1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патување низ времето

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Strumfeta93, 12 декември 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Дали верувате во вакво нешто? Да се прошетаме во минатото или пак во иднината. Пред малку слушав некои видеа како зборуваат за можноста да се патува со некоја машина низ времето

    http://www.youtube.com/watch?v=X02WMNoH ... re=related

    А погледнете го ова видео како човекот зборува за неговото ,,чудно,, искуство

    http://www.youtube.com/watch?v=E2sp-clM ... re=related

    јас искрено сум скарана со физиката и незнам дали вакви чуда се можни, но кој ти знае до каде може да стигне човечката интелигенција. Моите знаења се премали за да зборувам на оваа тема. Ајде да слушнам ваши мислења. :)
     
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Значи вака... Тајм травелот е нешто што најмногу е контрадикторно во физиката. Од една страна физички и тоа како е можно, но практично многу многу тешко. Тајм травелот замисли го вака некако: Имаш точка А која ти е стартна точка и точка Б која е оддалечена на 5 километри од точка А. Да речиме дека ти одиш од точка А до точка Б за пола час (Лупетам). Тајм травелот би ти овозможил да го поминеш тоа растојание за помал дел од секундата. Е сеа што е тежината? Тежината е во масата на телата. Ако едно тело добива забрзување, ја зголемува својата маса. Исто така тука е и времето. За ти да се транспортираш толку брзо на некое место ти треба да ги победиш и времето и масата. Макар што јас верувам дека ќе ја измислат оваа машина за 200-300 години. Како и да е, ова е моментално во топ 10 листата на сите физичари.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Јас сум слушнала овој Хокинг како кажува дека возможно е да се направи такво нешто ама машината ќе патува само во иднината, никако во минатото... или обратно :?:
    Незнам, јас не верувам, ама камо да може, веднаш ќе исправам една грешка кога би отишла во минатото :wasntme:
     
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Па малце и е нелогично тоа. Замисли ти на пример на денешниов ден пред 2 години пример си се фатила со некое машко, и сега се враќаш тоа да го смениш, и го сменуваш. Тоа значи дека тој ден тоа не се случило и тој веројатно поинаку го поминал тој ден. Тоа значи и инаква сегашност. Тоа така ако се прави светот ќе нема ниту еден грам баланс. Мене тајм травелот ми е најлогично да е транспорт од едно место до друго за многу кратко време, иднина и минато не ми звучат логично, колку и да имам читано за тоа.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Хаха сите се во потрага за некоја си временска машина,а уствари „Астралната проекција„ е совршена временска машина.
    Ај ќе разгледам по темиве,ако нема тема за „Астрална проекција„ ќе отворам и ќе кажам збор два за неа.
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не постои, барем не досега.
    И тешко изводливо е исто така.
    Можеш само да стигнеш до некој стадиум каде што ќе се вратиш во времето на детството, но физички да си отсутен бидејќи си во 1578, се' додека не ми се случи-нема да поверувам.
    Уствари,додека мозокот те диктира,everything is possible.
    Нешто како.. медитација. Кога си ствараш филм во главчето.
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Многу интересна тема .
    Баш се интересирам за вакви работи.. Ех да беше можно, порадо би се вратила во минатото отколку да отпатувам во иднината. Ќе сменам некои, т.е повеќе работи од минатото, а и сакам да запознаам некои луѓе, што (за жал) не сум имала можност никогаш да ги запознаам, а сум слушала толку за нив. :?:
    Не мора да бидат познати личности, некои мои блиски.. Исто ако можам ќе се вратам и мноогу поодамна, дури за времето на Првата Светска Војна, па за Втората и дури и пред тоа. Ама не би сакала да бидам во позиција на набљудувач туку да бидам и јас таму физички присутна, да можат да ме видат, да правам нешто. Па потоа би се вратила во 1800 и некоја година, па би сакала да се запознам со некои познати писатели и пејачи. На пример со Елвис Присли или со Абрахам Стокер (така мислам се викаше :$ ) авторот на Дракула. :) Па можеби и би се вратила на почетокот на светот, како се создал човекот, за време на еволуцијата, да видам дали ќе се потврди теоријата на Чарлс Дарвин.
    Ах, си се залетав јас премногу. Ама да беше ова можно... А верувам дека ќе стане, но за неколку децении, еден век..
     
