Јас лани летото бев 18 недела па отидов на Лефкада и тоа со автобус...и имав прекрасен одмор. Уживајте само внимателно со сонцето и избегнувајте базени
И јас лани бев незнам кој месец бев 3-4 така нешто мислам дека беше бевме до Неа Врасна си истерав супер одмор се утепав од бањање и шетање и немав никаков проблем, а јас како мало бебе сум во вода па и голема гума си купив не искачав
Мене лично ми е многу страв од инфекции, па затоа најверојатно ќе паузираме оваа година од одмори и ќе си седиме дома. Здравје другата година со бебушко заедно сите тројца.
Мене кој малер ме спука, како сакав да си отидеме со мм на одмор, моренце, тиркис, гирце ама ништо од тоа. Еден ден пред св.Кирил и Методиј и го напнав да одиме веднаш да уплатиме капар у агенција и да си најдеме некое аранжманче, си дадовеме капар 30% апартмаснко имаше само со разлика во цена од студио за 20 евра и јас јупииии нема да се стискаме со куфери ептен се израдував. После тоа навака натака по град и дома коа стигнав болки позади кај бубрезите болки напред доле како за добивање, мм се преплаши и ми вика кај бе на одмор вака јас не знам во ск што да ти праам. И срека ни го вратија капарот и нема да видам ништо од море оваа година, здравје боже следната година со бебето ке си одиме
од солената вода се уништуваат мн. бактерии и снемува мн. инфекции несмееш во базен и езеро и да не седиш со мокри купачи и секако подалеку од директна изложеност на сонце, така да ако имаш желба за море да те предомислам , Слободно оди и уживај за последн пат без најслатката обврска на светот после се е друга приказна, коса да ти се крени да не знаеш каде попрво да допазиш
Девојки, ние размислуваме за можноста свадбено патување...море ете од тоа што ве читнав, значи пред 28ма недела е ок да се патува...јас би била 18 недела на патувањето. Прочитав дека морето е ок, базенот не се препорачува...да се пазам од сонце....но како го пиминавте патот? И што се си понесовте превентивно за таму?
Јас патувањето си го поминав супер иако бевме во кола 5 саати дека го утнавме патот , за на плажа одевме порано малку и до 10/11 најкасно и после од 17/18 повторно и под чадор или сенка бев, а превентивно ништо не носев освен фолната, б6 и парацетамол, во базен и јас не влегов, а ниту пак во езеро, па кај и да одиш убаво да си поминеш
И јас минатото лето бев на одмор, бев некаде 4,5 месец отприлика, 3 недели седев и мноогу убаво си поминав, одев секое утро кај 8.30-9.00 најкасно, си се изнапливав и после под чадор, уживанција, рано кога одиш нема многу народ , тек после 10 часот почнуваат да доаѓаат, така и мене ми беше страв да не фатам некоја инфекција и си одев рано наутро, кога водата беше чиста како солза, а после од толку луѓе , јас седев максимум 1 час само и после домче, се сунчав најнормално,ама не многу на сонце ретко ставав крема со заштитен фактор оти никогаш не горам, таков ми е тенот и така супер ми беше, после тоа кога се вратив отидов на гинеколог и си беше супер се. така да, немојте трудници да се мислите , одете слободно, пливајте, уживајте, сончајте се ама по малку само не многу , повеќе на сенка и релаксирајте се додека сте сами оти после кога ќе дојде бебуш нема толку слобода
Летово ќе останам во мк, ќе одам во Охрид па ме интересираше дали може да влегувам во езеро или не е препорачливо??
Мене докторката не ми препорача езеро, баш напротив. Ми рече ако одам на езеро да користам само како воздушна бања, заради многу ризици.
слатките води се живеалишта на многу бактерии, а нема што да ги уништи затоа се забранува може да се закачи недај боже триста глупости, инаку јас ќе носам еден куп лекарства што смеат да се користат во бременост како , синопен, линекс, реглан, парацетамол, скојдневните витамини, сируп против алергија, вагиналети за недај боже инфекција, јекодерм и мислам дека нешто не заборавив пак ќе прашам пред да одам, уфф едвај чекам
На оваа тема многу дебатирав, се распрашував...ама дефинитивно следната недела, една убава консултација со матичната ќе си направам.
Види, ако имаш нормална бременост и ако не си повеќе од 7 месец, ако се чувствуваш добро тогаш дефинитивно можеш да патуваш. Јас сега си бев во Грција и не се ни осеќав „трудно" ни тешко ни не знам како. Сепак не сум присталица за далечни дестинации во ниту еден период од бременоста, ама за негде кајшто за 3 часа си дома - зошто да не
јас во третиот месец патувавме со автомобил и отидовме на одмор немав никаков проблем и таму го осетив бебусот за прв пат
Убаво си се изнаправивме муабет кој кај ќе оди, дали ќе оди, ама јас си имам еден друг проблем. Костим?! Мајко моја мила имам 10 пара, и дводелни и едноделни и ништо не ме собира! Не сум проверила по бутиците за трудници, има? И дали се лудачки скапи како и се останато?
no way,, не се скапи иц да ти казам инаце јас си купив од сара фесн како и порано со си носев само поголеми абе прекрасни се и слицна цена се ...узивкај...
Немам шанси за таков костим, затоа што во градите сум огромна и до сега го носев најголемиот број... Долните ги теснев. Сега го раширив и долните, некако не ми одговараат, високи ми се. Пробав ниско под стомак, изгледам смешно, пресмешно. Ќе морам да купам таков труднички изгледа!
Ти бараш костим за капење, јас неможам фустан да си најдам . Овие моиве растеле, се заборавиле. Со стомакот немам проблем колку со дотичниве .
Чекајте да видите кога ќе почнете да доите, сега ништо не е. Јас се чудам во што ќе ги сместам моите. Јас немав проблем со патување, имав лесна бременост, не патував само откако влегов во деветти месец, да не излезе бебушка на сред пат.