Јас летав без писмена дозвола на гинеколог, затоа што не знаев дека ми треба, а инаку треба. Меѓутоа не ми направија проблем, потпишав документ во авион дека нема да ја тужам компанијата ако настанат некои компликации (за Wizzair)
Јас летав во 19та недела без никаков документ со wizz air. Не ни напоменав на гинекологот бидејќи беше кратка релација и јас немав никакви проблеми.
Мојот доктор неколкупати ми напомена дека најбезбедно е да се лета во второ тромесечје. Јас летав 17та недела, имав писмена потврда, плус и преведена, со заверка од нотар, но поради мала бременост никој не ми побара (имав поради ХХ причина инаку не треба). Ако не се лажам бараат од 26та, но не сум сигурна треба да се праша. Во секој случај некое пасулче која недела си обавезно носи и последниот извештај за бременоста ќе ти заврши работа
Сакаме да одиме на одмор во август, тогаш ќе бидам 21-22 недела, на море во некое мирно градче, за таму не се плашам, знам дека ќе се пазам, но како ќе го поминам патот.. тоа ми е тежината.. Препорачајте ми местенце, да има убава плажа и да има сместување блиску до плажа, несакам да се возам и до плажа +
Грција, на прв крак сите плажи се блиску до море, Полихроно, Неа потидеа, Пефкохори, Калитеа и водата е мирна и топла, а на запад Сивири бевме многу дуваше ветар и имаше бранови
Оф топик, имај на ум дека тој период треба да го правиш вториот скрининг, да си испланираш временски. Извини вака што улетав како загрижена мама Најубав помин
Фала драга, мислев да одам по скрининг, доколку матичниот ни дозволи. Не планирам да уплатам од сега, ќе бараме некоја ultra last minute понуда До август може и три пати ќе се премислам дали сакам да одам или ќе ме тресат паники затоа што прв пат сум бремена
Ако бременоста е нормална нема причина да не одиш. Па 20та недела.... Најубав период е тоа. Јас на пример лани бев 30та недела ко бевме на одмор
Јас сум 29 недела сепак планирам на некој ден да отидам крај на месецов или почеток на јули а до тогаш сигурно ќе бидам 31-32 недела и јас сум душа да прошетам малце.. Само незнам дали ќе се бањам тоа некако ме плаши .... Што мислите вие?
Здраво, ме интересира ваше мислење дали е безбедно да се лета со авион(летот е 2ч и 15мин) од германија за мк во 7ма недела од бременоста? Тука гинекологот ми рече нема никаков проблем , а и не се оптеретуваат мн мн, као демек ако нема потешкотии се е дозволено Ваши искуства?
Ја идам во 34та на прв крак и не се замарам, и бањање и све. Си купив купаќи со горниот дел како маичка (изгледам како кит, ама ми е гајле) и одимееее! Во 7ма летав до Будимпешта и назад, во 14та до Мајами и назад (13+ саати лет и преседнување во Истанбул). Ако доктор вели ок, летај маче. Ќе си стануваш ќе си се шеткаш низ авион за да не отечеш, толку. Не сме болни, трудни сме.
Dali mozi predlog za grcija da e po blisku da nemame mnogu pat , so malo dete I plus jas bremena ? I vo sakala vo mestoto da Ima ambulanta ili Bolnica - doktorr malce sum so strav za da patuvam deka bremena a mi se odi pa vaka malce ke se cuvstvuvam posigirna. Lani kade so bevme nemase lekar , trebase da se vozi okolu 30 mim ne sakam taka
Ве молам за мислење девојки околу 23 недела од бременост сакам да одиме на одмор 7 дена, некаде 20 август отприлика, што мислите за Пефкохори на првиот крак. Првин размислував за Калитеа меѓутоа ме премисли угорницата и скалите, сепак Пефкохори е порамно
Добро е Пефкохори мирно,рамно фино е,јас сега бев во Паралиа исто рамно си е мирно ама плажата и не е нешто најчиста,алги има многу..Јас имам уплатено за на Тасос на 5ти август ќе бидам 20 недела и решив да одам не откажувам,со сопствен превоз ќе одиме нема со автобуси да се мкнам...сега подалеку е ама плажите вредат да се видат...се надевам се ќе биде во најдобар ред
Имаш многу убави плажи и местенца на почеток на прв крак, до Неа Модања и може да си разгледаш на http://gohalkidiki.com/ имаш директен контакт со сопственици на апартмани.
Искуство со патување во бременоста (летање,2 часа) ? Здравје,20 недела ќе бидам тогаш,докторката ми рече дека со оглед на тоа дека имм нормална бременост и немам некакви проблеми,смеам да патувам. Сепак,ако може некој нека сподели искуство.
I jas ke patuvam vo 20ned 2,3casa ama so kola ako e se vo red I ako ti rekla Dr oti mozes znaci moze da patuvas I mene mi rekoa oti ke moze da patuvam
Јас искуство со авион немам иако матичната ми дозволи само рече утрогестан да си земам. А за со кола цела бременост не сум застаната, уште на почеток патував и фала му на господ се било во ред.