Патување на детето во странство самостојно

Дискусија во 'Дете' започната од LegallyBlonde00, 5 април 2019.

  1. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Дали некој е упатен во процедурата што документи треба овдека да извадам за детето да патува самостојно во странство ?
    Значи се работи за 15 годишно дете и ќе патува за Америка кај блиски роднини .
    Како иде процедурата на аеродром дали некој му помага и секако што од документите треба да извадат родителите . Претпоставувам треба некоја согласност . Благодарам многу
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.367
    Полномошно од двајца родители, така беше порано, сега провери си во МВР.
     
  3. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    За документи не знам точно што ти треба, но сигурно ќе ти кажат во агенција да си прашаш.
    Ако сакаш некој да му помогне по аеродроми кога ја купуваш картата се доплаќа мислам околу $100 ти препорачувам да доплатиш, кај си дала 1000 и курир $ за уште 100 барем ќе знаеш дека ќе стигне каде што тргнал а и ти по раат ќе бидеш. Ако не платиш ќе треба само да се снајдува детето ,и верувај не е секогаш лесно.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    7.655
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за непрофесионални изрази, ама кај нотар треба да одиш и тој би требало да знае за каков документ за согласност се пишува и треба потпис од родители. Само треба детално да биде напишано: Ние родители на (име на дете), родено тогаш и тогаш, живее на таа и таа адреса итн.

    Најверојатно си знаете дека треба виза и се тоа.

    Хм... што знам. Ако поаѓа од Македонија нема шанси да има директен лет до Америка. Не е толку комплицирано, ама...
    Кога ке поаѓа од Македонија можете убаво да истражите (ако не сте патувале со авион претходно) како функционира се тоа, вие да бидете со детето и да се научи на процесот кога поаѓа, после на другите аеродроми само да повтори постапка.
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    35.985
    Пол:
    Женски
    Согласност од двајца родители, податоци за лицето кое ќе го пречека и смести во Америка, и придружба за летањето. Го води низ пасошка контрола, до гејт, го сместува во авионот и на наредниот аеродром го пречекува друга, која го превзема, пак го качува на друг авион, и на последната станица, пак ќе го пречека придружбата и ќе го предаде детето на наведените лица за престој.
     
    На Feminka22 и ane.bella им се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам. Детето е Американски државјанин и често патуваме за Уса само што сега ќе иде на гости .
     
  7. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Многу ми помогнавте. Претпоставувам согласност се вади на нотар или суд ? И мора да се преведе на англиски ?
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    35.985
    Пол:
    Женски
    Целава процедува идеше преку аеродром. Најубаво јавете се и ќе ви објаснат се, за уште посигурно. Таму се дава согласност и податоци за лицето кај кое ќе престојува детето, и се доплаќа за придружбата, не се сеќавам колку беше точно,али не е некоја голема сума.
     
  9. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu:inlove:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.281
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат патував сама за УСА на 15 години. Одамна беше во минатиот век (некаде во деведесетите при крај). Сменив два авиони и слично и супер ми беше. МИ се накалемија на мене луѓе од Македонија што не знаат англиски па и нив ги влечкав со мене. Уствари ми ги накалеми татко ми на аеродром зашто го познавале па они да ме чувале. Испадна А од Англиски не знаат па јас нив ги средував за менување летови. Ама ептен важна се осеќав. Не ми требаше помош од придружба. Да ја имав лошо ќе се чувствував. Сепак дали ќе треба придружба или не решете вие во зависност од зрелоста на детето и искуството (велите често летате па можеби и нема потреба од помош). Сепак договорете се со детето. Не е воопшто мало.

    Согласност за дете да патува во придружба на трет човек се вади во МВР, веројатно истата постапка е и за само. На веб страницата има на МВР има информации во делот кај патни исправи.
     
    На candy.cane и LegallyBlonde00 им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу . Не дека јас не сум сигурна во него сам да патува него знам по себе јас патувам често па ќе се погубам по аеродромите а на он првпат сам. Сепак да не се лажеме ова не се деведесетите , сешто се случува . Помирна ќе ми е душата и не ги жалам неколку денари плус да доплатам него да го мислам дали на време стигнал за другиот лет или да не се погубил некаде .
    Баш ќе проверам во Мвр . Фала ти
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.281
    Пол:
    Женски
    Јас само пишав од аспект на самостојност на детето. Сепак ти си мајка и ти одлучуваш. Јас на пример го пцуев татко цел пат што ми ги натовари неговите другари на врат зашто ми ги натовари за да ме заштити. Имав чувство дека ете сепак мисли дека не сум доволно зрела сама да се снајдам. Не знаеш колку бев горда кога тие зависеа од мене а не јас од нив. Придружбата ќе го натера да седи само во ограничен простор без можност слободно да се движи на аеродром. Знаеш како тоа изгледа нели. Ќе има на врат пластифицирано знакче дека е со придружба и сите ќе знаат дека е со придружба.
    Инаку вториот пат кога летав сама бев две години постара и имав лет со преспивање на аеродром. Требаше да најдам шалтер на забутано место, да покажам ваучер за спиење, да добијам нов ваучер од аеродромот, да најдам каде е хотелот да преспијам, да станам на време да се вратам на аеродром и да полетам.

    Само ти кажувам зборувај со детето пред сама да донесеш одлука.

    Најмалку е работата за пари во случајов.
     
  13. MSF

    MSF Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Prv pat ke patuvam so avion so dete. Imam prasanne za kartite, dali moram da naglasam deka insistiram da se edno do drugo sediste? Pred nekow vreme citav zena koja ne mozela nikako da obezbedi dbe sedista povrzani za sebe i kjerkata iako morala od x pricini da bide do nea. Nemam golemo iskuatvo so letovi, pa pissete vie sto ste patuvale nakaj SAD..Tamu e planot
     
  14. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.584
    Пол:
    Женски
    Здраво до која возраст е дозволено да се носи количка во авионот за дете?
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.281
    Пол:
    Женски
    До 2 години кај сите можеш, после таа возраст зависи од компанија до компанија.
    Ние последниот пат со 3 години дете летавме со wizzair и носевме со себе ептен лесна чадор количка. Ни ја броеја како едно парче багаж. Значи имавме купено wiz priority и количката ја броеја како куфер од 10 кила.
     
  16. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.584
    Пол:
    Женски
    Две има синко во август направи значи може да ја носам
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.281
    Пол:
    Женски
    До све е бесплатно. Над две (на денот кога ќе наполни две се смета дека има над 2) плаќаш полна цена карта за него и е обичен патник (не е бебе за кого плаќаш само такси). Тогаш сите правила за багаж што важат за сите патници важат и за него. Најдобро ти е прочиташ на веб на самата компанија со која летате.
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.