    На selly.gomez му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Интересна тема морам да признаам. Гледам повеќето од вас се интересирате за ова. Побарајте по руските институти за се што може да се направи со хипнозата. Е тоа ти е чисто патување низ времето, како во минатото, така и во иднината. Физички не можеш ништо да смениш, тоа е факт!
     
    На luvena и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Теоретски да, практично не

    Каде се тогаш луѓето од иднината, да не посетат со оваа машина? :)

    И јас донекаде мислам дека ќе биде возможно за некое време. Ама има пак многу контрадикторни работи тука. Како на пример таа машина би знаела каде да не однесе? само ко по филмовите ќе пишеме 1386год, ха не верувам. Па најпросто - ние не ни знаеме колку години имало пред нашата ера. Незнам, ова е само едно просто прашање, има еден куп прашања во врска со темава кои не се решени и тешко дека ќе бидат некако решени зашто повеќето од нив не зависат од човекот и не се во негова моќ

    Треба во исто време да се победат 3те просторни димезии + 4тата време. А до сега ниту една сама по себе не е совладана :) а камоли пак сите наеднаш

    едит: ама ми текна сеа и на антиматеријата :D

    Не, не. Ни сама незнам што да мислам. Една мисла ќе ми дојде, и за 5мин се јавува контрадикторна. Прво мислам неможе, па ќе ми текне дека може, па пак неможе :) Јас со моиве сиромашни познавања од физиката само ќе си се вртам во круг, а физичарите нека му ја мислат
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Ич не ми е верно ова. А баш е интересно кога би било можно...Ама убаво праша Алиса, каде се сега луѓето од иднината да дојдат? :lol: Јас не верувам дека иднината постои во физичка форма, не знам како да ја наречам оваа форма во која се наоѓаме :D Сакам да кажам, тоа што поминало, поминало, а тоа што доаѓа, никој не може да го предвиди и да го знае. Не верувам дека некаде во минатото живеам јас, како дете, не верувам дека пред 100 и кусур години, таму некаде во минатото, живее Гоце Делчев, Даме Груев :rofl: Тоа поминало. Според мене, мислам дека ние постоиме само во еден облик, во сегашноста.
     
    На selly.gomez му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Според мене, низ времето можеме да патуваме само со умот. Има случај во Русија, во лабораторија, човек е приврзан за машина. Кажува работи, вели дека е во иднината. Кажува за автомобили кои не ни постојат. Човекот бил подложен на следење, се што кажал било точно. Чисто информативно, тоа било пред 30тина години. За сето тоа време мислите дека научниците спиеле? Напротив, има уште многу достигнувања во таа област за кои ние уште не знаеме. Инаку, постојат работи кои се неприфатливи за човековиот мозок. Зошто? Затоа што не го користиме доволно, не заслужува да го споменам зборот ЦЕЛИОТ овде. Сите знаеме за трите димензии. Па испадна дека четврта димензија постои и тоа е времето. Па испадна и 5 и 6 и 7...сега за сега за жал, тоа само ќе го гледаме како научна фантастика.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    да се патува низ време кога сакаме па да си се вракаме за жал е невозможно...единствено патување на време би било вака ....ако до струмица од скопје се стига за 2 часа....јас ако успеам да патувам со поголема брзина од таа на светлината ке патувам во иднината и ке одам всушност 2 саати во иднината...но нема да можам да се вратам во минатото...ова е единствениот логичен начин другите се невозможни според мене
     
  13. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Јас па да ти кажам не се согласувам со ова. Ти не одиш 2 часа во иднината, ти само стигнуваш побргу. Ако јас одам некаде и се влечкам по патот, а ти одиш нека со полна пареа, ти ќе стигнеш пред мене. Тоа не значи дека си отишла во иднината. Инаку го имам слушнато ова што си го напишала...јас тоа го викам „Брз како МОЛЊА“ :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Точно. Ти не патуваш низ времето, туку низ просторот. Се движиш побргу низ просторот, а времето тече за тебе исто, како и за сите останати, нема мрдање :)

