Патувања

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од billyy, 28 декември 2009.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    3.159
    Јас до сега не сум патувала никаде надвор од Макеоднија. Но многу сакам па каде и да било затоа што секое патување, секое запознавање на нов народ обичаи, култура, традиција носи нови знаења и искуства....Но нјамногу сакам да ги посетам Акапулко, Рио де Женерио и Париз :$
     
  2. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    265
    Сакам да патувам,многу сакам да го видам Њу Јорк,тоа ми е засега неостварена желба.Исто би отишла и во Индија,Исланд,Малдиви,Јужна Америка,дел од Африка,Монако,Милано...уфф би можела да направам бескраен список на места каде сакам да отидам...Пред се,сакам живост,многу народ,светлечки реклами кои те оставаат без здив :D не сакам многу стари градби,единствено сакам стари цркви,катедрали и некои интересни замоци.
    Будимпешта е убав град,но излегов да го разгледам Буда замокот скоцкана во фустан и високи потпетици :D и нормално,под итно се вратив после пола саат шетање и облеков патики,ќе се искршев по тоа коцките.
    Венеција е убава,но далеку повеќе се крева прашина за овој град,отколку што навистина е.Дури и Мостот на воздишките е обичен мост :D а јас очекував нешто по спектакуларно.Е овде се наоѓа дефинитивно најубавата црква што ја имам видено,црквата Св.Марко.Преубава е,мора да се види.
    Австрија е прекрасна земја,ми има оставено ептен убав впечаток...
     
  3. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    15.061
    Пол:
    Женски
    И јас исто многу сакам да патувам.
    Да можам еве би избрала пат околу светот за 80 дена :lol:

    До сега од земјите во кои сум била најголем впечаток ми имаат оставено Словенија и Италија.
    Милано е прекрасен, самиот поглед на Катедралата Ви го одзема здивот :)

    Имам желба да ги посетам пред се: САД ( Лас Вегас, Лос Анџелес, Њујорк ), Бразил, Мексико, Мароко, ОАЕ, Индија, Кина....
     
  4. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Леле јас сум луда по шетања и патувања.Да бев некоја опасна богаташка имаше секој можен слободен ден да бидам надвор од државава :lol:
     
  5. Tela

    Tela Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Јас сум зависна од патувања :$ Имав еден период три месеци не се прибрав дома :rofl: или само на една недела и пак заминував. До сега сум Била во Египет(Шарм Ел Шеик, Каиро, Мојсиева гора, бедуинска вечер во пустината) преубаво беше, запознав и луѓе од таму со кои до ден денес комуницираме. Лани бев на подолг период во Италија........ немам зборови.......... најубава земја. Јас посебно сум поврзана со неа :) Бев во многу градови........ но најголем впечаток ми остави островот Капри....... скапо е но островот е прекрасен, остануваш со подотворена уста. За Рим веќе да не зборувам, тоа е градот каде би живеела без потешкотии. Убавини. Сум била и во Унгарија(Будимпешта), во Швајцарија(Шафхаузен, Цирих, Луцерн) земја во која секој би посакал да живее, инаку многу е скапо, за среќа јас бев кај роднини па само карта за автобус си платив :D Во мај бев и во БиХ....... Сараево, Мостар, Кравице(преубава природа, водопади), Почитељ(стар град од 16-17век, убавини), Благањ(дервишката куќа). Србија(Белград,Ниш, Суботица)........ Суботица ме воодушеви......... прекрасна мешавина на австро-унгарски градби и српски. Интересен град кој е многу жив...постојано нешто се случува. Бугарија, Грција, Турција(5пати)...Истамбул секогаш ќе остане неоткриен, постојано има нешто да се види, Измир,Ајдин, Кушадаси, Ердек..... место каде сум ги минела најубавите летни одмори, во близина е островот Ада кој вреди да се посети, ако нисто др барем за темно сино зелена вода. Црна Гора(Будва и Херцег Нови).

    А би сакала да го посетам Њујорк, Португалија, Индија............... сепак следно патување кои ги планирам се Берлин и Букурешт па ќе ви пишам како сум си поминала.
    Најубаво е кога сам си го организираш, агенцииве само пари ќе ти земат........... но на некои места е неизбежно др да ти организира ;)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    ПАТУВАЊА, сите ги сакаме, не?

    Огромна желба ми е да го прошетам светот.
    Америка, Лондон...
    Во Април одам на екскурзија: Париз, Ница,Кан, Монте Карло, Монако,Виена, Минхен, Милано :)
    Can't wait!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    435
    Сакам да одам кај братучедка ми во Загреб немам доволно пари со автобус карта ми е 95 евра,дали некој знае со воз колку е??
     
