Еве јас да пофалам патронажна сестра, иако не сум сега породена. Жената дојде утредента по испуштање од болница. Се соблече, изми раце убаво го изгледа бебе, ми покажа како да исчистам папоче, ме гледаше како дојам, ми даде многу совети и одговори на исто толку прашања, само не ми покажа бањање. Единствена замерка тогаш ми беше што ептен се брзаше зошто имала иште 10 мајки за посета а била сама па малце ко на трчање беше ама со оглед на тоа какви се другите оваа и супер излезе.
Задоволна сум и јас од патронажната. Дојде два пати. Првиот пат ден откако не пуштија од болница, претходно најавена. Да ја очекувам околу 12 часот. Така и беше. Се собу, изми раце. Не сакаше ништо, ама мајка инсистираше за кафе. Прво го виде бебето. Го соблече целото, да види папче , а беше и малку жолто. Ме праша дали сакам да ми покаже како да бањам, ама немаше потреба. После ме гледаше мене , градите , инсистираше да дојам. Ми покажа и како. Ми го местеше бебето неколку пати , во различни позиции. После дојде и втор пат откако падна папчето. Јас и се јавив да дојде да го види оти така се договоривме. Кратко, ама ми објасни како да го негувам. Оти малку имаше раскрварување. Се на се убаво искуство имам со патронажната. Се што ми беше нејасно прашав. Она се што сметаше дека е потребно ми кажа.
Ааа штом во болница ти покажале ти на ГАК сигурно не си се пораѓала Добро и што вакава патронажна ми се погоди. Како едвај чекаа да им го ослободам креветот во болница ништо не ми покажаа, освен вратата.
Da da imas srekja. Vo sistina se poragjav, i od tamu dobov patronazna ama nemase potreba da me uci sem za zolticata da gi dzirne
Кај нас патронажната сестра дојде две недели откога се породив. Среќа што сѐ ме научија во болница, а и секој втор ден ја носевме малата на мерење, па ме контролираа и за доењето. Во врска со патронажната сестра, беше фина и во главно истото ми го кажа што веќе го научив, единствено ми засмета што не си ги собу чизмите, а беше каллива зима Ама барем рацете ги помина со антибакетриски гел што ми седеше на маса
Мислам дека не се поврзани со болницата каде си породена, туку на кој реон живееш ти праќаат. Една патронажна поминува да речеме цела населба. И јас би ја пофалила мојата, пред 4 години што беше на реон Гази Баба. Дојде после 4 дена откако дојдовме дома, се соблече и изми, погледна каква позиција имаме кога се доиме, добив и совети околу фаќањето на градата. Почека да се надоиме па го расоблече бебето да го прегледа пупачето, и за тоа добивме совети, и виде дека широкиот повој беше многу смешно наместен (и покрај тоа што мајка ми доаѓаше, и демек "знае" женава, а она уствари колку може да се сеќава од пред 30 години ), па ни објасни убаво како се става. Ни рече да ѝ се јавиме откако ќе падне пупачето да дојде на контрола, така и беше, дојде, исконтролира и виде дека све си тераме супер па не остана долго. И обавезно се најавуваше пред да дојде.
Да, да патронажната си е по реон и нема врска со болницата. Коментарот беше зошто ништо не ми покажаа во болница, добро што барем саглам патронажна имав. Иако премалку ги има и не можат да постигнат, а по коментариве овде па не се ни сите патронажни сестри во правата смисла на зборот. Тебе сега не ти треба ни да ти дојде, ама нели за прво многу значи
Ејјј да те насмеам. Ќе си ја пееш: It's all coming back to me now... Како точак да возиш, исто било. Јас не знам ама така викаат. Ако треба не е проблем, тука сме, ќе ти ги дадеме истите совети што ти ги даваше на другите прворотки, пошто тоа е тоа Малку да се нашалиме, да тргне денов.
Така е Интересна работа ко непишано правило е, на сите знаеш совет да дадеш у право време, а ти кога ќе се најдеш во иста ситуација паничиш и незнаеш што да правиш
Мене сестрата ме посети една недела од кога дојдовме од болница. Па и да имав мака некоја, после 7 дена ќе си ја решев сама, таман работа нејзе да ја чекав. Дури по телефон ме праша дали сеуште сакам да дојде, изгледа се надеваше дека ќе и речам не. Не изми раце, не соблече кондури, се што кажа беше како изрецитирано, да си каже што има да си каже и да си оди. Мене ми беше да го види бебето дека приметив дека има жолтица, а кога излеговме од болница ништо не ми рекоа. Она само ми потврди. И ја прашав дали смеам раната да си ја мачкам со нешто, да не се јавувам кај гинекологот, тоа беше единствената информација која ми беше корисна. Се друго што си изрецитира, веќе си знаев зошто ми кажаа во болница, или сум си се информирала сама во мегувреме. Воопшто не ја доживеав како корисна работа нејзината посета. Дури и за доењето се изнагледав видеа додека бев трудна, па бајаги бев спремна, уште во болница супер и идеше цицањето на малата. Се прашувам ако тоа не беше така, дали ќе знаеше да ми покаже како треба, тоа сметам дека е една од најклучните работи што и се потребни на новата мајка. Ама пак после 7 дена ако не се снајдеш да почнеш да доиш, не знам што корист тогаш да ти покаже како, ако воопшто знае да покаже.
Од Јане Сандански? И кај мене таа што дојде не се соблече ни јакна ни чизми. Па кога со мм ја замоливме да се соблече ни кажа да не сме го чувале бебето во стаклено ѕвоно. Скоро ништо не кажа само запиша податоци во тетратка. А патронажната што ми дојде од Систина беше супер, темелна и многу ме утеши пошо тогаш бебе не цицаше и бев многу загрижена иако и давав измолзено. И не пофали со мм дека се ни било супер околу бебе, и температура дома и како ја облакаме особено за гнездото во кое спиеше.
Мора да е истата. Не верувам да сите се без осет за основна хигиена! Лина е оваа кај мене што дојде. Исто со тефтерот, запиша телефони, кој што работи. За тоа што требаше да дојде, ништо работа не заврши.
Не и го знам името, ама ќе да е таа. Тефтер, кој што работи... греотка за новите мајки на кои стварно им треба стручен совет а оваа ќе им се падне.
Така е. Мене таа од Систина ми беше одлична. Оваа се најде да ми каже демњек тие не биле "вистински" патронажни. Она е
Со наочари беше постара жена? Од Јане сандански доаѓаат така барем ми кажа. Влезе не се соблече запиша што требаше,бебето што убаво сме го чувале машала напредно било,за папочето ми кажа и толку. И да труеше на кромид цел стан ми го умириса.