Ние требаше да одиме на одмор и да патуваме со авион, меѓутоа дознавме дека сум бремена и јас бев 3/4 недела тогаш... Докторката ме советуваше да не патувам, бидејќи подобро било до 12 недела да не се патува со авион, но ми рече дека е мој избор... Ние решивме да одложиме и ја откажавме резервацијата... Здравје догодина со бебенце ќе летаме
jas 3 4 dena patuvam vo nedelata po 130 km na den a 7 nedela sum sto mislite treba li da patuvam bidejki odam na fakultet
Не би требало да е проблем доколку имаш уредна и нормална бременост но, најдобро конултирај се со лекар за ова прашање кога ќе одиш следен пат.
Во вторава бременост во 7ми месец бев на море, иако страв ме фаќаше да не ми се деси нешто ради патот.
Со оглед на мојата историја, ќе си седам мирна. Ништо нема да ми биде ако преседам дома а има и зошто. 5 години го чекам и поарно вака. Ми вика синока кумата, леле бе опушти ја психата, па шетај, какво боледување итн.... Ми се идеше да и речам жено глеј си работа! Си роди две деца супер цело време, епа не му е на секој се ок. Ме нервира што се мешаат па и совети, па на крај јас луда! Се налути на крај зошто ги одбивме за Велигден за Охрид, па тоа било до Охрид само
Zeni sto bez problem i lesno si ostanale bremeni, imale lesna i uredna bremenost ne mozat da svatat deka ne se site kako niv. Ednostavno mislat deka se prepravame, se mazime, celo vreme stegnati....Tie si go pominale toj pat, im potporasnale decata i si baraat zanimacija i druzenje. Ne mozat da svatat deka drugi doprva gi cekaat obvrskite okolu decata. Ti uzivaj si ic neka ne ti cue za nikogo. Sekoj neka si pravi kako misli deka e najdobro za nego.
Таа твојата кума исто ко мојата. Ми вика вака-така. ќе ми дели совети. И ми идеше да и речам дека ако поминала низ две неуспешни бремености и трауми, стресови, да ја видам јас неа, а не тука да ми попува. Ќе родат од прва по две деца и уште они мене ќе ми кажуваат дека поминале тешко.
И јас сакам за велигден да појдам до Охрид. Ќе бидам 16 недела отприлика ако добро рачунам. Не ми е нешто страв, таму идам кај свои, како дома што се вели. Ама ради мачниниве се двоумам. Периодов повеќе сум во кревет. Буквално ме исцеди. Мртва гладна сум, и не знам како ќе го издржам патот не за друго. Иначе, кој колку и да ви збори, не може да знае како ви е. Секоја бременост е различна. Јас толку ја чекав, се израдував, но до сега не сум се опуштила и изнарадувала како што треба. Никој не слушајте, правете ко што ви одговара и мислите дека треба. Се работи за ваше дете. А за 2 месеци сакам да идам малце во соседството, на 1 недела на одмор на село. Па се надевам до тогаш ќе ми пројде се и дека селскиот воздух ќе ми прија.
Повеќето не разбираат. И неможам да се објаснувам, ме исцрпува. Зошто сум се боцкала со клексани, било бизнис, не оти имало нешто корисно. Зошто одам на ехо секоја 2 недела. Итн... Надвор отидов од темава. Инаку, да додадам, здравје само се да биде во ред, многу сакав да одам барем на 2,3 дена на одмор на моренце со меше Многу ми е убава трудница во купаќи Ама мора да се чуваме. Лани на другар жената се породи после одмор на Лефкада во 8 ми месец, на пат за назад добила болки и се породила во Превеза. Изгор платиле, ако не рече 3000 евра. Среќа во ред беа.
Исто беше.и во.мојата бременост. Ги игнорирав сите. Ги множев со нула. Ако ептен некој запнеше им викав да си ја гледаат работата.
Јас уште немам кажано скоро на никој, само кума, старосватица , нашите. Еве 19 полни недели Кој ќе ги трпи и другиве кога ќе разберат
Не треба потврда. Јас патував во 6 та недела. Можеш да патуваш до 8 ми месец без потврда но тоа е на твоја одговорност, фирмата не одговора ако ти се случи нешто не дај боже. После 8 ми мислам дека не примаат освен приоритетни некои со потврди. Во контекст на муабетот правев муабет со една пријателка која требало да патува во 7/8 месец од бременост и рече никогаш повеќе. Бебево многу чудно и мрдало во стомакот за време на целиот лет и не се смирило. Баш беше наплашена ептен. Нема што да се објаснуваш за твоите тежини на душата, за пропатеноста па и за среќата. Ако ти сметаш дека така е ок така прави нема што некој да ти кажува од страна дали треба одиш некаде или не.
Оф леле, јас тогаш ке бидам крај на 6ти, почеток на 7ми.... Лет од Скопје-Малта, незнам колку би траел но не мн сигурно. Ке одам ненаспана да го преспијам летот ако не
Немој да ја мислиш многу. Секој организам и плод се индивидуални. @danichap нека сподели искуство чинам тогаш баш патуваше.
Со двете бремености, 4-5 недела, кога не знаев дека сум бремена, патував со кола околу 17 часа. Во втората бременост летав 18та и 30та недела. Немав никаков проблем или потешкотии од патувањата или летовите. Предходно само консултација со док. Да даде зелено светло за летање и добра мисла.
Др. што ме води , вели дека побезбедно е со авион, отколку кола (во смисол лоши патишта, дупки, кривини...). Мајка ми кога била бремена, гинекологот и викал обавезно да седи на меко перниче заради дупките. Сега кога бевме кај неа за Велигден ме утепа да ставам перниче кога се враќавме ми го тутна
Моментално болна тема. Мене ми се оди на одмор, секако со дозвола од доктор, а ММ нема шанси да го натераш да одиме. Сакам средина или крај на Јуни да одиме, тогаш отприлика ќе бидам 5,5 месец. Со нас би дошла или мајка ми или свеќи. Двете се согласија ако има потреба би дошле било која. Сакам Ситонија да одиме. Ако успеам да го натерам частење ќе има