Секој си е приказна сам за себе. Мене ми беше шубе. И матичниот и др што ме водеше во ремедика ми викаа слободно оди ама не претерувај со шетање. На скрининг го прашав Димчев и многу ок ми одговори човекот-јас не можам да ти гарантирам дека се ќе биде ок и при идеална бременост. Оно и така е. Ако ти мислиш дека можеш оди
И мене ми е шубе . Сакам, ама не сакам. Димчев вчера ме пушти, рече слободно до Солун. Во секој случај, многу ми е мило што споделевте мислења, многу ми значат. Thanks girls @eli25, @kukla21, @danichap
@Mimmi39 ако дозволил доктор слободни оди. Патувам и јас, на контроли , а и на шетање. На почеток на бременост бев и на одмор. Нормално се тоа со дозвола од лекар.
Доколку докторот рече дека е ок и имаш нормална бременост, нема дупки по патот, имаш можност за паузи...мене би ми било ок, во државава барем. За надвор не знам оти, страв би ми било во 8-9 месец.
Докторот ме прати на контрола во Скопје, па морам. Инаку нема сега никакви индикации, ама тој вели добро е да појдете на последен преглед кај Димчев. Мене ми е страв само заради патот.. Докторот вели нема гајле.
Јас мислам дека се додека е нормална бременост може и нормално да си функционираш. Јас во трети месец бев на одмор во Грција со кола. Баш тогаш го прашав докторот дали е подобро да почекам да одам во септември зашто тогаш ќе бев четврти месец, ми рече нема потреба може слободно и во трети. Секој месец патувам минимум еднаш за Скопје на контрола, плус реновираме по дома, па сигурно уште по два три пати месечно по салоните за мебел, на шопинг, по гости. Проблеми, фала му на Бога, до сега не сум имала. И не сум осетила некој напор при било кое патување.
Vo petti mesec so avion let saat ipol. Vo sedmi so bus za avstrija i nazad, 7h vo pravec. Ako e se vo red i imas normalna bremenost ne gledam precki zosto ne bi. Uzivaj vo bremenosta! Ovde koga prasav sto smejam sto ne, gin koj ima 70 god me prasa izvini, skraja bilo, ti bolna si ili trudna? Rekov samo fala i pozdrav.
Мене после прво ехо кога видовме срцева акција после ИВФ трансфер Димитров ми рече можеш да патуваш се е во ред. Истите одговори ги добивав од лекари во тек на цела бременост. Ако мислиш дека можеш да одиш оди. Само не знам како ќе ти биде ако одиш на еден ден и се вратиш одма дента. Може да ти биде прилично напорно. Ние бевме во Солун кога бев 28 недела ама отидовме на три дена. Го шетавме Солун нагоре и надолу за работи за бебето и за нас ама друго беше кога имаш каде да испружиш нозе после шетање.
Јас бев и за Солун, а и кога одиме Ск и таму шетам на еден ден. Скоро бев пред некоја недела, 30+, немам проблеми. Не отекувам. Се осеќам ок. Би одела пак до Солун , ама мрчи маж и тие околу мене.
Ако се сетам јас и не трудна не сакав да одам на еден ден во Солун, така што може ја така си има замислено одење во Солун. Сакам порелакс да седнам на кафе, да имам време за Лададика и слично.
Sto mislite za patuvanje vo pocetok na bremenost dolg pat 10 sati . Maticniot veli oti da ne slobodno odi ako mozis ne si bolna.
Уплативме за на одмор во јуни , дека до 15ти јули ми е краен термин за пораѓање, е сега незнам дали да одам тогас ќе сум крај на 8почеток на деветти ? ми се оди ради малата патот е околу три сати
Јас би ти рекла да не одиш. Мене термин ми беше 6октомври се породив на 21 септември. Влагаш во 9 и може секој момент да се породиш.
Да си одиш ич гајле да немаш јас до последно патував а прв пат отидов во 12недела во Грција а инвитро бев.
Патував секој месец по 2-3 пати 2 часа со кола двете бремености и сега оваа бременост исто , иако сите три бремености не ми се сјајни , првите две со хематоми до 4 месец и контракции од 7 месец , исто и со оваа бременост , ама кога морам да патувам морам , а сега здравје во Скопје ќе останам до пораѓај бидејќи патот почна да ми пречи . Кај сите жени е различно , ама сепак ако нема некој голем проблем со бременоста или ако нема многу гадење во бременоста може да се патува секако со одобрение на доктор .
И јас би рекла да не оди, превентивно. И кај мене се е во ред со бременоста и многу ми недостига патување, но решив овие 9 месеци да си седам дома. Ќе има време, и за одмор, и за други патувања. Таман, заедно со бебушка