Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патувања

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од billyy, 28 декември 2009.

  1. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    И ја сакав да идам у Рио, ама откако прочитав за состојбата таму и криминалот, се предомислувам неккао хехе.
    Инаку мене неостварена желба ми е Југоисточна Азија, сите земји, Тајланд,Виетнам;Лаос,Камбоџа,Малезија,Индонезија,Сингапур, па може и Шри Ланка и Малдиви нормално.
    Ништо не невозможно, само треба да се има желба и волја да се отиде, а се друго може да се организира и пари да се соберат ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Лелеелелел колку сакам да одам во Италија ;( ;( ;( и ќе одам набрзоо МОРАА!!! :)
     
  3. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    неостварена желба да одам е бора бора. ммммммммммм многу сакам :)
     
  4. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    МНОГУ сакам да патувам....било каде. Секое патување е ново искуство и различно доживување, па не е проблем и повеќе пати да се посети една иста дестинација.
    Сакам да видам што повеќе места. Најголема желба ми е да одам на некои егзотични острови, како: Бали, Хаваи, Сејшели...
    А најголем впечаток од европскиве градови ми остави Париз, иако секој град си има своја убавина, историја ... (како Рим на пример), сепак така поубав, посветол град ми е Париз, а и поромантичен е. Кога сум кај Франција, мора да ги спомнам и Кан, Ница кои се стварно монденски и прекрасни места.
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    па доста голем дел од Европа имам прошетано уште франција, италија скандинавските земји и шпанија и португалија ми останаа.
    најголем впечаток ми има оставено Виена и Будимпешта :)
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Од земјите што сум ги посетила нај најголем впечаток ми има оставено Монако хммм таму е рај, гламурозно, спектакуларно, волшебно, прекрасно и се нај најубаво :) Се заљубив во местото :) Неостварена желба ми е да ја прошетам цела Германија затоа што премногу ја сакам таа земја. А исто така многу сакам да одам на патување во Лос Анџелес. :)
     
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Пат околу светот :)
    Сега сакам највеќе да одам во Италија,Германија,Данска,Швајцарија,Романија,на Хаваите... и уште многу :D
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    sakam bilo kade vo afrika, sakam vo japonija, kolumbija i indija.
    Istanbul e preubav, lugeto se najdobri. Najgolem vpecatok mi ostavi New York. :)
     
  9. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Ејјј, Њујорк ми е неостварена желба, многу ми е мерак да идам таму.Кажувај нешто, не биди скржава. :D Како беше ,како пројде, што ти се свиѓаше ,што не.Не сум имала искуство да зборам со некој што бил,па ме интересираат информации од прва рака :)
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Оваа зима бев во Брисел.Прекрасен град со многу стари градби,замоци,катедрали а секако да не го заборавам Атомиум.Прекрасно си поминав,направив многу фотографии, но искрено еднонеделната посета не ми беше доволна за да ги видам сите прекрасни места.Кога би имала прилика би сакала повторна да отидам.
    Би сакал да посетам неколку европски градови меѓу кои Будимпешта,Франкфурт,Виена, Истамбул и други.
    Сакам многу да патувам, а кога би имала прилика би посетила и други места во светот.
     
  11. Ivona7

    Ivona7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Обожавам да патувам...тоа е најдоброто нешто и да - треба желба за тоа!
    сум прошетала повеќе земји и повеќе градови и морам да ви кажам дека Париз е најубавиот град!!!Мора да го посетите доколку сте во можност!!!
    А Германија е дефинитивно најпрекрасната држава за живеење!!!Летово по 3 пат бев и седев 1 месец во Берлин so 4 другарки, се сами си обезбедивме дури и одевме на училиште за германски јазик.Тоа е неверојатно искуство и навистина прекрасно си поминавме-запознавме луѓе од цел свет, се спријателивме и уживавме.Германците се многу фини и љубезни па дури и убави.Да, неверојатно ама вистинито. :)
    Сум била и Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Турција и топло ви го препорачувам да го почувствувате менталитетот на Австријците и Германците додека пак не ви ги препорачувам Французите.
    И уште нешто за Виена-чиста бледа копија е на Париз, воопшто не ми се допадна!!!Париз мора да го посетите!!!навистина најубавото нешто што сум го видела :)

    Неостварен сон ми е Лондон, но се надевам не за долго...Најмногу сакам да го доживеам британскиот начин на живот барем 1 месец да живеам сама во Лондон.Се надевам дека за брзо ќе си ја остварам оваа желба :)
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151

    Сега го видов ова :^) Извини што каснам со одговорот..
    Со оглед на тоа што бев цела година во Америка, ке ти кажам дека само Њујорк, Сан Франциско и донекаде Чикаго вредат да се видат. Ја бев 2 недели, една недела службено, една самостојно во хостел. ке ти кажам дека Њујорк е безбеден. Хостелот беше на една улица одаелечен од Харлем и во ниеден момент не се почувствував небезбедно. Има премногу работи да се видат. Едноставно одев по улица и гледав накај небото за да ги изнагледам сите згради кои воодушевуваат и си ветив дека еден ден ке живеам тамо.
    Динамичност, убави луѓе, галама, а пак имаш скриени места каде што можеш да одмориш душа. Централ парк е :o :o нема да ти се верува како е тоа само еден парк, а во него има се и сешто. Незнам што да ти кажам. тамо секој дел дише, секој дел е своја приказна.. Харлем, метрото, Бруклун бриџ, тајмс сквер, музеите.. И без да посетиш нешто, само да одиш по улица ке бидеш воодушевена. Барем јас бев :)
     
