Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патувања и излетнички места низ Македонија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од mcokolada, 10 октомври 2016.

  1. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Фала ти за предлогот, ме интересира за Велес бидејќи сум била неколку пати но некако за пешачење нема баш избор само тука околу летниковците... Дали можеби има некои други патеки?
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Велес има убава патека под сенка после ресторанот Бела Вода, продолжуваш и стигнуваш до почеток на една патека покрај езерото, опкружена е со дрва од едната страна и трски од другата односно кај езерото. Ние кога одиме почнуваме од кај паркингот покрај таа уредената патека со клупи, ја минуваме браната и рестораните и продолжуваме. На враќање најчесто седнуваме во Бела Вода, некако јадењето ми е поубаво од Романтик (во бродот скогаш има многу гужва и не ми се допаѓа внатрешниот дел, а надвор не е секогаш убаво за седење нели), убав фин ручек, назад до кола и накај Скопје.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Не сум била во тој ресторан, се надевам дека ќе успеам да ја најдам патеката.:D
    Ако не ќе ти пишам лп.:D
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    1. Свети Николе со Билазора и ресторан Пуже (20 минути возење)
    2. Штип со Баргала, Исарот и пицерија Верона (има најубава пастрмајлија и се вози 40 минути)
    3. Тетово со Тетовско кале (препорака за ресторан немам)
    4. Маврово со потонатата црква, Шаркова Дупка (ресторан Мавровски мерак, се вози околу 1 час)
    5. Папрадиште, Нежилово и Богомила (се вози околу 1 час)
     
    На JoyJoy, Alex.T и Mongolka им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Тетово, ресторан Бакал.
     
    На Mongolka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Слободно, не е проблем ^^

    Само ако имате чувствителен стомак или сте со многу мали деца не би ви препорачала. Патот од Велес до Богомила е ужасен, иако мн пејсажен. Премногу кривини. Бев пред месец дена, кога стигнав пола саат не можев да си го смирам желудникот. Вечерта откако се вратив имав вртоглавици и нагон за повраќање. Така што внимавајте
     
    На Mongolka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Ќе го препорачав, но не е во Тетово.
    Сум бил многу пати во тој ресторан и е еден од најдобрите во цела Македонија.

    Зависи за кого како. Може она нема лошење од таков пат. А немам ни јас. Имав порано таква другарка, на секои 100 метри повраќаше. Не дека јас возам брзо, туку таков беше патот со многу кривини.
    Но ако е и малку чуствителна, не препорачувам да се оди до место што на патот имаат кривини.

    Би и препорачал и други места, но сака да е до 1ч возење, а за тоа време е многу ограничена со избор на места.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Ме сум била скоро ама паметам дека не е далеку од Тетово. Затоа го препорачав, мислам дека нема подобар.
     
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Да, после Тетово кон Гостивар. Малце е скапичко, ама вреди. Се им е убаво, од храна до услуга, амбиент, атмосфера, а посебно летната бавча.
    Пред неколку години некој шведски магазин ги прогласи за еден од најдобрите европски ресторани, а тие не оценуваат како нас македонците само по квалитет на храна, туку по многу работи.
     
    На JoyJoy, Mongolka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Целосниот амбиент е врв, еден од поубавите ресторани во кои сум била.
    Јас бев во пролет, топло беше, мислам дека тоа е летната бавча.
     
    На JoyJoy, Mongolka и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Да, во летната бавча си седела штом си била на пролет.
    Штета што ја затворија пекарата во ГТЦ кај нас. Имаше многу убави работи. Сега им работи пекарата само до ресторанот, а и кога нарачуваш, од таму директно ти носат топли лепчиња.
    Врв е ресторанот. Кој не бил, нека оди.
    Исто и Мечкуевска куќа Пуже го препорачувам.
     
    На JoyJoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    И таму сум била, не е лошо местото. Ама сум била во зима, внатре. Бавча дали има за пролет не знам.
     
  13. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Па затоа ја предупредив доколку има чувствителен стомак и мали деца

    Имаат и они за пролет/лето дел надворешен, и мн е убав со сенки, фонтанчиња, вода жуборка...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.713
    Допаѓања:
    11.240
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки Џевџеличани!

    Може предлози за што да се разгледува во Гевгелија? Цркви, ресторани, местенца симпатични...
     
