@mariz кога тргнавме минатата сабота, башка 1ви, имаше сто колони на граница, мислам дека имаше коли од цел свет. Ама брзо одеше работата. Околу саат време се задржавме на двете граници. Убаво да си поминете.
Пефкохори се стига за 4 саати и е преубаво, и да стигнете рано ке си седнете во некое кафуле и ќе си чекате под сенка. Убав одмор ќе си истерате таму
Кое време тоа, колку саат? нас до сега ни еден одмор не не фатило чекање повеќе од 30мин @spirkovski ке му ја отидеме на плажа можеби, смештајот е на 30метри од плажата... после плажа дирекно у смештај.. Инаку прв пат ке одиме, фино изгледа.. а и убави искуства слушнав.
Тогаш облечи си купачи и право во море јас се вратив од Грција пред една недела, никаква гужва не не фати на граница, тргнавме во 2 по полноќ, 7 бевме стигнати.
здраво женски, и јас имам едно слично прашање, ми треба вашиот совет или искуство: ние планираме да си дојдеме во мкд кон крајот на август (живееме во странство), јас ќе бидам 17/18 недела, на две недели. и си мислев да отидеме малку до Охрид ама сега баш прочитав за езерата и базени, и размислувам за опцијата да отидеме до Грција на 4-5 дена. Мажот ми само не е нешто баш за (не сме оделе на др место освен на Крф), вели дека ќе биде многу долг и тежок патот, и дека не се исплати..Со граници и се. Имате ли некое место предлог, или уште поубаво сајтови каде што можам да гледам сместувања, или некој да ми препорача нешто конкретно? Си мислам да има полупансион и да се патува околу 4-5 саати би било изводливо и убаво.. Фала ви!
фала многу! најдов нешто за таму и на booking, доброто е што многу е блиску до аеродромот во Солун, па може дури и така да се враќаме некоја варијанта, да заштедиме малку пат.
Немa приблем милa. Ти пoсaкувaм убaв и пријaтен oдмoр. Имa шaнсa и јaс дa oдaм тaму кoн 20ти aвгуст Зaбoрaвив дa ви пишaм мешињa не се сеќaвaм вo кoјa темa збoрувaвме зa кремите сo зaштитен фaктoр кaј трудници пa ќе пишaм oвде. Денес дoктoрoт ми рече дa не се сoнчaме дa си oдмaрaме пoд сенкa и иaкo пoд сенкa дa се мaчкaме сo крем сo нaјвисoк фaктoр aмa не ми спoмнa декa требa бебешки дa е или некoе oгрaничувaње. И вo пaтувaњетo нa чaс и пoл дo двa дa се прaви пaузa. Ве
Nekolku god odime tamu.Preubavo mesto i baska blisku.Ako mi dozvoli dr da odam i godinava ke sme tamu
Женски, 17та недела сум со близначиња, планирам да одам на 3 дена на викенд негде во околинава, па да прашам искуства за сончање и бањање?
Како што имам слушнато и прочитано во базени и езера не е препорачливо да се бањаме, море може. А за сончање јас би ги изложувала нозеве, рацеве.. мешето не би многу на сонце.. опасно е сонцево во денешно време, во појакото сонце ич не би седела. Со еден збор би се пазела во оваа состојба како мало детенце што пазиме
Јас пред 2 години фатив кандида од езеро од Охрид. И јас и мажот ми уште првиот ден по бањањето и вечерта ужасно чешање имавме и печење. И тоа плус не бев бремена. Ја лечев со вагиналетки и плус пап правев 2 пати.
Никогаш не сум имала бактерија, Тогаш ми беше прв пат и сигурна сум дека беше од езерото. А сега во бременост бев 4 пати на базент и среќа не закачив ништо.
Кандида не е бактерија, тоа е габична инфекција. Не велам дека не е така, ама за да дојде до чешање и сл, треба да има голема концентрација, а скоро па невозможно е толку брзо да се множи.
Ние сакаме да одиме Црна Гора ама ми е страв да патувам нема да одиме со кола со агенција во август ама незнам дали да се советувам со гинекологот или воопшто да не одиме..
Кукла, кажи ми нешто повеќе околу ова патување односно одмор во бременост? Што е дозволено, што не? И поконкретно за одмор и бањање во езеро? Ние се уште се мислиме дали да одиме на море, тоа би било за две недели, а ќе бидам 30+ и се ми изгледа ќе одиме само до Охрид.
Да го споделам моето искуство. Дознав дека сум бремена непосредно пред одморот. Бевме веќе спакувани. Па нормално паники. Не чекав и веднаш заминав на лекар. Битно ми беше што ќе ми каже. Иако имам историја позади, ми дозволи да патувам, си добив и терапија. Ми рече дека можам да се бањам ама не на најјакото сонце, да не скокам на бранови, да не седам со мокри купачи. Да си седам на сенка и да си уживам. Во врска со патот, ако е подолг, пауза на 2 часа или доколку нормално почувствувате потреба за тоа. И нормално да внимавам на вибрациите од колата, т.е маж ми шоферот. Среќа возевме по автопат, па беше мирно. И искрено многу ми годеше одморот.