Aбе @Компир Манџа туристички водич да не си Колку знаеш браво Изненадуваш некогаш Некогаш ми иде да те скубнам
Прекраснп фала то многу, центарот веќе го прошетав вчера, а денес бев на водопадите и преубаво е се натаму. Утре ќе ги посетам Цареви кули не ни знаев за нив фала за предлогот
Пролетва сакаме да ја посетиме Шар Планина, љубители сме со мм на планини. Има ли нешто привлечно, како е со сместување, некое блиско искуство...?
Шар планина е богами широк поим, зависи шо сакате и кај планирате да идете. НАјдостапна планина е кај нас и има се, дали сакате пешачење, планинарење, искачување карпи, буквално има се. Смештај малтене во секое село
Повеќе сме за шетање и разгледување но со џип, бремена сум и не знам колку ќе можам да пешачам,плус веќе сме со едно мало дете.
Јас ти препорачувам на Кожуф. Патот до повеќето села е добар, има места што можете да ги посетите, иако си трудна.
Здраво дечки, нова сум не знам сеуште како функционира ова и дали треба овдека, ако не е во ред нека ме упати некој, ви благодарам. Сакам да ви се обратам да ми предложите некој убави места во Македонија кој би можела да ги посетам, со убави хотели/апартмани? Ви благодарам
Кај има бунгалови шо може да се рентаат? Или кажете хотел/апартмани било шо за викенд за двајца? Ама да не кошта Бога оца, нормално нешто.Пусто Берово, душа ми пека за да идам, дај предложете некое место.
Омг преубаво.Сеа ми текна, не е и Мизо у Охрид со бунгалови? Глупо дете А во планина нешто? Може и куќа да е, сакам у мир и тишина
Не те давам на меца Него, уште не научив со овие аман.И за по одмори кога гледам, не сфаќам како идат, дали од особа ово они Некои освен ако не е очигледно де. Ова е, укупно за 2цата за 2те ноќи? 1900 ценава? По 475 ден од вечер од чоек искача, две вечери за една особа, 950 ден, и за другиот.Ете ги Убаво си одговорив сама.Па не е нешо многу.У Охрид е 500 ден за кревет. За бунгаловов би простила, сија.А јадење ? Курац? Леб и сол
Локацијата е стварно прекрасна, рај за очи, таа е цената за две лица ама не е фиксна, варира во зависност од периодот за престој, ама ако бараш нешто поинтимно и оддалечено од се барај нешто друго
Глеам на Еирбнб, тупнав за у мај негде бош датум, Берово и Маврово се изгор.Под 37$ нема за ноќевање, 74$ се 4000 и кусур, за две вечери, шо е многу, многу е..а пат и храна плус 100€ и више за два дена. Едно само у Берово ми фати око леле, со џакузи е внатре Ја место да спијам, гледам кја гзот да го мрднам..ама со овие цени, тешко
Аурора во Берово секогаш е скапо. Поготово за празници ( за Нова година да видиш колку е цената како на Алпите да си ) премогу бараат за наш стандард. Ние за Велгиден планираме во Тутто Јанче. Малку одмор за мозок
За Аурора знам дека било скапо, ама ова се апартманчиња као, или цела куќа нудат.Шо не ми треба. Соба За двајца шо не работат, па и шо работат, 74$ за два дена е многу мислам И со кујна и без 74$ @Dust да предложиш ти нешто од Берово
Ако ти е за средна класа вила Иван.. Ако сакаш соба со џакузи пробај срчај лејк палас берово на англиски .. Ги има и на фб Овие горе се само соби со купатило.. airbnb им зема поприлично провизија па зема сервис фи .. и се си се додава Ќе си се јавиш фино лепо на телефон и ќе си резервираш Аурора е некои си 75-85 евра од ноќ
Шар Планина не е баш лесна за пешачење секаде. За со џип сместување на Попова Шапка и од таму со џип до Јелак, Лешница и слично. На Шапка реновиран е Арена Тетекс и има и Спа или Скардус исто со Спа. За поефтино се издаваат и викендички. На другата страна од планината сместување во Вратница (ама таму нема хотел има само добар ресторан Чорбаџиски Ан) па од таму со џип до Љуботен (до под врвот) или до Белојште на Петачко Водиче. Сепак Попова Шапка е најдобра опција за лесни прошетки по планина. Има околу хотелите да се шета и ако сте таму во Август да берете боровинки можете.