Снаа ми лани имаше 3 патувања со авион во 1во тромесечие,едното беше шетање,другите две службени.Низ Европа беа,по два часа плус минус.Не е штетно за плодот,само не е препорачливо поради можните лошења и промените на клима,на организмот кој и така се адаптира на нова состојба.
Сакаме со сопругот да одиме Сараево за нова година тогаш ќе бидам веќе 5 месец здравје Боже. дали е добро да се патува со кола 7-8 саати? искуства?
Консултирај се со гинеколог, ако имаш уредна бременост, ќе си правите чести паузи по пат, не би требало да биде проблем, јас лично не би одела никаде на тој студ
Jas vo 4ta nedela od bremenosta patuvav za santorini so brod,bidejki so avion ne mi dozvoli genekologot iako tie 8 saati mi se vidoa pekol na brodot
Имам назад пишано Векичка.Јас патував на одмор толку.Нема проблем при уредна бременост,само на секои 2 часа возење од прилика,за застанете да истегнеш нозе.Ако сте сами во кола лесно е,ке вратиш седиште и нема да ти се свиткани.На бебето не му пречи патувањето,само за тебе за циркулација е битно да се исправиш и разодиш малку.Иначе 2 триместар важи за идеален кога е патување во бременост во прашање,важи за најбезбеден
Можеш доколку се си е во ред.. јас заминав на одмор со авион во 7ма или 8ма недела.. ако си трудна не си болна ми велеше докторот и вистина има трудници што и во поголеми месеци патуваат со авион..
Јас патував 4 месец од германија за црна гора ( 20 часа пат ) таму една недела одмор и после од црна гора до мк 9 часа пат. Назад многу побрзо се вративме дури и јас возев по пат за околу 20 часа. Јас имам уредна бременост фала богу, но мојот гиннеколог тука е многу конзервативен и не ми даде дозвола да патувам туку ми рече сама да си одлучам. И си одев за мк. Сега пак бевме на одмор една недела скоро 5 часа пат. А заборавив да пишам кога дознав дека сум бремена имавме карти резервирани да летаме за македонија тогаш бев 5-6 недела, и докторот ми кажа дека не е добро да патувам толку рано со авион дека има зрачење и од вибрации во авион па да не се случи нешто. Не мора да значи дека ќе биде така ама јас да сум мирна дека за втората бременост две години се обидувавме, откажавме и карти и де. Ама зимно време јас баш не би се осмелила да патувам посебно ако има снег и сл. Не ги чистат патиштата како треба. Разѓисли и одлучи си.
Цела бременост во кола и во авион. Последно летање ми беше во 34 недела. Ако имаш уредна бременост нема да е никаков проблем. Прави чести паузи ако имаш проблем со натекнување.
Јас летав од почеток до крај секој месец по 2 пати. Од 36недела некој авионски компании забрануваат летање. Некој бараат потврда од доктор дека имаш уредна бременост. Конкретно Виз не бараат ништо, бар мене не.
Јас летав во 7 ми месец, се беше во ред, ништо не ми бараа , само стјуардесата ме праша која недела сум. Со wizzair.
Здраво девојки, сакам да одам на одмор а патот е долг 6 до 7 часа, а јас ќе бидам во 28 недела, па ме интересира ваше мислење
Ако немаш проблематична бременост, зошто да не. Јас бев во 30-та недела, близначка бременост, немав проблеми, се осеќав здраво и силно и тргнав. Сепак, секој си знае за себе.
Ако е уредна бременост да, јас 27 недела бев патовав, а и често летав во бременост. Сепак ќе си направите пауза малце да оптегнеш нозе, освежиш и терајте.
Здраво девојки, влегувам во 8ми месец но сакам да одам на одмор, малку подалеку. 10 часа патување имало до Ксамил,сега дека преку Албанија Дали некоја од вас имала искуство?..Досега имам уредна бременост