Нека те прегледа доктор и ќе ти кажи дали е безбедно да патуваш. Јас пред да одам на одмор бев на преглед и го прашав и ми одобри.
Доколку патуваш со авион и си во поодмината бременост, некои авиокомпании (ако не и сите) бараат да имаш и документ од доктор.
Па до крај, но после 28 недела отприлика можеби ќе ти бараат документ од доктор, извештај за дозвола за летање од гинеколог.
Мојот доктор кој ми ја водеше бременоста кога прашав дали може да летам со авион и кога, ми одговори слободно, но ти препорачувам тоа да биде во второ тромесечје. Бев 16та кога летав, во 18та се вратив, летот беше околу 2ч, супер поминав за време на летот, таму уште поубаво Втор пат патував за Грција, одмор, околу 4ч пат со кола, во 23ра појдов, во 24та се вратив, патот едвај го издржав и натака и навака таму топ! Трет пат бевме на ден во Софија, 6-7ч пат со кола, 26та недела, ептен фин помин ич не се изморив, за накај дома се изнаспав Мене ми беше дозволено до 28ма да патувам! Излети, прошетки, возења од 2ч не ги ни вбројувам, кој знае колку беа на сите се возев најнормално, никаква потешкотија немав, само на едно ми беше смрт, бевме на гости во Драчево и од кај мене дома па до таму имаше некои 30км, во 32та недела идев, абе умрев
Зависи од авиокомпанијата, јас патував со Wizz Air во 24 недела, стјуардесата ме праша која недела сум, кога и одговорив само ми рече добро, рано е. ништо не ми бараа. Но, некои авиокомпании не качуваат после 7 месец, мислам дека една од нив е Lufthansa. Инаку во бременоста до сега патував многу, два пати со авион, еднаш со кола на многу долга релација и многу често на мали релации. Никаков проблем немав.
Vi blagodaram na site za mene uste e rano ama si prasuvam za sekoj slucaj vo germanija sum a imame zakazano svadba za vo avgust vo makedonija sega sum 5 nedela se nadevam deka se ke bide vo red i ke mozem da idem jas prasav posto edni edno kazuvaat drugi drugo pa zatoa rekov ke prasam so iskustvo ke mi kaza
Ne mozam da najdam druga tema , pa tuka da Ve prasam so mislite za leten odmor, vejke ni e uplaten za kraj na avgust a jas ete si ostanav trudnicka togas ke bidam negde 7 mesec , pocetok na 8 mi da odam ili... kakvi iskustva imate. Inace grcija sme blisku e 3-4 sati pat
Ти бремена си аиииии Ако е се во ред со бременоста и докторот кој те води ти даде зелено светло, зошто да не. Само потврда од доктор ќе си зедеш. Јас имам пишано погоре мене до 28ма ми дозволи д-р да патувам..
So dozvola na doktor,patuvav do Crna Gora,bev sesti mesec so kola vo juli mesec. Ne bese nesto posebno naporno,osven za mm,morase na 30min.da zastanuva i wc da bara za mene.Kosovo i dupkite po patistata si go napravija svoeto... Tamu minav odlicno. Pred da se resite dali da patuvate a ste bremeni,moj sovet e da se konsultirate so vasiot ginekolog.
Нормално мила со дозвола од доктор можеш да патуваш. ЈАс мојата бременост ја поминав во патување, посебно летото постојано бев на релација за Грција... и фала му на господ се добро заврши..
Здраво. Сакав да побарам мислење или некоја со искуство. Оваа недела треба да патувам за италија,сум 21 недела. Прво сакав со авион,ама многу се плашам никогаш до сега не сум летала од тој страв. А со автобус е некаде 12,13 сати возење. Паузи прават да ама страв ми е зашто јас многу често одам wc.
Јас не би на пат со автобус, па и 12-13ч уште, да би било со кола пак може некако, ќе правите долги паузи, повеќе ќе се внимава на возењето, поудобно можеш да се сместиш и слично.. Јас со авион во 17та патував немав никаков проблем
Не знам какво решение би нашла за вецето..не смееш да "држиш". Со своја кола е едно, вака со автобус и јас не би. Имам позитивни искуства со летање. Со автобус никогаш не патував, не се осмелив башмпоради немање влијание на паузите, а со кола дестинациите беа до по неколку часа, исто безнпроблем.