Патувања со Jungle Tribe

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од malinnnnnna, 14 ноември 2023.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    18.896
    Пол:
    Женски
    ааа во ред и ние исто. Мислев за некоја друга дестинација станува збор :)
     
  2. Zverka_1

    Zverka_1 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Сицилија од преку нив ? Јас оваа година се решив да одам за соло патник . Да ми кажете искуства?
     
  3. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    12.714
    Пол:
    Женски
    За кој термин се пријави?

    Мислам дека од оваа година ја имаат таа програма за Сицилија, крај на јули се првите поаѓања.
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.007
    Допаѓања:
    190.550
    Некој шо бил на,Бали преку нив?
    Тајланд?
     
  5. Мm222

    Мm222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2021
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    38
    Здраво дали има некој што имаше резервирано за Дубаи во месец март преку Jungle, дали заради околностите со војната ви понудија рефундација на парите или некоја друга опција ?
     
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    8.702
    Пол:
    Машки
    Прееска на Телма на вести имаше некоја жена од некоја туристичка агенција и баш за ова се бунеше. Демек државата не ги помага и не знаат што да прават со овој проблем.

    Прочитај си го договорот. Мора да пишува негде за вакви работи дали следува рефундација на средствата.

    Повеќето агенции се прават на Тошо и некаде скриено им е тоа или со мали букви, за кога потпишуваш договор, потешко да го видиш.

    Иначе, ако сеуште се мислиш дали да одиш во Дубаи, јас не ти препорачувам.
     
    На Мm222 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Мm222

    Мm222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2021
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    38
    Во договорот пишува дека во случај војна има право на рефундација на средствара со задржување само на реални административни трошоци што ги имале.

    Меѓутоа од нивна страна сеуште нема официјални откажување на патувањето и информации што понатаму, освен дека ја следеле ситуацијата и ќе не известеле.
    Ние секако не планираме да одиме и би сакале рефундација или понуда на друго патување како опција
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    8.702
    Пол:
    Машки
    Обично слабо рефундираат, па најверојатно ќе ви понудат друга опција. Јас би прифатил и така. Е сега зависи каков ти/ви е вкусот и што ве привлекува во патувањата.

    Дубаи исто така е бомбардиран и за скоро ќе стане многу лошо таму. Веќе се вклучени во војната. Не знам од агенцијата што следат. :|

    Прашај си во секој случај и дали е целосна рефундација или дел и колкав е делот ако е така.

    Дубаи моментално им плаќа на сите туристи што се таму престој во хотел на сметка на државата, додека не се евакуираат од градот и државата. Би требало да има слична мерка и за туристичките агенции.

    По правило за време на војна, треба да ти ги вратат средствата или да ти понудат друга опција, доколку сакаш да патуваш.
     
    На Мm222 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Мm222

    Мm222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2021
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    38
    Jungle ни дадоа целосна рефундација на средства уплатени за Дубаи поради ситуацијата со војната.
    Ептен беа коректни и брзи во исплатата откако се потврди дека се откажани летовите
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.