    Последна измена: 31 март 2022
    На Freyja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Од цркви во Гевгелија препорачувам да се посетат Св. Спас и Св. Кирил и Методиј. Би можела да се качиш на ридот ,,Вардарски рид", а тоа е археолошки локалитет во кој имало живот и во праисторијата. Од тоа место можеш панорамско да ја видиш цела Гевгелија, а се гледа и селото Стојаково. Од друго место од каде што има панорамски поглед е од елитната населба Караорман. Ќе се качиш со кола на повисоките улички и од таму се гледа цела Гевгелија. На зајдисонце на Вардарски рид е преубаво.
    Можеш да ја посетиш турската бања во центарот на Гевгелија.
    Гевгелија има многу убава староградска архитектура, која ќе ја видиш во старата чаршија и улицата што води кон железничката станица. Спроти железничката станица има стара парна локомотива која е ставена како споменик.
    Ако си со кола препорачувам да го посетиш излетничкото место Сифулајка, природниот базен Длабок Дол, локалитетот Смрдлива вода (20км оф Гвг), селото Серменин, да го видиш Голипт човек (редок вид на дрво во Македонија).
    За кафе шема препорачувам Пикасо, за кафе во едно мало кафуле во чаршијата (не ми текнува на името, имаат кучр од расата Поинтер во кафичот, така ќе го препознаеш), за пица во Енџој и Бакарди, за скара во мотел Вардар и Мешката, за бурек (пица бурек со кечап и мајонез, додаваат преливи) во Житко и банички во Шар Планина.
    За журки Де Факто. Иначе за преку ден убаво е во Де Факто, има поглед кон Вардар.
    Ако те интњресира уште нешто, а не сум го спомнал, слободно пиши овде или во лп.
     
    На JoyJoy, buba4e89, Alex.T и 4 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.713
    Допаѓања:
    11.240
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу на сиве предлози. Во темана за Гевгелија, сите пишале досаден па досаден, ама еве ти поинаку го претстави.
    Ќе видиме како ќе искомбинираме. Ако одиме, ќе пишам овде впечаток.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Нигде од ова @Компир Манџа шо пиша не сум била, ме заинтригира, ама ја би ги предложила Негорски Бањи исто.Таму сум била, ептен е убаво.Мислам и ресторанче има може да се седне.
    Не сум знаела дека Гевгелија има толку знаменитости..милина.Треба да отидам
    Другар шо живее таму, ми има сликано еден природен базен, дали од река е напраен или водопади, везе неам, ама не сте свесни колку личеше преубаво.Ко у Бали некој базен да е.Ај ако знае некој као се стига до таму нека каже.Забутано било рече
     
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Ниедрн град не е досаден, ако знаеш како да си го направиш денот интересен. Едно Пехчево што е пустелија и разбегано насекаде, има дури колку Гевгелија за шетање (а можеби и повеќе). Ама кој да ти каже, кога секој гледа на кафенце да седне наместо да види што нуди Македонија.
    Ако почнувам други места да ти набројувам во Македонија за тоа какви се места има, ќе паднеш во несвест. :smirk:
     
    На JoyJoy, prashinka, Alex.T и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    3.394
    Пол:
    Женски
    Здраво, планирам да ја посетам Струмица викендов, никогаш не сум била. Па ако може да ми препорачате местенца и за прошетка и за разгледување, култура/природа се тоа. И секако, места со убави јадења. Фала :hug:
     
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Машки
    Во Струмица има многу места за посетување.
    Центарот и паркот стандард, не можеш да ги промашиш. Јадење во Елизабет и Хепинес (поготово пиците и на двете места се врв), ќебапчиња во Дукат.
    За пијачка во Концепт или Ќе паса (има убави палачинки).
    Има убава стара црква во ромското маало, Св. 15 тивериополски маченици, само ако одиш со кола, внимавај каде ќе ја оставиш таму, за да не си одиш пешки.
    Струмица има многу убава староградска архитектура, тука е и Малиот парк со споменик на Гоце Арнаудов. Чаршијата е исто убава, а има и продавнички за облека и друго.

    Можеш да одиш до Струмин гроб во Баница (во ,,струмичкото Арачиново"), Габровските, Колешинските и Смоларските водопади, Мокринските извори. Цареви кули обавезно. Од археолошкиот локалитет Цареви кули има поглед на цела Струмица (ова не смееш да го промашиш), а во непосредна близина е и замокот Цареви кули. Манастирот во с. Вељуса можеш да го посетиш. Момин бунар, Орта џамија, црквата Св. Кирил и Методиј, Бања Банско во село Банско, езерото Водоча (на пола пат од патот до Цареви Кули).
     
    На Alex.T, JoyJoy, awkey и 1 друга личност им се допаѓа ова.