Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патување низ времето

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Strumfeta93, 12 декември 2010.

  1. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Токму тоа и го велам...најдобро е да оставиме на времето, физичарите и другите научници би докажале со сигурност што може, а што не може. Тие не седат како нас на форуми :D
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  2. capricorn.m.gi

    capricorn.m.gi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    За мене тоа са глупости на квадрат.Според мене тоа е несто невкусно и против Бозјата волја,зивотот ке нема никаков баланс.Навистина грозно....
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Па искрено се надевам некогаш и ова да стане возможно и изводливо. Колку пати само сум го посакала ова. :lol: Колку и да изгледа неостварливо, сепак ништо не се знае.
     
  4. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Јас имам читано дека возможно е да се направи машина за патување низ времето, но само за ИДНИНАТА. Бидејки доколку би можеле да се вратиме во времето сигурно би сменале нешто, па со тоа би ја смениле сегашноста и иднината :?: Но се смета дека доколку се успее да се направи ова, кога би можеле да патуваме во иднината или минатато не би можеле да ги немуваме работите туку само да набљудуваме...Според ова сосема непотребно би било да патуваме назад во времето (минатото) кога веќе не можеме да го измениме, а веќе го знаеме - па зошто да го реживувале пак? :?: Незнам за ова, но како што напредува технологијата, сметам дека за неколку стотини години ова би било возможно :)
     
  5. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Невозможно.Како би се патувало низ времето,кога постои само сегашноста.Не постои минатото (практично не постои,постојат слики,спомени и дела кои влијаеле да се створи иднината т.е сегашноста) поминало и со никаква машина не можеш да се вратиш.Зашто ако се вратиш во минатото автоматски и сите околу тебе се враќаат,така? :) Апсурдно ми е.
     
    На Breezy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Убаво ми објаснувале физичари за ова... и ништо... Ова со тајм травелот тешко да се реализира, може да се каже и невозможно... Познато е тврдењето дека се откриени некакви си вртлози или црвји дупки, ама работите се далеку од едноставни, премногу услови не се исполнуваат прво и прво за физички премин во друга временска димензија, а потоа и за останатите нешта потребни за да се реализира тоа временско патување без проблем онака како што ние го замислуваме...

    Порано си се призанесував, кога имав 13-14 години кога ќе си помислев на овие работи, ама со годините и со сознанијата што ги собрав, и покрај тоа што бев наклонета кон теоријава, со тешко срце сфатив дека не е изводливо.

    А колку би сакала да се враќам назад низ времето, па можеби и да си останам да си живеам во некој историски период :angel: :^) (како што тргнале луѓево сериозно ми иде да ја напуштам денешницава ;)) ...всушност, најискрено, прво би се обидела да средам една работа која тргна наопаку во мојот живот...
    Ама фантазијата настрана, невозможно е :)
    Во се може човекот да вмеша прсти, освен во времето, на жалост...
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Во право си, постои само сегашноста, која станува минато или иднина, само разликата е што човекот поголемиот дел од своето време го минува размислувајки за минатото и иднината, а незнаејки дека работите може да ги промени само во сегашноста.А со тоа е невозможно патување низ времето, е сега нормално ова потекнува од човековата тенденција да промени нешто во минатото или иднината онака како што сака,како што му одговара, притоа знаејки дека не може тоа да го направи.Затоа додека човек има можност да го смени текот на настаните, тоа и нека го направи, а не нешто да смени кога неможе.

    Незнам зошто воопшто се трудат да создадат нешто што неможат, без разлика на нивната способност, никогаш не се случило вакво нешто, а нити пак ќе се случи.
     
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ^ Епа не знам ни јас :D . Не разговарав со физичари од НАСА или некои вклучени во вакви проекти. :D
    Професорка по физика од средно и универзитетски професор ми објаснуваа пред некоја година. Јас не ни сум многу по физиката, случајност беше тоа што се најдов кај нив во канцеларија кога зборуваа за овие работи, па ме заинтересира и ги распрашав малку подетално. :)
    Не се занимаваат сите физичари со тајм-травел, на сите им е јасно дека веројатностите се минимални, ама сепак треба да се испитаат сите можности, тоа им е работа и преокупација на некои од нив :) .

