Хелоу Тие што сте патувале на одмор до Грција во 29та недела дали поминавте убаво? Имам уредна бременост и дозвола од доктор. Но се мислам дали да отидам во 27ма недела, тоа е 16ти јуни( ама на сомнеж ми е колку ке се затопли морето до тогаш ) па по сигурно ми е да ја фатам првата недела од јули, но тогаш веќе влегувам 3 триместар и на мисла ми е што ќе сум поголема хаха
Јас бев во 27-28 недела на море, а исто во втора бременост бев Ница таму не се бањав само на шетање и поминав одлично. Доколку се осеќаш добро ич не се мисли
Devojki dali nekoja so ivf postapka bila na odmor vo rana bremenost. Inaku odam i na rab ne sum na patoloska
Колку рана бременост? Важно е ти како се чувствуваш. Може да одиш ако се е ОК, но ако не сакаш да ризикуваш, барем почекај 12та недела да помине.
Недела влагам 27 недела , бебе е 26 недела и ќе патувам со авион . Летот е 1 саат и 15 минути но ме интересира какво е чувството , дали бебе се вознемирува при полетување и слетување? Матичниот не ми даде потврда . Читав дека Кроатија дозволува до 28 недела и од 32 недела бара потврда, дали има некоја патувано Загреб - Скопје и (не знам кој одлучува за патување дали стујардеса или цариник ) како поминала?
Неколку пати летав по 2-3 часа, (6 пати и тоа во вториот триместар и првата недела на третиот), а само еднаш имав потврда од матичен. Никој ниту ме праша, ниту ми побара некаков документ. Но, ти земи си за секој случај. Летот со авион е најбезбеден, ниту тресе, ниту нешто непријатно чувствуваш (освен, не дај боже да има силни турбуленции, но секако нема да има), ниту бебе се вознемирува. И сега во 36та недела би му ја летнала. Уживај во летот! Само ако можеш земи си седиште до коридор, во случај да треба да одиш во тоалет за време на летот.
Тоа се нервирам што матичниот не ми даде потврда и замина на годишен одмор. Демек као никој нема да ти побара , а ни да те праша дали си трудна ако сама не кажеш. Фала ти
Дали некој патувал во 33/34 недела со авион или со кола? Се мислам за нова година да си одам до Мк ама страв ми е Со авион е 2h ама со кола 17h
Како изгледа таа потврда од доктор за патување. Мене матичната последно кога ми правеше скрининг (бидејќи прави и скрининзи) ми рече докуметов од скринингот е на англиски и доволен ти е. Ама мене не ми се ризикува со тоа да појдам на аеродром. 25 и 26 недела треба да летам а летот е со транзит и со чекање неколку саати на аеродром.
Во безбеден период си. Ако ти е во ред бременоста, слободно патувај. Пишував и наназад, не застанав во текот на бременоста со патувања со авион, со транзити, пешачење и сето тоа без проблеми. Со авион летав до почеток на трет триместар, после тоа со кола на 2-3 часа возење.
Фала ти на одговорот. Сега за сега се е океј со бременоста, па здравствени пречки немам. Повеќе се плашев на аеродром да не ми направат проблем ако немам документ. А во 28 и 29 недела пак имам летови ама штом велиш дека си летала до почеток на 3 триместар, не би требало да има проблеми од тој аспект