Утре сакам да појдам до охрид кај мојте ама ме фаќа страв инаку сме 38+5 во вторник сме на контрола незнам што да правам на некој сат само
И каков е патот е подеднакво важно. Во таа фаза мене ми беше многу тешко возење со автомобил по полош пат...добива контракции, мислев рака/нога ќе испадне. На автопат, по асални патишта, немав мака.
Девојки можам да патувам? Околу час ипол со автомобил. Нормална бременост имам, ама ме премислуваат. Не било добро. Претходно ко бев повраќав откако се вративме.
Која недела си? Јас во 7ма патував два саати во еден правец и два саати назад, исто и во 20та. Мислам дека не е проблем, како ние што не сме од Ск патуваме секој месец за преглед
16-та недела сум. Фала ви девојки. Ќе одам. Веројатно повраќањето претходниот пат не беше од возењето.
Можеш Јас и двете бремености си патував и тоа подолги релации од саат ипол. Оваа бременост бев на одмор пат 5ч, во 28ма нед. Првата и во порана бременост бев Скопје - Струга и на други релации возење по 1,2ч+ и тоа одење и враќање во еден ден Внимателно мирно возење и немаш гајле. Совет: не гледај во мобилен додека патуваш, не гледај доле во патот, гледај во зеленилото и облаци и нема дa ти е лошо Заборавив... и по можност напред вози се, мене позади на пр повеќе ми се слошува
Јас во четврти месец летав со авион, 21 недела бев на одмор пат од 12 саати, со дозвола од доктор и чести паузи. Овие две недели често имав пократки патувања од 2-3 саати. Ме чека уште едно патување со авион па чим влезам во 7 ми да се смирам малце.
Zenski 7 mesec sum imam super bremenost do sega, mi ispadna da idam do Istanbul dali bi smeela? so avtobus ?
Мaјкa, приличнo дaлеку е Турцијa бaшкa сo aвтoбус. Мoјoт дoктoр ми рече декa мoжaм дa oдaм (нa летувaње вo Грцијa) сo кoлa и сo чести пaузи. Не мислaм декa твoјoт би ти зaбрaнил aмa тебе тешкo ќе ти е (нoзе oтекувaaт и нa нетрудни нa тoлку дoлг пaт a не тебе плус и честoтo мoкрење не знaм кaкo би гo издржaлa).Сепaк сoветувaј се сo твoјoт гинекoлoг.
Јас ќе ти кажам за мене како мое искуство, а ти ќе си одлучиш Бев у Истанбул со автобус а не бев трудна па патот ми беше доста напорен, тогаш патував некои си 15-16 саати мислам. Значи ја не би трудна уопште размислувала дали да идам. Инаку коа бев на сам почеток на 7ми и јас шетав и тоа лани коа беше -20, значи за низ МК не би му ја мислела. Е сега твоја одлука
Здраво мешиња. Искуства и совети. Патување до Германија во 20/21 недела со авион. Дали е во ред да се патува или не. Дали треба некој документи и сл. Искуства ваши. Фала однапред. Поздрав
Сум летала без проблеми. Најубав период за патување е втора третина. За назад само, бев веќе околу 30та, зедов потврда од гинеколог дека се е ок за да летам.
Мешенца, што мислите за патувањето со кола, дали е безбедно? Сакам (а страв ми е) да отидам на еден ден во Солун. Докторот рече дека можам да патувам. Кои се вашите размислувања? Дали вие патувате?
Сите три бремености сум патувала, независно со кола/авион. Кога докторот дава зелено светло и ти се чуствуваш добро, зошто да не. Редовни паузи да се истегнеш или за во веце и убав помин.
Ако ти рекол може, немаш гајле тогаш. Мене не ми дозволи и ми беше шубе. Ти пред да одиш направи си еден преглед (ден пред одење) и со убава мисла во поход