Јас би сакала често да патувам низ целиот свет,а најмногу Франција и Шпанија Инаку,немам отидено којзнае каде,само до Грција и Бугарија. Наскоро ке одам за Швајцарија,па ако некој бил во Лозана ќе сака ли да ми каже како е таму,интересно ли е ,какви впечатоци имате ? А и ако некој бил во SochauСошо)во Франција исто сакам да слушнам мислења
Има ли некоја форумџика која го знае добро Берлин? Одам на неколкудневен претстој и сакам максимално да го искористам времето. Нешто информации собрав по сајтовиве, но ме интересира дали некоја била на подолго или живеела. Конкретно што од знаменитостите не смее да се пропушти, места за шопинг, и како е организиран градскиот превоз, кој многу хаотично ми изгледа вака читајќи по сајтовиве.
Земја во која сум била и оја што ми оставила најголеми впечатоци е Израел.Јас се заљубив во местото во кое што бев и секое останато кое што го посетив.Толку е убаво,прекрасно,чисто многу чисто,на секој чекор зеленило,паркови за прошетка,паркови за деца.Плажите се сон,големи и многу средени.Места таму кои ми оставија впечаток како никое друго место беа Ерусалим и Мртво море.Ерусалим е едно прекрасно свето место,кое те остава без здив,место кое постои толку многу мнгоу години.Градот е со толку интересна градба,целиот е бел (куќите се бели и зградите како и низ цел Израел не само таму,ретко да се види некоја во друга боја). Мртво море е опколено со пустини,па затоа има и пустинска клима.Преку ден е околу 60 степени(прежешко)затоа и никој не оди таму дење,а навечер е оклу 40.Водата е пре пресолена и нема теоретска шанса да пропаднеш,слободно можеш да лежиш на грб со скрстени нозе и книга да читаш озбилна сум.Има преубави хотели со 5 * кои се навистина на светско ниво. Ако продолжам да пишувам за земјава,ќе треба да пишувам до утре,нема доволно зборови да се искаже сета убавина која ја видов таму. Други земји кои сум ги посетила се Грција,Турција. Еве неколку слики од Израел за тој што го интересира
Јас летото го поминав во Америка (работно) а видов неколку градови : Ocean City, Salisbury, Baltimore, New Jersy, Newark, New York, Los Angeles, Miami.... а најголем впечаток ми остави секако MIAMI моја препорака: секој шо има шанса да ја посети Америка, да оди во Мiami, нема да зажали дефинитивно најдоброто искуство во мојт живот... патував сама, запознав многу луѓе, прекрасни плажи и најдобар ноќен живот дефинитивно го препорачувам Сакам да го посетам Бразил, а неостварена желба Египет
Јас бев на екскурзија во Италија( Верона, Милано), Шпанија(Барселона, Лорет де Мар, Лидо ди Јесоло) , Франција(Кан) и Монте Карло( Монако) овие ми се подалечни дестинации инаку сум била во Грија( Солун, Лерин, Ханјоти, Калитеа), Хрватска( на Колочеп и во Дубровник) и во Албанија( не ми се допадна). На враќање од Италија, Шпанија и Франција бевме во Љубљана и Белград и тоа е иначе сакам да одам во Америка тоа ми е неостварена желба, а најубаво место што сум го видела и каде сакам да живеам е дефинитивно Монте Карло
Ех, па кој не сака да патува. Парите во џеб, или во денес, картичката во џеб, пасошот и тргај. Ништо кога не мораш да носиш и си во можност се да си купуваш таму каде што одиш, е од ова, нема поубаво. Одиш, уживаш и не мислиш на ништо. Си ветив самата на себе дека некогаш ќе го изведам ова. Сум била, не на којзнае колку места и не во којзнае колку земји, но прилично доволно и солидно за една млада дама од моја возраст. Сама тргнав, уште на 16 години, преку Европа. Млада сум, сакам уште многу, многу да прошетам, па дај Боже, некој ден и да живеам некаде настрана. Гледам дека никој не ги спомнал, но вреди да се посетат и искусат - Скандинавските земји. Прекрасна природа, прекрасни луѓе. Животен стандард, нешто незамисливо за нас. Јас сум најискрено воодушевена од сета нивна култура, цивилизација и начин на живот. Сон ми е да се преселам таму некаде, ако е ладничко. Не ми смета, најмал проблем е тоа. Стокхолм - Сергејев плоштад, палатата на Кралот, пристаништето, театарот каде ги доделуваат Нобеловите награди, Градскиот театар со статуи од чисто злато... Да можам, уште вечерва ќе тргнам назад. Град кој лично мене ме освои на прв поглед, Белград. Кога минеш навечер низ Белград добиваш нешто слично на моите ,напади, што ги доживувам во Скопје. Мислам, едноставно, светла, мостови, булевари, прекрасно. Фантазија, стварно. Еден од моите омилени градови во светот, чекам прилика да го прошетам уште поубаво. Рим лично мене, јесте дека ми беше и ми е убав, но ми е некако, пренасилен, презаситен. Од сите страни, Рим, Рим, Рим... Не ме воодушеви, не останав подзината а не знам зошто. Нејсе, уште еден плус на мапата, искуство повеќе. Виена ,одозгора, ми се допадна повеќе отколку Рим. Тоа е тоа што ми се допаѓа околу патувањата, што си ги прошируваш хоризонтите, перспективите, буквално ти се менува начинот на размислување. Дознаваш многу работи за себе, како реагираш во одредени ситуации, како се снаоѓаш сам меѓу сите... Сакам да ги посетам Канада, Германија, Австралија, Нов Зеланд, Норвешка... Би живеела, работела овде. Ме привлекуваат земји каде што работите се СРЕДЕНИ и на место. Се функционира како што треба. Дефинитивно рај на земјата. А ова Германијава ми паѓа во око, треба да се распрашам летоска да одам на печалба и учење јазик.
