Сте биле ли во Прага- Карлови вари, ме интересира за 9-te извори....Едниот бил за убавина,друг за да можете деца да имате...инт. би сакала да ми кажете доколку знаете кој за што е наменет... Од оној за рожба имало да не кажам ефект ама.... Баш ме заинтересираа
Сум била во Франција (Париз, Кан и Ница), Италија (Милано и Венеција), Монако, Шпанија (Лоред де мар и Барселона), Египет (Каиро, Хургада и Луксор), Швајцарија (Цирих и Луцерн), Грција (Атина, Санторини, Миконос, Родос и Крит) и Турција (Ефес). Од сите најмногу ми оставија впечаток Париз, Венеција и Каиро. Следно сакам да ги посетам Русија, Мароко, Индија и Велика Британија.
Мене патувањата ме полнат со позитивна енергија. Многу убаво се чуствувам кога ќе се качам во автобус и ќе тргнам некаде. Уживам во пејзажи, и секој град вреди да се види, иако не е ништо посебно. Ќе видиш убав град, па ќе споредиш со нашиве, ќе видиш град за никаде, па ќе кажеш аауу добри сме, какви такви.
Девојки не знам дали прашањево е за тука но ајде да ве прашам. Ќе одам со другарките во Санторини во март со кола. Но прво ќе одиме 1 ноќевање во Солун, па во Атина. Во хотелот во Атина паркингот е надвор па загрижени сме малку за колата. Може ли да пишете, тие што сте биле, дали е безбедно да ја оставиме надвор колата???? thank you
Штом е на паркинг на хотел мора да ти биде безбедно. Сигурно имаат обезбедување или камери, сепак не би требало да дозволат да се оштетуваат колите на гостите.
Сум била досега во Турција , Албанија и Грција , од сите места кои ги посетив најмногу впечаток ми остави Истанбул , ах мојата љубов после Македонија држави кои сакам да ги посетам се Русија, Србија, Ѓерманија засега
Сум бил во речиси цела Италија Милано,Венеција,Верона,Фиренца,Тревизо,Перуџа,Неапол,Болоња и поминати трите најголеми планински вериги Алпи,Апенини и Доломити.Ја имам посетено Модена и изложбите на Ферари и Ламборгини таму.Имам поминато и покрај Местре,Болцано,Трст,езерото Комо итн. Едноставно северот на Италија ми е многу убав со многу зеленило и шума,убави патишта итн.Додека југот пак е дивина :/ Сосема два различни света беа северот и југот на Италија кога јас бев,а и денес не верувам да се променило нешто. Од други држави имам одено Турција седено два дена во Анталија и поминато низ Aлања,Елмали,Мармарис,Бодрум,Измир и уште 2-3 града на кои не можам да се сетам.Можам да кажам само дека турциве биле луди по соленкиве.Во хотелот имаа повеќе од 20 вида на соленки во какви се не форми. Имам одено и Грција,Асправалта како мал(незнам дали и правилно ја напишав),Лефкада и само уште Солун кој едно време ми беше како дома.Ми се оди во Атина на Акрополис и се надевам деќа ќе го посетам во скоро време. Бугарија помината речиси цела. Србија неколку градови, Хрватска исто така поминато неколку градови Босна исто така неколку градови. Ех да и Црна Гора Суто Море,Будва,Улцињ,Бар и Подгорица(овде 1 ден ми се виде како 10)Никогаш не ми било толку досадно Инаку желби за патување имам премногу,а листата е прилично долга на она што имам желба да посетам Минхен,Барселона,Мадрид,Атина,Абу Даби,Рио,Малдиви,Кина,Индија(Бали) и би сакал да одам на некое крстарење низ Медитеранот.Сигурно има уште некое друго место,ама и ова ќе ми биде доволно засега.
Дали има некој одено на Дракула тура и преку која агенција ,впецатоци..anytuhing,сакам за велигден да одам таму па се мислиме преку која агенција,јас за од Савана гледав
Сум била во Србија (Белград и Крагујевац) Бугарија (Софија,Бургас,Варна,Златни Песоци,Сончев Брег, Балчик,Поморие,Несебар и Царево) Чешка (Прага) Австрија (Виена) Унгарија (Будимпешта) Турција (Истанбул) Италија (Рим,Венеција,Милано,Верона,Неапол,Фиренца и Турин) Франција (Париз) Шпанија (Барселона) Хрватска (Сплит и Дубровник) . Најубаво си поминав во Истанбул. Во план ми се Москва,Санкт Петерборг,Амстердам,Осло,Стокхолм и преубавиот Гетеборг
Едно прашање, сакам да одам во Нов Зеланд накај Јануари, но незнам како оди тоа со виза. Значи ми треба патничка, само на 3 недели може ќе останам и имам каде/ Ако има некој искуство околу тоа, како оди процедурата и за карта и виза, многу ќе ми помогне.
Немам многу патувано, пред еден месец си дојдов од патување. Имамо одено во Германија- Волфзбург, Халдеслебен, Брауншвек. Имам поминувано низ: Србија- Ниш, Белград, Унгарија- Будимпешта, Словачка-Братислава, Чешка-Прага, Австрија- Виена.
Здраво, купив карти за Милано, па би сакала да Ве прашам дали имате одено факултативен излет од Милано до Лугано и Комо и дали однапред направивте резервација и која е цената?
јас бев во Комо, па од таму си купив повратна карта за воз до Милано, околу 10 евра мислам беше повратна и доста често има возови.
и јас мислам дека повеќе се исплати така отколку да се букира преку некој сајт што кошта 80-100 евра. Дали вреди да се посети градчето? и дали беше и во Лугано?
Мене Комо само по себе не ми беше некое доживување.. Лугано и Белаџио се сон Комо е некако мн прочуено се знае поради што, па со самото тоа и многу туристи има, од тоа живее Обавезно риба да јадете, од езерото
па не е толку лошо местото, убаво е да се види ако веќе имаш можност. Од Комо со жичара може да се качиш до Brunate - убаво место над Комо од кое се пружа извонреден поглед на градот и езерото, 5,5 евра е повратна карта. Лугано не бев, знам само дека повратна карта со воз Комо-Лугано е 20 евра.Летово пак ќе го посетам Комо, па се мислев дали да идам до Лугано, ама еве @Dust го пофали така да можеби ќе го посетам.