена во болница се драгоцени, се да си видиш, да си пробаш, да си прашаш. Дома кога ќе дојдеш никој не ти треба. Патронажната доаѓа за раната да ја провери, доколку ја има, папочето на бебуш да го провери итн. A што правите во болница 3 дена? А муабетот дека ќе ме учат баби и тетки ми е смешен, тие 30 години бебе не фатиле
Нема кој, затоа е така. Додуша не сите што треба тоа да го прават се замараат. Реалноста во нашава земја...
Се породив во Ремедика, а сум од КумаовоК, патронажна сестра воопшто не дојде.Дали ако си породен во приватна болница не те посетува патронажна сестра?
Ремедика немаат патронажна сестра, ама треба да имаат пратено податоци дека си породена до државните за да дојдат. Ако не можеш и сама да се јавиш во локалната поликлиника за да дојде. Кај мене дојдо утредента откако добиле информација од таму.
Патронажната сестра што дојде кај мене подобро ич да не доаѓаше. Си влезе на кафе муабет, ниту се најави, ниту изми раце, ниту планираше да соблече кондури, ниту кажа нешто корисно - се на се очај. Среќа моја што бев кај сестра ми на гости во Белград, осум месеци пред да се породам. Патронажната сестра прво ти се јавува телефонски за да се најави, кога ви одговара да дојде. Потоа кога ќе дојде прво ги соблече кондурите, изми раце, го бањаше бебето и покажа се од А до Ш како треба да се грижиш за бебуш.