Сум шетала доста, следно ќе биде Париз, а би сакала за брзо да го посетам Мароко. Го овожавам ориенталниот дух.
Јас сакам целиот мој живот да патувам!!! на едно место да не запрам(мислам да запрам ама на кратко хехе)....тоа е живот за мене,нишо и НИКОЈ не ми треба
Епа една моја дестинација од соништата ја посетив, а тоа беше Истамбул. Си заминав од таму со прекрасни спомени и надеж дека пак ќе се вратам. Сон ми е Париз, се надевам дека наскоро ќе летнам и до него, а исто и Барселона, која е многу веројатно дека следната година ќе ја видам.
Јас сакам да одам во Барселона, мадрид, Монако, Рим, Ница, Венеција, Верона...Уф, на многу места сакам да одам но... кој знае дали ќе ми се исполнат жебите некој ден
исто како и сите и јас сакам многу да патувам, имам посетено повеќе дестинации но не сметам дека многу сум патувала, оние клише дестинации веќе не ги бројам. на клише дестинации мислам главно на европа франција италија австрија,шпанија и балканов, тука сум патувала и незнам што би издвоила некако како да немам што да кажам местава сите ги знаат речиси сите биле... јас би сакала да ја видам индија сега, јужна америка и јапонија или централна кина, а од европа единствено ме привлекува ирска мнооогу сакам да ја прошетам.
Патувањето за мене е едно од најголемите задоволства, ме релаксира и ми дава можност за бегство од секојдневието и монотоноста. Обожавам да патувам и би го правела тоа почесто, ако имам можност. Мислам дека скоро и да не постои човек, кој не сака да патува. Можам да кажам дека доста места сум посетила а најголемо задоволство за мене беше посетата на Египет-отсекогаш беше мојата дестинација од соништата. А следно би сакала да го посетам Париз, Будимпешта... или некој егзотичен остров.
Многу сакам да патувам, а неостварена желба која се надевам дека барем за неколку години ќе ми се исполни е КУБА! Бившите ЈУ-републики сум ги посетила, Будимпешта, Виена, Прага од екскурзии и сега looking forward на апсолвентска да видиме Франција, Шпанија, Холандија, Италија, итн. Најдалечно место на кое што сум била е САД, како држава ми е преубава, чисто, култура на ниво, ефтино, но за живеење и работење не баш.
Јас би одела Италија... Значи сонувам да одам,ама не онака на недела..недела и пол..да останам на подолго да ја испитам така до најмало ситниче,градче,селце! Ги обожавам италијаните како народ,па каква култура..едноставно ми прават мерак..и тоа голем! Фактот дека Италија има форма на женска чизма..мене ми кажува доволно и е доволна причина да ги посетам. Феминистичка земја..да се знае! Па дека се љубовџии тоа им е плус!
Најмногу би сакала Италија && Шпанија..се надевам дека во скоро време ќе имам можност да одам. а исто така и Закинтос Грција,местото е преубо..едноставно ме воодушеви на сликите...се надевам дека во живо кје биди уште поубо.
Devojki neznam dali praшањето ми е соодветно на оваа тема ама поврзано е со патувања За два дена патувам за америка и околу козметиката ме интересира што смее да се носи?Знам дека дездоранси несмее па ако знааете нешто повеќе Фала однапред
можеш да носиш течност,во смисла парфеми,дезодоранси итн.. но во куферот кој ќе го ставиш на чекирање,значи тој што оди долу.. а во рачен багаж не смееш да носиш течност..максимум мислам 150 мл ама пази може и тоа да ти го земат и да го фрлат на лице место...(ми се има случено) инаку мој совет не земај такви работи..ем ке ти фатат место и тежина ќе накачат ем можеш проблеми да си имаш... сигурно ќе најдеш каде да ги купиш таму..