Имам посетено многу места едни од најубавите места кои ги имам посетено е Лондон-Англија , Хамбург-Германија (не ми се допадна многу) , Франција- Ница и Кан, Шпанија-Лорет де Мар (прекрасно место) , Монако (вреди да се посети ) Милано (не е ништо во споредба на Милано) Венеција (заворавив да ја спомнам) ... А во Македонија Охрид (воопшто не го сакам), Пелистер, Пониква, Битола...... Од соседите Србија-Ниш , Бугарија (Банско се разбира), И во Грција на повеке места имам одено....
Сум патувала во сите соседни земји и неколку Европски метрополи, секое посетено место ми отвара нови хоризонти и ускуства. Многу сакам да патувам и би си посакала оваа година да отпатувам во некој од овие градови: Мадрид, Фиренца, Рабат (Мароко), Париз, Хераклион (Крит).
Doozy, јас и ти исти сме... и јас се заљубив во Белград на прв поглед... уште како многу малечка, и ден-денес тој град ми е во срцето. И среќа имам роднини таму, па си имав причина да одам почесто. Сега со малиов не сме биле, ама прва прилика, го носам. Сакам да патувам, сакам да ја прошетам Европа, блискиов и среден Исток, Јужна Америка. Дали ќе имам шанса, ќе видиме. Секако, требаат парични средства за такви патувања, посебно за овие подалечните. Ама не губам надеж дека еден ден ќе посетам некоја од овие дестинации. А како што се одвиваат работите - тоа може да се случи многу брзо. И тоа, не да одам само на одмор... ама, ќе видиме, прво се скока, а после се вели „оп“.
Може да ми кажете како се движат цените на храна во Виена , Венеција и Милано ? Или било кој град од овие што сте го посетиле ? На пример колку е една пица или нешто за РУЧЕК во овие градови . Ве молам за брз одговор.
Во Венеција е прилично скапо ако ги земаш во обзир сите продавници, кафичи , ресторани кои се наоѓаат во центарот ,односно оние места каде што ги носат туристите . Едно кафе ти е 5 евра, пица парче 2 евра .... Но ако влезиш во некоја од тие многубројните улички подзаскриени што се ќе најдеш многу продавници и ресторани со далекуу попристапни и пониски цени ,само ретко кој се обидува да шетне малце понастрана од зацртаното што им е на водичите и често пати си ги фрламе парите без да разгледаме поубаво .
Пред неколку години бев во Котор, Црна Гора и многу ми остави впечаток Сакам да живеааааам таму. Не многу голем град, ама преубав и со огромно пристаниште.
Јас би препорачала Мк Доналдс како најефтина варијанта Цените на едно мену се отприлика исти во секоја европска држава за 5/6 евра сендвич, помфрит и пијалок. или за 1- 1/5 кафе. Во турските имбиси се наоѓа Döner (баеѓи голем сендвич со месо и салата) за околу 3 евра, но овие имбиси се најчесто во периферните делови. Најпресни ми се цените од Милано. На плоштадот одма накарши имаш Мк Доналдс, во центарот се друго е многу поскапо. Ручек(скромен) 2 порции тестенини и 2 кока коли околу 30 евра. Отприлика истите цени и за две пици со две сокчиња. Се надевам помогнав
Малце ми е глупо да одвојам на кое место би сакала да одам. Едноставно сакам да одам секаде, бидејки секое место е специфично и е приказна само за себе. До сега, за жал, не сум имала можност да патувам надвор од нашите граници, но се надевам дека во блиска иднина истото ке се промени. И кога би имала можност, најпрво би сакала да ги посетам, Спојлер Њу Јорк Австралија Рим
За жал не сум патувала многу Сум била во неколку пати во Грција, два пати во Црна Гора, еднаш во Бугарија (Софија), Чешка (Прага, Карлови Вари) и Хрватска (Дубровник, Сплит и Трогир). *не се важат земјите во кои само сум поминувала Најголем впечаток ми остави бисерот на Јадранот, Дубровник. Со сите тие негови градби успеа да ме освои. Од европскиве земји на мојата листа се Португалија, Шпанија и Италија. За по други континенти, секаде сакам да отидам. Време е да направам листа и за нив.
Ги имам посетено Бугарија (Несебар, Сончев брег), Грција (Паралија и Олимпик Бич), Србија (Ниш и Врање), Австрија (Виена), Чешка (Прага), Словачка (Братислава), Холандија (Амстердам и Волендам), Франција (Париз, Ница, Кан, Монако - Монте Карло), Шпанија (Барселона, Лорет де Мар, Тоса де Мар), Италија (Венеција, Рим, Ватикан, Лидо ди Јесоло). Оние низ кои сум поминала не ги пишувам На списокот чекаат: Банско, Софија, Солун, Санторини, Белград, Будва, Дубровник, Загреб, Будимпешта, Берлин, Минхен (сакам да појдам на Октоберфест), Брисел, Мадрид, Тенерифе, Истанбул, Љубљана, Сараево, Милано, Пекинг, и секако Лондон. Се надевам во скоро време ќе ги посетам и нив. Америка не ми е толку привлечна, но ако имам прилика би отишла секако. Уште еднаш би се вратила во Париз. Толку сум заљубена во овој град, ахх Македонија ја имам прошетано скоро цела. Единствено не сум била во Дебар, Гостивар, Тетово, Демир Капија и Македонски Брод и Вевчани морам да појдам