Мислам дека имаше наочари, ама не сум најсигурна, како во магла ми е. Знам дека имаше порцелански заби, професионална деформација ми е, тоа забележав и запамтив
Ма богда чува поубаво ич да не доаѓаат. Среќа одма до зграда мие педијатарот па за се до кај нејзе одев да се конслутирам.
Мојата доаѓаше два пати пред да се породам само да земе податоци и да ме види како сум. Откако си дојдов дома веднаш утредента дојдоа две патронажни,ми кажаа се што треба иако претходно се информирав од интернет, мислам дека за бањање треба тие да го избањаат кога ќе дојдат за да видиме,а не само онака да објаснат. Она што ми помогнаа е што ми ги провери градите,бидејќи мислев дека немам млеко,некако кога сама ќе ги стиснев градите не ми течеше млеко,но ми кажаа дека се тврди и дека имам млеко во нив,само треба да ги разработам каналите и така и беше.
А јас толку се надевав на тие патронажни сестри хаха со мм велевме ке дојде и ке каже како треба и така ке си тераме а како што читам изгледа потешко ке биде тоа а која е процедура за да помине треба некаде да се пријавиме или ?
Зависи која ќе се погоди. Јас една од Систина не можев да ја поднесам, требаше баш таа. Ќе ја избркав. Среќа ми дојде една што си имав муабет, до ден денес ми помага. Ми дојде и од Јане Сандански, постара женичка. Не ни знаев дека сум пријавена од болницата. Мислев јеховин сведок е со тефтер. И таа беше ок. Виде дека треба да се зголеми храна, ми даде убави совети. Од кај што се пораѓаш пријавуваат и таа се најавува. Мене за бањање ми беше најкорисна.
Фала Богу ама еве кј нас Охрид, ептем ми се погоди патронажната. Една миличка, да ти е кејф да ја слушаш. Све ми објасна, ми покажа како да дојам, да преслеквам, папочето како да го третирам. Во глобала кј нас сите се фалат од патронажните.
Ме изнасмеа јаховин сведок бре хахаха добра е значи има надеж да се погоди некоја асална фала ти на одговорот
Мене ми дојде исто од јс една мислам Радмила се викаше. Ок беше. Се соблече на врата, кога тргна да го види детето се изми раце и ми одговараше на прашањата. Додуша кај мене касно дојде - една недела откако си дојдовме мислам (ова наводно од приватните клиники касно им доставувале информации) и јас веќе имав фатено ред, ама пак ми одговори и на тие неколку прашања што ми останаа. Едит: и телефон ми даде ако ми треба да прашам или пак да дојде. А тоа со тетратката изгледа по процедура некоја им е. И оваа си дојде со тератче
И јас мислам дека ке помини некоја од ЈС и мило ми е што читам дека се нормални таму во таква ситуација ми фали некоја невоспитана има да лета преку врата
Со тетратче и мене ми дојде патронажната за големата кога се породив. Запиша податоци за мене и мм. А сега за бебево ми се јавија и ме прашаа дали сакам да дојде патронажна, им реков не мора. Не ми правеа никаков проблем. Иако патронажната не треба да биде само за совети давање, туку да види во каква средина ќе живее бебето, да ја провери неговата здравствена состојба, како и на мајката. Ама сѐ дури има такви кои не мијат раце и не се собуваат, па дошле и за муабет, јас немам грижа на совест што откажав.
Кај мене доаѓаа две патронажни сестри, ептен задоволна сум. Видоа дека имаме проблем со доење и две недели секој ден доаѓаа. Првиот ден кога дојдоа, градите ми беа стврднати и болни (јас табула раса за доење и молзење), да не ме масираа и молзеа тогаш мислам дека ќе завршев во болница. И после секој ден доаѓаа, ептен посветени беа да почнеме да се доиме со малото. За жал не успеавме, ама никогаш нема да заборавам колкава помош и подршка ми беа тие денови, иако тогаш коса ми се креваше кога идеа, зашто многу болни беа масажите. Порано некој да ми кажувал дека од државно здравство некој толку ќе се труди, а реално немаа обврска толку време да идат, немаше верувам. Дали пак дека помал град, па сите се знаеме, незнам.
Бар се соблекла и измила. Оваа со кондура у спална улета, ја жива ненаспана како од Марс падната ја гледав, што да и кажам за кондурите?! Ја мижам таа гради ми проверува. Стварно, маж ми за малце да не и отвори. Башка син ми упорно девојче ми го правеше.
Кај мене дојдоа 3 патронажни и сите различни Само една ме бендиса и уште сум во контакт со неа за што и да ми треба. Ми покажа како да го бањам, ми даде еден куп совети за доењето, за негата на бебо. Таа дојде 3 пати. После неа дојде една што се правеше многу паметна, како она одела по семинари, по обуки, ама само теорија ми раскажа, ништо да ми покаже во пракса. И ме отече за коликите, само тоа збореше ми се чини. А и кажав дека во блага форма ги има бебо само. Третата што дојде ептен изгубена ми се виде, ми рече на интернет ќе си најдеш се што ти треба, секако вие младите знаете повеќе и од нас сега! Тоа е моето искуство со патронажни сестри
Мене никогаш не ми дојде патронажна, ни со едното ни другото дете. Во Ремедика се пораѓав, да не има врска тоа...се случило и кај друга да не дојде?
И јас се породив таму ми дојде патронажна од Јане Сандански, многу добра жена. Дојде се ни објасни додуша знаевме што како дека имавме обука во Ремедика ама пак се гледаше дека се труди. Два пати сама ми дојде да не видела дека била тука во близина. Ме измолзуваше дека ми се направи грутка. Ми даде и број за што и да ми треба да и се јавам
Јас во Систина се пораѓав, ама ми дојдоа патронажни сестри од мојот град. И ја се чудев од кај уствари разбрале дека сум породена, ама ми текна дека не примивме БСЖ вакцина во Систина, и оттаму ни рекоа да се јавиме во вакциналнo кај нас и да го вакцинираме во нашиот град, зашто требало да се соберат повеќе бебиња. Се јавивме и ваљда од таму разбрале и дојдоа. Супер што дојдоа.