    Инаку се согласувам со твојот коментар, не верувам дека минатото може да се врати или да се измени, не сметам дека е можно да се манипулира со времето...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    И јас го поттикнав професорот по физика, пред некој час, да зборува на оваа тема. Кажуваше дека постои и четврта димензија која човекот не може практично да ја осознае туку само теоретски. И бла бла сум заборавила, толку и го разбирав :D .
    А што има веза ако можеш само да го набљудуваш минатото, јас како што сум ситничар ќе откријам нешто што ми поминало низ прсти, ќе решам многу проблеми. Кај мене доволен е еден кажан збор или сомнителен потег и работите да почнат да се движат во сосем трета насока :D .
    А па и иднината да се набљудува ќе се смени сегашноста. Ќе видиш што ќе се случи, ако не ти се допаѓа ќе донесеш друга одлука и така натака и така навака.
    Забегав, а интересна работа е.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    И јас исто имам слушнато дека има четврта димензија, а дали сигурно, незнам, е веројатно е така како што ти кажал, ќе се знае само теоретски.За другото во право си, па ете и да е можно вакво нешто, што дека само ќе се набљудува, кој ефект :^) па кога би знаеле што ќе се случи или пак кога би можеле да смениме, тогаш би направиле совршенство од животот, само вакви експерименти се невозможни, а најмалце реални.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Времето е четвртата димензија.

    Инаку постојат и теоретски начини за патување низ времето и кон минатото, не само кон иднината и преку wormholes или преку ротирачкиот универзум. Добар дел од ова е даден и тоа и на хуморичстичен на моменти начин во следното видео, кој има да одвои 1 час време -

    http://www.vega.org.uk/video/programme/61

    Според мене прашање е на време кога ќе се открие начин да се стабилизираат wormholes, иако напоменувам ова и не е единствениот проектиран можен начин за патување низ времето. Може нема да се случи во нашиот животен век, ама сигурна сум дека ќе се случи.

    Бидејќи е можно со помош на енергијата на звучен бран да се врши телепортација на помалечки предмети исто ќе дојде ден кога телепортацијата ќе биде начин на патување. Плус, научниците открија честичка со поголема брзина од онаа на светлината. Се вршат и обемни истражувања на полето на антигравитацијата, левитацијата... Јас сум голем оптимист на ова поле, :) .
     
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    25.182
    Пол:
    Женски
    ^и јас сум оптимист на ова поле,ама и на слични на него.Баш имам една книга,со вакви случки,наводно вистинити нели,останува на нас кој ќе верува и кој е отворен за вакви работи,ама дека се на српски,да ги преведам и средам,па ќе ги пишам на темава,ептен се занимливи..
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    25.182
    Пол:
    Женски
    Еве,ова се некои од случките кои ги пишува,во книгава е поопширно,ама предолго,морав да скратам.

    Џозеф Браун го напуштил својот апартман околу девет часот наутро. Се упатил до малата локална продавница да го купи новото издание на Њујорк Тајмс. На тој краток пат,од 200 метри,му се губи секаков траг.
    Бидејќи поминале неколку часа,тој не се појавил неговата сопруга излегла да го побара,била убедена дека Џозеф како и обично,дознел поради долгите муабети со газдата на продавницата. Но,кога прашала за нејзиниот сопруг,била непријатно изненадена кога и одговориле дека Џозев воопшто не се појавил цело утро. Но, излезе по влечки и несреден,не може да отишол подалеку - објаснувала сопругата. Прашале наоколу дали некој го видел по патот - Не.
    На ред е полицијата. Цел кварт бил детално прегледан,секоја канта и секое ќоше(бидејќи во Бруклин не се знае што се може да се случи). Била пуштена и потерница,со слика од Џозеф,а се вмешале и ФБИ..
    Поминала дури цела година,кога тој наеднаш се појавил во продавницата каде бил тргнат една година пред тоа. Газдата на продавницата,а и луѓето присутни во моментот биле изненадени и на нивно прашање каде бил цело тоа време,тој зачудено одговорил дека нема 5 минути како го напуштил станот и тргнал по весник. Му покажале датум на весникот,му кажале дека дури и ФБИ го бара цела година.. Дали е ова некаква глупа шала? - ги прашал Џозеф. Јас се колнам дека го напуштив станот пред 5 минути - продолжил тој..
    Кратко потоа,на местото пристигнала полиција,била повикана неговата жена,новинари. Периодот што следел Браун бил испитуван од нивна страна,со помош на детектори за лаги,со хипноза,но не добиле никаков одговор за измината година,никаква информација,ко за него времето да не постоело..