    Инаку има веќе 10, 11та димензија. Пред 50год да му кажеш да физичар нешто вакво ќе ти рече дека е невозможно. Исто ко со антиматеријата што успеаа да направат дупка во првите 3 просторни дименизии, зашо не би направиле и во 4тата, времето. Ама рано е уште за тоа. Енос антиматеријата е на прагот на науката, уште незнаеме ни ако успееме да ја произведеме како би ја контролирале. Да не испаде на крај сакајки напредок па да ни се деси уште еден биг бенг :)
     
  15. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Да секако...и сега она што го мислиме за невозможно после 50 години здравје, ќе биде :) Инаку постои страв од контраефект. Сето тоа може да се одрази лошо на нас. Антиматеријата и црната дупка ќе бидат енигма уште многу долго време ;)
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Алиса, и мене ми е нелогично патување низ минато - иднина заради тоа што го пишав погоре. Мислам сепак дека ќе се измисли машина за патување во сегашноста за навистина кратко време. Како портал нешто. Ништо не е невозможно во физиката. Кога се измислил начин да се победи воздушната бариера - со измислувањето на авионите, простор во кој навидум само птиците можеле да се движат, се скратило времето за патување за многу часови. Така исто мислам дека ќе се направи машина која ќе не транспортира од едно место до друго за неколку секунди. Минато и иднина, сепак според мене се невозможни.
     
  17. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Море што ќе не посетуваат луѓето од иднината со таа машина кога гледаат какви луѓе сме... :D :D
    Шала настрана, sparks, ти всушност зборуваш за телепортација. Па сега да те запрашам, како ти го разбираш телепортирањето? Како патување низ времето, или патување низ просторот?
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав претходните постови,па да си кажам мое мислење :) патување низ времето е апсолутно невозможно,мислам дека нема никаква врска со антиматерија или црна дупка и трето според мене човек неможе умствено да патува низ времето како што беше напоменато погоре.Минатото е нешто што неможе да се измени, сегашноста е кога човек нема мисли и потполно е свесен за ситуацијата во која се наоѓа, иднината е нешто што човек незнае што би можело да му се случи или евентуално да може да ја предвидува, а што ретки се луѓето кои можат да предвидуваат.Сепак интересна тема за размислување, а за телепортирањето и тоа ми изгледа невозможно, освен тоа брзо да поминува времето,разликата е во љубптиноста на човекот за тоа што било некогаш или што би било кога би било :D како и да е се на се според мене како што кажав апсолутно невозможно на било каков начин :)
     
  19. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Тоа дали црната дупка има поврзаност не знам, можеме само да си претпоставуваме :) Инаку што е телепортирањето? Штом од едно место се појавуваш на друго гледано и теоретски и практично ти патуваш низ просторот. ДУРИ и кога би било можно телепортирањето, за тоа би требало време без разлика колку и да е мало. Сепак луѓе сме, имаме одредено ниво на размислување. Можеби такво нешто постои па ние не можеме да го разбереме. Слободно можам да кажам дека ние луѓето МНОГУ МАЛКУ ЗНАЕМЕ!
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Пошо јас ја спомнав прва антиматеријата и црната дупка, да кажам зашто ја спомнав.
    Просторот е една димензија, времето друга. Антиматеријата е победување на просторот, се она што законите на физиката го сметаа за невозможно во димензијата простор. Затоа ја спомнав, ако можеле физичарите да направат "дупка" во просторот, мислам дека би можеле и во времето :) Пред неколку векови да му кажеш на физичар за ваква победа над просторот, ќе кажел дека е невозмножно. Исто ко ние сега за времето.
    Затоа колку и да сметам невозможно неможам да кажам не, со технологија и закони на физика никогаш не се знае

    И јас лично сметам дека антиматерија и црната дупка, а со самотот тоа и рушење на законите во 3те димезии е еден старт, почетна точка за рушење и на законите во 4тата димензија - време
    Нашиов мозок уште не е толку развиен за да може да го сфати патувањето низ времето. Вакви примери низ историјата може да набројуваме до утре :)
     
    На Sara123 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.