Предложете ми некое место за први мај за со дечко ми, но да има превоз преку ЈСП Скопје? Освен матка и водно други не ми текнуваат баш...
Еве неколку корисни страни за интересни места во Македонија: https://off-road.mk/istrazi-ja-makedonija/ http://www.istrazijamakedonija.com.mk/ http://makedonskibiser.com.mk/ https://macedonia-timeless.com/mac
Здраво девојки, Сакам да одам на 2-3 дена негде надвор од Скопје каде што има убава природа и да, може смешно ама би сакала некоја вила за сместување каде што има базен ама да не се огин и пламен цените. Некои предлози? Благодарам
Убаво е, имаат и базенче ама времето деновиве не го бива Мислев летово и нашето базенче ќе бидне ама како што тргнале работиве... може во Скопје ќе си направам
Лебедово езеро мн добро место полно луѓе мн ефтино можеш да прошеташ има коњи, две срни, галаби, мн добро место од се што сакаш се има оѕидете и подртето го местото нема да зажалите
Таму една фамилија не се оди. Мислам дека се заеднички кујната и бањата. Ако отидеш со својата фамилија, ќе се погоди друштво од три фамилии кои се заедно дојдени, нема да се чувствуваш пријатно.
Па многу од вилите на браната делат кујна а некои и купатило, пример вила Марија, вила Нешо и сл.... на некои не им смета, на некои им смета.. тоа е. Затоа ние сите со посебни влезови и кујни и бањи ги направивме, баш поради тоа што на нас ни смета Ама гледам дека на младиве им е сеедно (плус тоа и поефтино) освен на оние што одат на романтичен викенд.. Од тој аспект добри се Хестиа и ВИП хотелот. Ма да випот ако има дожд или снег ич не го препорачувам.. Има околу випот и нови апартмани ама патот не е сјаен за со лека кола..
Ако се оди друштво нормално е да не пречи. Моите деца беа друштво со девојките (неколку пара) и воопшто не им пречи што е заедничка кујната и купатилото. ....ама мене би ми пречело. Со мало дете можеби и во 23 ноќта ќе треба да топлам/претоплувам или правам помфрит (на пример)
Чекајте малку другари, во вила лина ли се дели купатило со други соби? Ај за кујна не би ми сметало ажа за купатило...
Оди во с. Нежилово на рибникот, има и хотел собите сите си имаат посебно купатило, и не е скапо воопшто, не ме фаќај за збор точно јас лани бев и беше 300 ден од вечер за еден, ако евентуално се нема сменето цената сега не знам. Селото е планинско и природата е преубава, храната на рибникот исто така е убава и цените се нормални, има и базен. Топло ти го препорачувам местово, нема да згрешиш ако одиш.
Акo oдиме друштвo ќе oдиме, целa вилa зa нaс. Кaј делaм јaс сo непoзнaти, дивјaк. Не ѕвoнaм oвие денoви, ќе знaеш декa сум јaс
Не се дели ни кујна ни купатило. Јас бев викендов со маж ми и двете деца и ни дадоа апартман со посебна кујна и купатило во самиот апартман, никој друг освен нас немаше пристап. 1500 е ноќевање, од денес рекоа дека и базенот ќе го наполнат. Дворот е прекрасен, поглед накај езеро а апартманот чист. Нема да згрешиш ако отидеш. @referentka може ќе ти послужи информацијава
Само сместувањето, во близина нема маркети и ресторани, само вили се. На 5 км има и маркети, а таму е и Манастир и останатите за убава храна. @Ena05