  13. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Уффф се надевам дека еден ден ќе го дозивеам духот на Големото јаболко. Али имаш храбросѕ штом си се сместила во Хралем, јас би се замислила хехехе. Ги знам сите знаменитости во Њујорк, останува уште да отидам. Ај може ќе дојде и тој ден :) Прво ми е у план Азија, и онака нема да ми дадат виза за Америка сега откако дипломирав хехехе. Кога ќе се вработам можеиќе се смилуваат. Исто важи и за Англија која ми е неостварен сон, особено Лондон. Морам да ги посетам еден ден.
    А казжи ми уште нешто, знам дека е скапо ама оприлика колку скапо, колку е хостелот за една вечер? Колку пари ќе ме крпат за отприлика една недела?? :lol:
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    па тој хостел беше 20 долари од вечер, ама 10 луѓе во соба и нема баш место каде работите да си ги ставиш. Ама ја немам проблем со хостели. За храна, можеш да си јадеш хот дог и бегелс од улишни продавачи (по 1 долар ти се) и така да поминеш. Метрото е 22долара неделна неограничена карта, (мораш со метро)... Јас кога бев потрошив 700 долари за две недели, во кои само 2 пати бев излезена онака во бар,(15 долари е пијачка) ама бев во повекето музеи, бев на ЕЛис ајланд, на статуата, во Бруклин со една тура...
     
    На anima и Krisi им се допаѓа ова.
  15. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Letovo bev vo Paris i vo Basel kaj edni rodnini.Paris e prekrasen konecno mi se ostvari zelbata da otidam tamu. Lugjeto se mnogu kulturni,zabavni... ne mi se vrakjase doma.A da e skapo skapo e megutoa platite im se dosta pogolemi od nasite i mozat da si dozvolat raboti za koi nie bi rabotele nekolku meseci .Se nadevam deka eden den pak ke odam .A vaka ne sum bila na mnogu mesta nadvor od drzavata no bi sakala da odam vo Rim :!:
     
  16. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Обожавам да патувам и би го посетила секое место на оваа планета. Сум била на подолг период во Италија(Фиренца, Рим, Верона, Венеција, Чеље, Алберобело, Отранто), Франција(Парис), Америка(Тексас), и на пократок период во Австрија(Виена), Унгарија(Будимпешта), Чешка(Прага) и нашиве соседи Грција, Бугарија, Србија...

    Најголем впечаток ми има оставено Италија, но не Рим туку помалите места, посебно Алберобело со чудните куќички наречени трули, прекрасните и разновидни ликери и топлиот прекрасен народ.

    Би сакала да ги посетам и Ирска, Британија, Романија, Кина, Африка(Занзибар) и уште многу места кои трпеливо чекаат на мојата листа. :hai:
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    би сакала да ја посетам Jужна Aмерика засега :angel:
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Европа горе доле ми е прошетана, ама не сум искочила надвор од нејзините граници а планирам во брзо време.
    Сакам Тајланд да го посетам, со ранецот на грб и ајт, шетај! :) Во глобала мразам уплатени и однапред испланирани одмори, не сакам да се врзувам за едно место. Значи ако одам негде, обично гледам да си купам само карта и после шетам сама во сопствена режија.
    И неостварена желба ми се Јапонија, Аргентина и Барбадос, Мартиник и др. карибски острови. А секако дека би нашла уште многу интересни дестинации. Светот е прекрасен, и нуди премногу убави места за шетање, кога само би можеле сите да го имаме тоа задоволство да уживаме во него, да сознаваме други култури...
     
    На figgiMK, Krisi и Night.Star им се допаѓа ова.
  19. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Добра ти е эамислава эа тајланд, мене исто ми е така мерак да идам, не само тајланд, туку цела Југоисто:на Аэија. Можеби и ќе ми се оствари желбата , ќе видиме, нешто се преговара :D А најнепожелно нешто ако идеш эа Аэија е да идеш преку агенција, ем ќе ве одерат, ем скоро ништо нема да видите и доживеете. Затоа,эа аэија, ранецот на грб и бекпекерска авантура ;)
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Сакам да патувам, сакам мојот живот да го поминам во патување сакам да го посетам Мароко
    Мароко се наоѓа во западниот дел од северна Африка. Средоземното море на север и Атланскиот океaн на запад ја создаваат природната граница во однос на модерниот свет, додека на југ и исотк, Сахара и падините на планината Атлас ја создаваат границата со Алжир и Мауритинија.

    Природата е полна со контраст, Мароко има се: високи планини и пространи плажи, пустина, ски центри како оние на Алпите, оази, виногради и цветни полиња со изразит колорит.

    Со Мароко владеат кралеви повеќе од 360 години. Денес владее младиот крал Мухамед VI по угледот на модерните европски монархии. Кралските градови Маракес, Фес, Мекнес и престолнината Рабат, се најголеми атракции во оваа земја. Сите настанале во ѕидините на медините во кои со векови ништо не се менува. Во нивната внатрешност, во лавиринтот на тесните сокаци, животот на ситните занаетчии и трговци се одвива во потполно друг терк на времето, а само неколку чекори понатаму, се наоѓаат раскошните булевари, згради со модерна архитектура и луксузни хотели. Мароко е последната оаза од ориенталниот свет. Егзотичните мириси, танцови, заборавените занаети и мистичната архитектура ги воведува посетителите во тајните на „1001 ноќ“. Мароко - земјата на Кралевите.