Здраво феминки Ги читам предходните постови и повеќето сте патувале во бременоста... Мене ме фаќа страв ... уште пред да останам трудна уплативме за одмор со авион мене ќе ми биди прво летање а ќе бидам 4месец од бременоста... нз што да правам дали да патувам или не ... летот е 2 ипол часа
Здраво на сите, стара членка сум но одамна немам пишано. Постарите ме знаат. Имено бремена со второ од утре полни 16 недели. Утре идеме на одмор од германија до црна гора ќе бидат 16 17 часа пат со кола, со чести паузи можеби и 20 часа. Доктор ко доктор рече да не патувам со кола оти е долга релација. Инаку во ред е бременоста немам проблеми фала богу. Си обезбедив чорапи за компресии да не ми отечат. Кога бев во 5 недела требаше да летам за мк откажавме поради докторот кој ми рече ризик е во рана бременост да патуваш со авион. Ок откажавме. Сега сакам да одам на одмор. Таму остануваме една недела а потоа одиме за мк( 7-8 часа пат). А дури после две недели се враќам здравје за германија пак. Некој искуства на подолги релации? Малку ми е страв! Поздрав
Здраво, Јас сега со прва бременост заминав на одмор во 10та недела со кола од 5-4 саати до аеродром и потоа авионски еден час.. а имав и кафеаво пред да одиме.. докторите ми рекоја слободно можеш да одеш бев на преглед пред да заминам ми рекоа не е страшно само не изл на жешко не се сончај повеке течности и тоа.. немав никакви проблеми супер поминав .. доколку немаш некоја мака мислам дека можеш.. баш и докторите ми посочија ако си бремена не си болна оти сум паничарка за такви раб..
Ако ти е страв, не патувај, издржи, па потоа со бебето ќе си патувате. Или одете со авион, пократко е патувањето. Најдобро сама да си процениш дали можеш и треба да патуваш. Со лесно бременоста.
Те памтам , честитки , пријави се во термини Ако се е во ред со бременоста, нема зошто да се плашиш од долго патување. Ќе правите паузи и тоа е тоа. Јас најдолго што сум патувала е 6 часа , и тоа јас сама возев , 28ма недела кога бев здравје , нареден месец кога ќе треба да си одам од мк ќе бидам 34 недели па пак ќе мора сама да возам.. но секако ако се е во ред , нема да имаш проблеми
Патував и во 8 гн ,во 12гн, ќе патувам здравје за две недели пак тогаш ќе бидам како и ти 16 гн. Ниту првиот пат ниту овој верувам ќе немам проблем . А башка и мм многу ретко прави паузи , не ја трга ногата од гаста А па и јас до душа си се однесувам најнормално како и кога не бев бремена , и ни немам некои барања да правиме често пауза - првиот пат патувавме 10 ч ,вториот околу 6 ,сега дури и подолго . Од мое искуство не претставува никаков проблем , ама секој си е индивидуа за себе и најубаво е сама да си процениш дали треба да патуваш ,како си се чувствуваш ..
Јас сум во Австрија, во бременоста патував 2 пати со авион и еднаш со кола на подолга релација 30 часа. Никаков проблем, супер бременост. Доколку немаш никакви проблеми и тегоби слободно можеш.
Фала ви на сите за инфо, со страв патувам но со господ напред се надевам ќе биде се во ред, 1400 км е ќе правиме често паузи перници околу мене вода грицки се што треба па со божја милост убаво да поминеме.
@ddevojce ако имаш уредна бременост не е проблем да патуваш. Баш пред некој ден прашував лекар,јас ке сум 10та недела на почеток Септември планираме одмор,со кола нешто над 600 км+ секојдневни тури таму.Лично имам мачнини и ради нив може да одложам,иначе не,дури сакам и да возам дел,досадно ми така да дремам. Вашиот е доста долг пат,ке правите паузи па ако треба и отспијте некој саат во мотел по пат,пази да си хидрирана и испружувај нозе често.
Дали и трудници поминуваат на ренген на аеродромите,или сепак е штетно да се помине ,и имаат мозеби друга алтернатива??
Не е воопшто штетен, тие скенери не продуцираат јонизирачко зрачење. Јас секој ден за да влезам на работа проаѓам таков скенер.
До која недела од бременост можи да се патува со авион со wizz air без да ми бараат дозвола од гинеколог? Знае ли некој? Знаев во првата бременост, но сум заборавила.
Мислам дека до кај 32 ако ме држи меморијата. Ама јас си земав потврда од гинекологот и кога одевме сега на одмор, бев 26 недела - за секој случај. Можеш да се јавиш и да ги прашаш...
Да ве прашам за искуство дали некоја од вас има патувано час и половина со автобус во 32 недела. Докторот ми рече нема да биде проблем имам нормална бременост , ама јас некако не би се нафатила да патувам
Немаш потреба да се плашиш штом имаш нормална бременост.Мене гиникологот ми беше 1 и пол саат од дома.Со јавен се возев.Од 32 одев на 2 недели мислам на цтг.Се породив со провокација 41+0.Уживај си
Немаш потреба од грижа ако бременоста ти е уреднa.Се разбира и патот да не е лош,неасфалтиран и со кривини кои би ти предизвикале мачнини или контракции. Има жени што до крај одат на работа,и секојдневно поминуваат толку време во јавен превоз.Без гајле биди си.
Дали е дозволено во првото тромесечие да се патува со авион? Шеста недела сум и треба да патувам 2 часа со авион. Се е супер а гинекологот ми рече дека не препорачува патувања до 12 недела..