Истото и мене ми се случува редовно од Охридско езеро! Секое одење во Охрид бутам вагиналети Можно е @kukla21 и мене само после два дена ми се активира со чешање, но веројатно бидејќи сите ја имаме во мали количини, условиве за размножување се идеални.
Еве и јас ќе го кажам моето искуство околу патувањата пред три години кога бев бремена. Имавме уплатено за Велигден да одиме на прошетка во Виена,неколку дена претходно тестот за бременост ми покажа бременост,па со оглед дека претходно имав две неуспешни бремености кои завршија рано бев во недоумица дали да тргнеме или не со оглед дека требаше со автобус да се патува,но на крај решивме дека ќе одиме,само др ми рече да земам утрогестан.Многу бев исплашена но бев со позитивна мисла и едноставно уживав во престојот таму,шетавме многу ,а кога се вративме правец на лекар и тогаш прв пат го слушнавме срценцето. После тоа во 5 ти месец некаде бевме на одмор една недела во Грција на втор крак,си седев под сенка,си читав книга,се бањав ама не премногу ,патот супер го поднесов,исто и во 6-ти месец бевме во Банско,мм се бањаше во базен,јас не влегував со оглед дека не се препорачливи за трудници ради инфекции. Се на се имавме и кратки и чести патувања низ МК па немав некој проблем во бременоста.
Кажаа дека нема проблем да е и езеро. Да се внимава да не се скока во вода и да се внимава по патот, да се избегнуваат дупки. Се друго нормално.
Езеро како езеро може не е проблем, ама Охрид генерално мене не ми прија, Самата ладна вода знае да направи проблем. Јас и не поминувам толку страшно, ама братучетка ми на пр. обавезно цистит и кандида после бањање во охридсто езеро е. Инаку јас кога ја прашував мојата матична исто ми рече дека може да патувам со кола. Со паузи на два часа и не предолг пат. За жал ние од други причини го откажавме оваа година одморот. ама догодина има да надокнадам. Цел месец ќе седам ако треба
Здраво дечки, јас сум нова на форумов инаку бремена сум втор пат. Имам здрав машко дете 16 месеци и сум бремена 8 недели. Не сум била бремена кога сум идела на одмор, па ме интересира далу смеам да се бањам во море првиот трисеместат, некои други совети?
Смееш, со внимавање се разбира. Да не скокаш на бранови и слично. Не седи со мокри купачи и не на најјакото сонце. Се тоа и докторот ќе те советува.
Сакаме да одиме на одмор Ох пошто за црнагора ни е далеку ни е страв дека бремена јас сега сум 14 1+ а тогаш ќе бидам 15та и некој ден шо да спакувам шо и е потребно од страна на апчиња совети некои ???
Од апчиња стандард тие што ги пиеш, можеш некоја Прогестеронска поддржка да си имаш за секој случај (ако не пиеш/ставаш ништо)
Се што земаш сега + парацетамол, Б6, нешто против убоди од коморци како Аутан. И нешто после тоа како Јекодерм кој се користи и за изгореници од сонце.
Сакам да појдам кај мојте во охрид барем уште еднаш здравје наредниот викенд а заборавив да го прашам матичниот незнам што да правам сега сме 36+4
Уф ептен на крајот си... После 36та на бебето може да му текне во секој момент да искача... да не родиш во Охрид од Ск до Охрид ли?
Не срцка од прилеп епа и мене ми е тоа дан му текне да излези хахха мене ме фајќа повеќе страв што докторот ми замина на одмор тој рече до крај ќе тераме ама кој може да ти каже сигурно
Јас во 38 недела патував 500 км за еден ден, појдов до еден град и се вратив. Немав проблем плус убаво ми дојде. Е сега ако одиш за еден ден, не верувам да е проблем, ама ако останеш на поседок не се знае може охриѓанче да биди
Дa си oдиш ич дa не бериш гaјле, oд пп дo oх имa 2 чaсa сo кoлa пa и aкo му се излегувa нa бебе зa жaл ниеднo пoрoдувaње (дури ни 5тo дете дa ти е) не трaе тoлку крaткo. И не НЕМА дa се пoрoдиш вo кoлa. Уживaј.
На еден ден само да има саглам доктори не е проблем има болница по европски стандарди направена ама нема доктори
Јас имам резервирано од 02.09 во Паралија во вила на 30м до плажа.Моментално сум на боледување а сум 21 недела,тогаш ке бидам 23 недела.Имав крварење во 10 недела , па после уште 4 пати,во 14 недела,во 17 и во 18 недела.Примам утрогестан и сега е се во ред,бебето е супер,крварење нема.На последната контрола ми рекоа дека се е во ред и дека може да одам на одмор. Сега се мислам дали да одам или не.Ми се оди ептен ама страв ми е некако. Моите сите се против и незнам што да правам.
Абе сo убaвa мислa ќе oдиш ништo немa дa случи ќе внимaвaш кoлку мoжеш пoвеќе и дедo Бoже гo чувa бебo. Убaвo дa си пoминиш и не мисли нa ништo лoшo.