Сакам секаде да одам.Каде и да ми понудат би одела,значи се ме интересира.Животна желба да го препатувам ако не цел барем пола свет
Сум била скоро секаде низ европа но најголемата зелба сто сум ја имала одсекогас бесе ЈАПОНИЈА и таман почнав да си правам планови и да си собирам пари за една мала тура ги фати земјотрес лугјето,татко ми вика јас сум крива сакам и америка да ја видам но некако ми стана многу достизна дестинација пола Македонија отиде таму,сакам негде кај со не е толку секојдневно несто ново сакам авантуристички места нови култури несто сосема различно,Јапонија ми бесе бас тоа сто го барав но ете...
Многу сакам да патувам! ОБОЖАВАМ!Од влегување во превозното средство до разделување со дестинацијата и see ya soon! Погледот од автобус, воз, кола, па и од авион е незаменлив... Си седнеш си читкаш книга , мераци. Голем впечаток ми остави Брисел , прекрасен е! Колку и да го шетав пак беше преголем, секој ден имаше нешто ново интересно Плошадот преубав! ја бев летно време, а желба ми е да идам и на пролет кога целиот плоштад е со цвеќиња аххх... Секоја градба си има своја приказна. Благодарение на тетин ми дознав многу повеќе за градот, што научив многу од него.... Каде и да идеш многу е битно да знаеш податоци за местото, самите стории прават како да си дел од нив ! абе убавини! Сакам пак да идам Најголема желба ми е да одам во Лондон! Младост е пред мене се тешам , ќе дојде време и таму да отидам
Многу значи МНОГУ сакам да патувам! Сега, бидејќи сум малолетна, патувам само кога одам на екскурзии од школо или па кога одам на одмор со моите. Имам среќа што и мајка ми и татко ми се авантуристички души, па одморите не ни се досадни, 10 дена да скапеш на истото место и на истата плажа. Ама кога ќе наполнам 18 години, ееееееееееееееее, дома нема да се завртам Најдалечна земја што ја имам посетено е Италија. Прв пат бев во февруари, една недела со татко ми, бевме во Венеција, Верона, Милано и некои помали местенца и преубаво си поминав! Прекрасни градби на секој чекор, катедрали, музеи и се разбира италијанска храна Сега пак, пред 3 дена се вратив од Реџо ди Калабрија(Јужна Италија), бев таму еден месец на летна школа. Идевме во универзитет за странци и таму учевме италијански јазик. Поубаво во живот си немам нигде поминато! Далеку од дома еден месец, со ништо не се замараш, секој ден на плажа, секоја вечер во диско, секоја сабота на Сицилија. Морам да се вратам и наредната година А за желби, имам многу, ама од тие поостварливите би сакала да го посетам Рим, дворецот на дракула во Романија и било кој град во Шпанија. Спојлер Едвај чекам да дојде декември, зимскиот распуст ќе го поминам во Австралија
Јас пред 5 дена пристигнав во Амстердам, Холандија, овде ќе останам три месеци, веќе се ми се допаѓа овде, уште од првиот ден многу убав впечаток ми остави градот. Никогаш порано не сум била во Холандија, единствено што знаев е дека е земја на лалиљата, дека има многу ветерници, дека е на исто ниво со морето и дека луѓето возат велосипеди. Градот е во стара архитектура, згради и споменици од старо време, мислам дека е забрането да се уриваат историските стари објекти овде.. Тесни улички, канали со вода, пријатна атмосфера, малку мрачно време без сонце но брзо се навикнува на него.. Во цел живот немам видено повеќе велосипеди како овде за еден ден Тоа им е традиција, сите се на точак, дури возат и дотерани во фустани на штикли, како успеваат им се чудам Градот многу ми наликува на Венеција посебно во строгиот центар, заради каналите што минуваат низ тесните улички и поради тоа што и двата градови се на вода и се со стара архитектура. Досегашен впечаток од Амстердам - 10ка! Прекрасно.
Би отишла секаде, дури и по два пати. Значи не одбивам каде и да ми понудат, сакам се да видам. Европа и Америка. Не ме привлекуваат оние Арапски Емирати и тие азиски земји и градови. Не ја сакам ни Индија, ни Кина... Таму не би отишла. Значи опцијата „пат околу светот“ отпаѓа ама пат околу Европа и лет до Америка се уште стои.