За еднодневна шетња, преубаво ми е посета на Свети Јован Бигорски со ручек во ресторанот до манастирот, а кафенце во Маврови Анови. Ако нема место за ручек таму, може и во Вруток на риба.
Годинава ради Коронава и неможност за излегување надвор од границиве, баш ја рашетав Македонија и си викам, леле ама сме глупави, не си ги цениме работиве, а толку прекрасни места има. Во продолжение кратки описи за некои места. Браната Градче во Кочани, прекрасно место со многу добар хотел, лани реновиран, одлични соби и услуга, супер храна. Наоколу има толку место за шетање што три дена малку ни беа. Во непосредна билизна на околу 40 мин пешачење се наоѓа и водопадот што е навистина едно прекрасно место, уредено со клупи за седење и масички, па може и пикник да се прави. Битола, Пелистер, предобро уредени нови патеки околу хотел Молика, со едукативна содржина за деца, што значи не се тешки може и со деца да одите, има и места за седење, пикник, масички. Доколку сакате малку планинарење, патеките нагоре се обележани и уредни, нема да имате проблем. Зимоска кај Копанки имаше и мало штандче кај што продаваа топол чај за планинарите. Исто така, нижеполе, одично место и за во зима и за во лето, лесно пристапно со кола, место за пинкник па дури и за скара. Берово, езерото одлично место за рекреација и вистински душевен мир, во секое време. Наоколу доста вили за избор за сместување, а хотел Манастир одлична храна, неодминливо е. Пехчево, мало градче со прекрасни планински рекреации. Равна река преубаво уредена, кај местото за пикник, масички игралишта и сл. Се изненадив од тоа колку добро ги уредиле патеките до водопадите, со клупи масички, место за скара, дури и тоалет. Огромно браво и топла препорака. Велес, покрај градот, ретко кој знае за местото викано Пешти. Еден мал рај покрај река, длабоко во кањон, дури ни мрежа за телефон нема, па вистинско спојување со природата. Реката има неколку базени за капење и е навистина прекрасно. Бонус, одлично место за кампување, доколку го одберите нема да погрешите. Охрид, нема кој не бил, но кој не се искачил на Галичица, ништо не видел. По патот за св. Наум после селото Трпејца се врти лево за патот за Галичица кој излегува на другата страна на планината во Преспа. Пред да се искачите најгоре има два места, вредни за посета. Едното е мала пикник оаза одично уредена, а второто е вјупоинтот Коритски рид, е таму има глетка која одзема здив. Доколку продолжите нагоре, имате уште еден вупоинт на кој се гледаат двете езера, или пак можете да продолжите кон, Преспа. Таму имате места за избор, сакате кафани, сакате плажи за шетање или живописни селца. Има избор и за кампери, со шатор или пак во приколки. Преспа е дефинитивно вредна за шетање. Маврово, лесно пристапно место одлично за прошетки во било кој дел од годината. МАвровскиот крај е прекрасна природа во која ќе заборавите дека сте во Македонија. Селата анвистина вреди да се видат и прошетаат и има избор за сите, без разлика на тоа дали сакате активни денови исполнети со планинарење, шетање и качување карпи/ врвови, или едноставно сакате да го пуштите мозокот на пасење. Дуфските водопади се нешто што навистина мора да се види, а се лесно пристапни по лесна патека со околу 30 минути пешачење. Кокино, особено во летниот периот е нешто што навистина секој треба да го доживее. Зајдисонцето е нешто магично, а изгрејсонцето е одново раѓање. Доколку сте поавантуристички настроени една вечер да кампувате ќе доживеете вистински рај (доколку е чисто небото). Таа глетка на млечниот пат е нешто што не се опишува и навистина за еден ден барем ќе заборавите на проблемите и ќе си речете, јас сум само една точка во универзумот. Источниот регион на Демир Капија е најубав (според мене) во есен, баш кога се бере грозјето. Вила Марија изобилува со голем избор на соби, дегустација на одлично вино, прошетка околу винаријата и дознавање на некои историски факти е навистина одлично искуство. Ова е малку скромно напишано од тоа што вака најмногу ми оставило впечаток, се надевам дека на некој му помогнав и ќе му дадам инспирација. Ако ми текне уште нешто, ќе се дополнам
Лелее да се вратам во мк и летам за Кокино, јас не знаев дека може таму да се спие со шатор, а болна сум по патувања.Би било убаво вака кога споделуваме каде смее да се постави шатор, начини како може да се стигне до одредени локации, и совети кога е најдобро време. Се замислувам летово пред мојот шатор како зјапам во небото
Искрено не знам дали смее или не смее, но јас сум била два пати никој ништо не ни кажал, а знам и некои луѓе што биле и немале никакви проблеми, значи ваљда смее хахаха Инаку супер идеја за тоа да споделуваме идеи
Сопот поблиску до Скопје или Попова Кула и Вила Марија во Демир Капија ( имаат можност за сместување)
Некој предлог за вила или апартман за пар, на некое поладно планинско место да се побегне од топлово време? Било каде, цената не е многу важна само битно е да е убаво.
Топла препорака да си отвориш kajak.mk и имаш цела база на сместувања по региони поделени. Има стварно многу убави места и куќички. Можеш и преку нивната страна да си резервираш
Здраво, ве молам препорачајте ми вила (барам само една соба) некоја со внатрешен базент, на убава локација во Македонија, на природно место.
Хотел Бистра Маврово, нема да погрешите Доколку Маврово ви е мејнстрим, побарајте околу Беерово и Беровско езеро има преубави вилички, а доколку сакате помалку гужва и поише тишина, Хотел Градче во Кочани ^^
Може ли да предложите некое место што е на 1 саат возење од Скопје максимум, за прошетка на еден ден и некое убаво место за ручек во околината? Освен Маврово, бев минатиот викенд.
1, Езерото Младост во Велес, убаво место има и за шетање, а и да седнете на ручече. 2, Козјак, само слушнав дека храната во Аурора не била нешто нај нај, но можете пикник да си направите. 3, Вруток после Гостивар, преубаво место покрај река и одлични ресторани.