Со кола не би ја искрено на долг пат. 8 месец како викаат е најкритичен, патот до Ксамил како што сум чула е опасен т.е кривини многу, потоа инфекции недај Боже. Јас вистина летав со авион еден саат крај на 8ми ама одев таму кај што требеше да се породам.
јас сум седми .Грција сум на одмор веќе една недела.Патував 4 и пол часа.Паузи правев 3 пати,никаков проблем немам.Мене ми е супер тука.Мн е по свежо отколку во Мкд.Ме одмара морето,плажата,воздухот.Во апартман сум на сама плажа така да си одам кога сакам ,седам колку сакам Претежно под сенка сум.Секако консултирај се со твојот лекар пред да одлучиш.Јас се изнауживав.
Теоретски до 36 недела смееш да патуваш, сепак без консултација со матичен или докторот кој ти ја води бременоста тргнување никако бидејќи сепак ќе бидеш 8ми месец. Не би требало да имаш проблем штом до сега си имала уредна бременост ама сепак ти треба консултација, сигурно и ќе ти направи преглед детален пред тргање, да измери цервикс и сите останати работи. Ако одите со авотомобил на 1 час задолжителна пауза или ако ти треба на помалку 30 или 40 минути, ради циркулација. Е сега имајте во предвид дека патот не е баш добар во Албанија ти сама си знаеш по тебе како се справуваш со лошење и гадење во бременоста. Хидратација обавезно значи свежа вода во кола и некои соленки крекери и овошје. Ако се решите да одите, сигурно ќе си помините најубаво
Ako imad uredna bremenost,a i dozvola od ginekolog slobodni patuvaj,no preporaclivo e da se pravat pauzi na sekoj dva saata.. Jas skoro bev na odnor 3 saata vozenje sto e mn malku vo spotrdba so tvoeto no sepak pravev pauzi a i bev vlezena vo 8mi. Iskreno samo mene mi bese mn tesko od sonceto edvaj disev vleguvav vo voda se razladuvav ama sepak tesko odese raborava vo 8mi , pocnav podocna vo 19h navecet samo da idime na plaza sto bese poln pogodok, svezo vreme,malku luge na plaza,sunset , ubavini..Ama odenjeto po plaza i do plaza prvitr denovi edvaj odev odnosno disev .. Ubav pomin
Јас не би Другарка ми во Лефкада се породи во 7ми месец , па инкубатори, транспорти, стан продадоа Алал на храброста, но јас би рекла седете мирни, ова е побитно Искуства има и убави и неубави. Одлуката е твоја
Многу пат е а при крај си,јас на почеток на бременост бев на Санторини на меден месец,едно пат ме измори,беше измачување за мене
Јас сум 11 недела. Во неделата се вратив од Амуљани. Патот ме исцрпи до немајкаде. Малку останав таму, па и на враќање исто. Ми требаа 2 дена тука за да дојдам при себе.
Јас сум 30 недела, кога и спомнав одмор на докторката иако имам се уредна бременост досега, рече не ти препорачувам никако,и тоа заради повеќе причини.. Заради короната, заради пожари и несигурност при премин на граници, можен застој и жештини. Не ја напуштај државава рече.... Инаку морето е благодет за трудници, ама оваа година не е во нормала ништо, така да... Ми останува огрид и струга, без капење....
Инаку, сакав да прашам што мислите дали е ок да се избањам во базен.. Имаме наш приватен..хлориран,прочистен но наместо плочки фарбан е со боја... Дали би било штетно?
Девојки здраво. Кажете ми дали нешто треба да носам потврда од матичен лекар или зошто сум трудна а ќе патувам со авион воТурција во јуни? 23 недела ќе бидам близначка бременост
Најдобро прашај во авиокомпанијата. Но мислам дека од 7 месец некои компании бараат потврда од доктор.
После 28ма треба. Ако леташ со Туркиш и тогаш не ти треба никој не се замара, освен ако не си со стомак до гуша нормално. Јас летав 27+ никој ништо не ме ни праша, а не па потврда. Само те скенираат повнимателно да не носиш нешто друго кај стомакот.
Луѓенца некои лекови при патување и самиот одмор дали ви имаат затребано, пример: за лошење, болки, од промена на клима мачнини...?
Дали некоја има патувано во Албанија? Каков е патот, со кривини, со ридови? Никогаш не сум била таму, а го мислам како најблиска релација од Охрид. Ми се оди на море. Се да биде здравје понатака во ред и ако ми дозволи доктор и ако се осеќам добро, би одела. Три години не сме биле и само ми примирисува на моменти на солта.
Од охрид, тоест од елбасан додека да се симнеш има кривини, после кога се двои патот накај море(зависно на која страна идеш) е ок патот. Одамна не сме биле преку Струга, зошто идеме преку Косово каде што е се автопат. На 1ви идеме ние конечно на море после 3 години.