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    6.723
    Пол:
    Женски
    Најмногу сакам да ги посетам Дубаи , Турција , ХАВАИ :)
    досеа не сум била надвор од македонија -.- бидејќи си извадив пасош оваа година мислам дека ова лето ке идам негде надвор од македонија : ))
     
  9. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    654
    Пол:
    Женски
    Најголема желба ми е да ги прошетам Англија и Шпанија..
    во 2005 или 2004 не се сеќавам баш добро бев во Шведска кај мојата тетка со моите родители и сестра ми и најубаво си поминав и сакам пак да одам се надевам дека не ова лето туку другото ќе идам пак :)
     
  10. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Патувања.... ммм ненормално многу сакам да патувам...и буквало сегде сакам да одтидам :) .Досега сум била во Црна Гора,Србија,Босна,Хрватска,Полска,Чешка,Словачка и Унгарија :) ... исто мн сакам да патувам со автобус :rofl: најмногу имама патувано нецели два дена :rofl:
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.934
    Допаѓања:
    21.552
    Пол:
    Женски
    Уфф би отишла на многу места...Најголема желба ми е да ги посетам најубавите места во светот и тоа да патувам сама...нејќам друштво поради фактот дека нема да можам во целост да уживам во местата,ради тоа што ќе мора цело време да си усогласувм планови со некој(пр нејќам ваму,сакам таму)и нејќам да се шетам со водич и на трчење да посетувам се,сакам на своја рака да си видам.Неможам да ги набројам сите места што би сакала да ги видам,ама планирам кога-тогаш една година да одвојам за пат околу светот,мада оваа желба ми е многу нереална поради финансии,а инаку за времето што би го поминала ама ич нема да жалам.Одамна си направив листа на местата кои сакам да ги видам и премногу е долга за да ја пишувам тука,со еден збор Светот е она што сакам да го видам,значи сите прекрасни делови од него.Имам и исечоци од списанија,од книги,печатено од нет,брошури,се шо е во врска со тие места..ептен се спремам :D Ама тоа ми ја разгорува надежта,знам дека може никогаш нема да ги посетам сите,ама барем добар дел од нив навистина се надевам дека ќе го видам...еден ден.
    http://terre.sans.frontiere.free.fr/page_a_voir_a_faire/top_100.htm на оваа страна ги има скоро сите убави места,редовно си ја посетувам :)
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    482
    Велат дека ако одиш во Италија, мора да го посетиш Рим! Дефинитивно преубав впечаток ми остави овој град. Можеби тоа што ја обожавам италијанската кујна и музика придонесе за тоа :) Би ја издвоила и Виена! Град каде што и обичните куќи вредат да ги фотографираш.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackCat

    BlackCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    197
    Обожавам да патувам и имам мнгу неостварливи желби....прво би сакала да ја видам Италија - Рим, Милано, Венеција, после тоа многу сакам да одам/живеам во Америка, Австралија или Канада...а многу сакам да го видам и париз, Египет, Некој остров и кое било Шпанско егзотично место ( под шпанско не мислам само шпанија туку каде било јужна америка, мексико....)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    75
    Моја неостварена желба е да идам во Франција. Омилена држава ми е и многу сакам да ја посетам, да ја видам Ајфеловата кула а највеќе од се сакам да се качам на најгорниот спрат. На интернет гледав фотографии прекрасна држава е. Сакам да го посетам и музејот Лувр во Париз. Се надевам дека некој ден ќе ми се исполни желбата. Од државиве кои сум ги посетила најубав впечаток ми оставиле Хрватска и Словенија.
     
  15. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    23
    јас сум зависник од патувања сум прошеталааа мнооогу сега желба ми е да го посетам мексико
     
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Неостварен сон ми беше Париз па сега ми се оствари и ќе одам во Март, уште малку остана :) Инаку секаде кај што сум била од секаде се воодушевувам.Летото 2006 и 2008 бев во Москва-Русија а летото 2010 во Турција. Исто така и во Бугарија пред неколку години, гратчето Велинград беше многу убаво и тивко место...Оддамна го немам посетено и незнам сега како е. А најубаво планинско место во Македонија ми е Пелистер и планината Голак :)
     
  17. ivushh

    ivushh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Сакам да патувамм...голема желба ми е да одам во Париз и Шпанија се надевам наскооро.
    Од патувањее лани летото бев во Турција 10 дена воо Корум,Истамбул,Анкара...Имам ојдено во Бугарија,Хртватска,Србија..
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.832
    Како цел чопор фамилија, имам роднини на повеќе места низ светов и откако ќе го завршам факултетиштево планирам да се впуштам на шетање. На одмор би сакала да отидам на Малдиви, Бора бора, Бали и мора да ги видам пирамидите во Египед и добрите журки на Ибица.
    Иначе отсекогаш сум сакала да отидам во Рио, Куба, Амстердам, Лондон и Санкт Петербург.
    Исто доста примамливо ми звичи Африка.
     
  19. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Секоја недела во различен град идам ма да цело време се тоа истите 4 града. Инаку до сега во Србија сум ги видела повеќето градови, Во Будимпешта сум секој месец, во Грција сум била Солун, Атина, некои помали градчиња и Волос-дефинитивно ми се допадна премногу. Во Црна Гора сум била, во Хрватска, Бугарија... Италија е на ред во април. :)
     
  20. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Сум била во Грција на повеќе места, во Чешка, во Србија на езерото Палич, и во Унгарија и Словачка на поминување.
    Би сакала да одам во Аргентина (може и цел континент), Шпанија, Индија, Египет и секако во САД.