и јас патував,ама сум 11 недела,се беше добро освен мало крварење неколку дена после стигнувањето. бебето е во мене се надевам дека е добро и добро Kе издржи додека го земам во прегратка
една консултација со вас здравје и живот во понеделник треба да одам за Бугарија па сега прв пат патувам во бременоста.. некои совети .. со докторот не сум се советувала... инаку се е во ред со мене и со бебушот
ние со мм бевме до Грција,јас многу се плашев затоа што тогаш бев 7гн,патот помина ок со паузи,а исто така се бањав ама со страв да не ми се случи нешто и одма ги менував мокрите купачи,после неколку дена се опуштив малку кога видов дека се е во ред,само што ја сум си паничарка фала му на бога истеравме одморче тројцата
добро поминав вцера по патот... се раздвизував паузи правевме и нормално си моцкав добро бесе се фала на Бога
Јас скоро во цела бременост патував. Дури отидов за хрватска после свадбата , а секој викенд одев и за грција. Немав некој проблем додека патував. Освен во 3 месец кога прокрварив. Иако сум со паталошка бременост немам проблем да патувам но строго зимам магнезиум и калциум со мене.
Ти душо очигледно немаш појма што значи паталошка бременост Секоја што има паталошка бременост и е строго забрането било какво движење, треба само да мирува и да лежи, повеќето со паталошка бременост последните месеци ги лежат во болница значи шанса нема да патуваат, ама што знаат тие, важно е да си носат магнезиум и калциум. Паталошка бременост имаш изгледа само кога треба да работиш по дома и да ја клеветиш свекрвата дека е мрзлива а ти многу вредната Инаку јас со првиот син патував во 8-ми месец од едниот крај на светот на другиот, патување од 35 часа со авион од кој 24 во летање, добро го поднесов патот меѓутоа не би препорачувала на други тоа да го направат затоа што секое патување во бременост си носи степен на ризик.
За секое патување се советував со гениколог и ми велеше дека не е ризично може да се патува штом е со афтомобил бидејки кога сакаш тогаш правиш пауза. А дај не ја отварај темата за свекрва ми те молам. Секако дека нема да ризикувам на своја глава да шетам со паталошка бременост се советував со матичниот и тој ми рече магнезиум и калциум зимај си ги редовно и можеш да патуваш Штом е со афтомобил .
Со керками додека бев бремена ( имав нормална бременост) си функционирав нормално ! Патував Често , два пати летав со авион Сама , едина преЧка ми беа тешките куфери кои ги мкнев друго Не !
Дај не зезај Дури до Хрватска беше??? Малечка ти очигледно си ги измешала брзините,еден пост не ти се совпаѓа со друг,очигледно патолошки лажеш,а не дека имаш патолошка бременост.
Имав напоменето и во други постови дека после свадбата со мм бевме за хрватска можеш да се навратиш и да прочиташ.
женски да ве прашам имате ли патувано со авион во бременоста... поготово во третото тромесечје 8-9 месец... или ако знаете некој шо патувал...
Не сум патувала, но искрено не би се ни осмелила 8/9ти месец да патувам....освен ако не е ептен нешто нож под грло дојдено што се вели.
Па тогаш не се патува со авион поради тоа што притисокот од таа висина му пречи на стомакот. Има некои што патувале, но некои држави дури ни виза не даваат ако си бремена во последните месеци. Сепак е ризик...
Имам потреба да патувам но многу ми е страв! Бебушот го носам ниско, веќе сум имала еден спонтан и по мислењето на приватниот гинеколог што го посетувам (искусен и на добар глас) не би било добро да патувам! Тој ме советува да одмарам, почесто да лежам, никако долги прошетки, секс никако и се разбира патување не доаѓа во предвид! Матичната моја пак ми вели не е проблем да си патуваш со автомобил и со почести паузи. Уште не сум одлучила кого ќе послушам! Би било добро ако слушнам мислење и од некоја друга трудница која исто како мене го носела бебушот ниско!
Јас го носам бебушот ниско и ми е забрането патување. Останува на тебе да одлучиш кој ќе посетиш. Мене ми беше страв да ризикувам иако со кола и со пауза ако не е долга релацијата не би требало да има проблем.
женски здравје јас другата недела најверојатно ќе патувам со авион за Германија.. па ми треба мислење од некоја шо има патувано во поголемите месеци.. гинеколозите велат нема проблем може и во 8ми месец да се патува..а и притисокот во авионот не е проблем за бебето ( тоа најнмногу ме загрижуваше... ме ослободија гинеколозуте не било проблем ) е сега ако некоја има патувано со авион нека ми пише стварно ми треба мислење...
мислам во нормална бременост и кога гинеколозите ти одобриа се е во ред сепак некој искуство добро ти дошло... убаво да си поминиш
Мила, ако ти е дозволено од лекар и се е во ред, слободно да си патуваш. Имам блиска личност која во 8ми месец (за малку ќе влезше во 9ти), патуваше од Мајорка за Србија и тоа со авион. Таму сакаше да се породи кај нејзините блиски. Што значи ако ти е уредна бременоста, нема да имаш никаков проблем .
Јас патував и на почеток, и во 5ти месец, и во 8ми, и сега само што се вратив од пат а сум веке неколку дена влезена во 9ти. Се зависи од тоа како се чувствувате. Додуша, морам да напоменам дека патував исклучиво со кола или со комбе, и не отидов подалеку од Грција. Е сега, што се однесува до патување со авион. Авиокомпаниите не прифаќаат на лет личност што е бремена 28 или повеќе недели. Доколку инсистирате да патувате со авион, мора да имате потврда од гинеколог за тоа која недела сте и писмена изјава ( ја даваат авиокомпаниите формата да ја пополните ) дека патувате на сопствен ризик и дека авиокомпанијата е ослободена од секакви одговорности и нема да сноси никакви последици доколку, не дај Боже, нешто се случи.