Јас сум во првото тромесечие 7 недела , па ме интересира дали смеам да патувам како совозач на подолга релација со автомобил,околу 10 саати возење. Благодарам
патување во бременост Ако не се заморуваш многу слободно патувај, само прави почести паузи и раздвижувај се. Инаку, во бременоста секое патување е ризик само по себе, без разлика кој месец си. Ако докторот не ти советувал спротивно, можеш да патуваш.
jas sum 4 mesec i bev kaj moite vo mk minatata nedela , 6 saata sme daleku. mene doktorkata mi kaza deka nema problem , no da se pravat pauziranja na 2 saata.
Би сакала еден совет од вас женски , свекрва ми запнала да одиме за две недели кај брат и на гости и истиот ден да се вратиме , не е многу далеку околу 2 саати со кола ама мене ми е некако страв да патувам почетокот немав проблеми со патување , поминував по 500 км со автобуси до кај моите а бев 4-ти и 7-ми месец , ама сега за 2 недели ке бидам 37ма недела и ми е страв да не ми пукне водењакот неможеш да предвидиш кога ке сака да излезе бебето. Маж ми и кажа подобро да не одиме никаде сега да чекаме да се породам а таа стариот муабет си го тера..
Срцка терај си ти по твое немој уопште да им се плашиш , такви се Грците инат, кога нешто ќе наумат сакаат по секоја цена да го исполнат. И јас ти советувам да не одиш никаде сега во таква состојба и при крај си....слушај поискусен
Бев 10та недела кога летавме за Париз, шетање по цел ден, максимално туристички. Во 22ра недела бевме во Дубаи, менување авиони, чекање саати во Истамбул. Во 36та недела ми текна да купувам креветче од Икеа. Тргнав со брат ми, тој да вози. Не стигнавме до Велешката патарина, некако му се искина леќата, а бекап наочарите со слаба диоптрија и реков не се враќам назад. Со стомакот до заби, си извозив до Солун и назад. Нема правила, се зависи како се чуствуваш, ама пак после 36та недела не би одела повеке од 2 часа оддалеченост од дома.
Јас мислам дека треба да си одмараш дома. Сепак, постои можност (пу пу недај Боже) од предвремено породување. Сепак, ти си знаеш надобро.
Па што знам еве јас ќе бидам во 22-23 недела кога ќе си дојдам дома од Дубаи и ич не размислувам како ќе поминам по пат. Јас сакам домче да си дојдам и на концерт да одам
од 7 месец веќе неможе да се патува,јас бев во мк сега јануар и бев 6 месеца и една на аеродром не сакала да ме пушти абре викам рано е ми одобрија лекари да летам и некако одвај да поминам инаку ќе останев мк така да нема проблем да патувате освен ако нешто не е нормална бременоста
Сега ке влезам во 24 та недела и треба да патувам од Белград до Скопје и назад за две недели.Некако како да ми е страв,а инаку фино се чувствувам без проблеми...Докторката ми реце превентивно да земам таблети Utrogestan.Патувањето ми е неизбежно ради промена на документи во Mкд,а треба да се вратам сама со автобус. се надевам ке поминам добро
Драги идни мамички, што мислите колку е пожелно, ризично и мачно во поодмината бременост да се планира летување? Јас со сопругот веќе уплативме за на одмор, ќе бидам точно 28 недела дента на тргнувањето, а денес на контрола ми кажаа дека после 28 недела не се препорачува патување . Ние ќе одиме на Тасос со автобус, но мене не ме загрижива патот толку колку тоа дали смеам да се напијам апче против повраќање зошто имам проблем мн. ми се лоши кога патувам. Ајде давајте совети и мислења.Инаку и нашата 3 годишна ќеркичка ќе дојде со нас и за мене е тоа едно прекрасно чувство зошто одморот го замислувам како последен во тројка и повеќе сум возбудена него исплашена.Тоа за мене е момент да избегам од секојдневието на обврски,нервози,стресови и е еден краток период поминат без телефони, интернет, телевизија, работа туку лично задоволство и максимална посветеност на фамилијата на краток период без никој да се меша и соли памет. Едноставно САМО НИЕ
Ако немаш никакви проблеми со бременоста нема зошто да не патуваш. Јас во трет месец од бременост патував со авион до Венеција, потоа бевме неколку пати на подолги релации со мм, со автобуси и преживеав. Пред две недели бев на свадба на 200 км од Скопје со автомобил без клима и супер поминав (без ни едно застанување по пат). Битно е да си имаш едно замрзнато шише вода и никако пиење од еднаш голема количина, туку како инфузија две три голтки на секои 5 минути (ова за да извбегнеш апчиња против лошење). Не сум стручно лице ова само од искуство мое ти го кажувам. Патувај си!
Da, velat ako e se vo red so bremenosta nema problem da se patuva. So avion moze i da ne te primat vo 8 mesec, ama za avtobus i kola nema problem, samo uste ednas posovetuvaj se so doktorot sto ti ja vodi bremenosta vo vrska so apcinjata protiv losenje.
фала ви девојки, јас како и да е тргнувам здравје боже во јули, се надевам се ќе биде во ред, а што се однесува со лошењето е незнам како ќе се справам
Јас би те советувала да си земеш нешто за грицкање да имаш при рака цело време и обавезно некои овошни бонбончиња, да застанувате почесто и да тргнете рано сабајле кога е посвежо.
И јас планирам во јули да отидам на одмор а ке бидам 6ти месец и не знам со сто да патуваме до загреб дали со авион или со кола.немам никакви проблеми до сега,па не знам дали да одиме
на мојата патувачка болест за жал освен апче ништо др. не помага , а за застанување ако се смилува шоферот да застанува почесто ќе биде ок зошто ќе патуваме со автобус
Во јуни сакам да одам до Охрид, а ќе бидам 8ми месец, незнам колку е препорачливо да се изложувам на сонце. А инаку немам проблем со мачнини
на сонце несмееш ниту 2 мин. да седиш, така да сунчање заборави оваа година , а и за бањање незнам колку е препорачливо консултирај се со гинеколог. мене ми имаат кажано дека трудниците треба да избегнуваат базени и езера ради инфекции.така да земи си некој книга и во длабока сенка одмарај.