Драги феминки, мамички и идни мамички, сите ве поздравувам. Нова сум на форумот како член а ве читам од многу одамна. Веќе подолго време сум во двоумење па сакав да ве прашам за совет и мислење. Од наредната седмица веќе сум 30та недела од бременоста (прва бременост, уредна), и се двоумиме за летен одмор на море (Албанија). Па би сакала ваше мислење/искуства/совети? Однапред се извинувам за долгиот пост
Прашањево тука ќе го поставам,зошто соодветната тема гледам одамна не е активна. Дали сте патувале со авион во бременоста и дали ви правеле некаков проблем,да бараат нешто од докторот и сл? Следната недела ќе патувам,па да си знам.
Доволен е обичен преглед од матичниот гинеколог, колку за тебе лично, да ти каже дека се е ок и дека си фит. Никој ништо не бара. Имам летано повеќе пати, не бараат. Само за назад, после 30 недела веќе, зедов документ од систина дека сум способна да летам и ја предадов на шалтер. Требаше да биде актуелен, максимум 72 часа пред летање мислам. Но тоа е за во многу напредна бременост. За тебе не треба ништо. @vitamina исто, леташе на почеток од бременост. Мислам ништо не и бараа.
Некој што патувал со автомобил на подолга релација, 15, 17 часа имаме пат, да сподели искуство, на што треба да обратам внимание, знам дека често треба да се одмара, др.нешто? Перниче се мислам да ставам одоздала под мене, за др не ми текнува..
Здраво девојки, ми треба мислење за одмор во Фурка на првиот крак во Грција, ќе сум 6 месец бремена кога ќе одам и барам мирно место без мн гужви, со песочна плажа и чиста вода. Знам дека е мирно местото меѓутоа одиме со кола па ако ни е одсадно две три вечери можиме да одиме до Калитеа или Пефкохори. Поздрав се надевам била некоја трудница па да сподели искуства
Исто и јас барам место за одмор, ми треба да не е предалеку местото и да има убава чиста плажа/вода.. Ве молам за предлози
Сарти на втор крак ви е со долга песочна плажа и доста мирно фамилијарно место. Има прекрасни плажи наоколу со тиркизна вода доколку сакате да прошетате. Иако јас би ви го препорачала Љубаниште на охридско за прав одмор. Јас би за таму за вистински одмор.
Јас се мислев за Неи Пори, таму бев како дете и ми текнува само на преубавата плажа.. А ресторанчиња, продавници и слично незнам дали има, сум заборавила.. Такво место сакам, ќе одиме со кола ама би сакала да не одам секој ден на плажа со кола, значи важно ми е да има убава плажа блиску до сместувањето. Да има ресторанчиња, да има кај да прошетаме навечер..
И јас ќе патувам околу 17 18 часа докторот ми кажа да си земам перноца за под газ и за кичмата па јас си купув една голема перница да ме фати убаво се и додека седиш да ги мрдаш нозете и нормално многу течности одмори. Која недела си?
Мене најубаво ми е Калитеа. Тиркизно море, чиста песочна плажа. Има маркети и кафили. Ама тие скалите. Е сега ако сте со кола и на плажа да одите со кола топло ви препорачувам. Некој спомна Љубаништа? Местото е убаво и мирно, ама водата мраз дека е блиску до изворот. Пред 5-6 години каков цистит закачив од таму. Више не ми текна повеќе од до колена да влезам во Охридско.
Јас влегов во 4ти месец..инаку добро поминав, и јас со перница патував, често запиравме да се размрдам накратко и немав никакви проблеми..
Zdravo zenicki i majki edno prasanje i iskustvo vase... kolku e dobro patuvanje vo 36 nedela od bremenost na 2 saati patuvanje? Nemam nikakvi problemi vo vrska so patuvanje ni macnini ama deka veke prva nedela od 9 mesec bi sakala vase iskustvo... normalno ke baram sovet i od ginekologot
Зависи како ке ти каже доктор и како се осекаш. Јас немав проблеми не ми беше забрането, со тоа што докторот ми рече после 7ми-8ми месец да не возам јас, мада еве влезена во 9ти низ град уште возам, а за надвор од град не дека не можам, ама штом рече доктор друг да вози јас уживам ))
Па ако е се во ред јас мислам дека нема проблем. Познавам трудници до пред една недела од породување што патувале по час и половина секој ден да нагласам со автомобил
Зависи каде и со што. Јас со кола не би патувала повеќе од два саати, а со авион си е на твој ризик со временската прогноза моментално. Ако е за низ Македонија со тие дупки и сообраќаен хаос со два сантима снег не би одела никаде.