    ***

    Бродвејски случај.
    Во масата на луѓе кои ја напуштале последната претстава,се нашол некој чуден човек,облечен во старомоден костум,видно исплашен и почнал да прашува каде се наоѓа,што се случува..
    Исплашен,тргнал да си оди од тоа 'чудно' место,но за жал завршил несреќно,бидејќи се нашол под тркалата на некое возило.
    На сцената стапила полиција. Дежурниот инспектор ги испитувал очевидците,како и возачот,а потоа не обрнувајќи внимание на старомодниот костум на човекот,му ги проверил џебовите за било каква информација,во врска со неговиот идентитет. Тука,нашол визит карта,на име на некој трговец,но датумот на неа бил 80 години порано. Прашањето било зошто некој обичен статист би поседувал толку автентична визит карта од минатото?
    Името на трговецот не постоело во телефонскиот именик,ниту наведената адреса на визит картата повеќе не постоела,била укината пред 30 години,односно со променето име,но дека локацијата и била во близина на несреќата. Во меѓувреме,била утврдена и автентичноста на неговиот костум,дека е навистина околу 80 години стар. Но,ниту тој факт не го натерало детективот да помисли на натприродни работи или патувања низ време. Се додека не почнал да истражува за старата адреса и дознал дека таму живеел човек со тоа име од визит картата,па почнал да истражува за околни жители со исто презиме. Никој не го познавал тој човек,освен една стара жена,која рекла дека тоа е името на нејзиниот татко. А што се случило со него? Кога била малечка,на него му се изгубил секој траг.
    Фотографијата од нејзиниот татко е таа што го оставила детективот без зборови. Тоа бил истиот човек кој се наоѓа во мртовечница,кој беше убиен пред кратко време..
     
    На Sanjichka007 и Twetty им се допаѓа ова.
  14. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Според научниците патувањето низ времето би било можно доколку влеземе во црните дупки кои се наоѓаат во вселената. Но ова тврдење противречи на теоријата на Ајнштајн, кој дошол до заклучок дека гравитацијата во црните дупки е премногу голема. Значи дека ако некој влезе во нив ќе се распрсне и не би можел да патува низ времето на тој начин.
    Мислам дека човечкиот мозок е многу ограничен за да прифати една таква теорија дека постои друго ,,ЈАС,, во минатото и иднината. :?:
     
  15. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Не знам што се случуваше тогаш, стварно не знам, сеуште кога ке помислам ми е страв.

    Беше лето. Јас имав 14 год и бев кј баба ми на село. И цел ден играв со децата од таму и знам баба ми не викна да ручаме и после ручекот легнав во една соба , моја беше таму спиев. И лежам и сум заспала и по некое време се разбудувам на некое чудно место,непознато и таква збунета станувам се чудам кај сум. Излагам од собата таму еден долг ходник имаше и идам јас напред имаше врата на крајот,а многу беше темно имаше светла од свеќи. И туку излагам надвор и таму поле пукнало, ко на некоја фарма беше и излагам се шетам да видам кај сум, а таму имаше луѓе. И јас прашав една женичка викам Извинете каде сум, од странство сум реков, (глупости прашав нешо ) и таа ми вика “ а види ја се шали со мене, иди дома бре девојко и викам а кај сум сериозно, и таа ми вика ма кога ке ти ја плеснам ајде марш оставиме да работам, и јас заминав и идам јас некаде, и видов на едно ридче црква истата како кј баба ми во селото. И јас влегувам во неа и гледам истата црква и видов еден свештеник и го прашувам извинете каде сум? и тоj ми вика во Св Ѓорѓија црквата и јас му викам ама во кое место и тој се насмевна и замина, и јас после излегувам од црквата и гледам селото од баба ми, и ја видов и баба ми и сите и се испочудев што ми се деси мислев сум умоболна, и ден денес неможам тоа да си го објаснам.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Сакам да те прашам,од каде ти е таа книга? Дали ја има негде во Скопје? :?:
     
    На Twetty му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    25.182
    Пол:
    Женски
    Не знам каде ја има, стара ми е мене, ја имам дома повеќе од 10 години сигурно. Инаку се работи за книгата Паралелен свет од Б.Д. Бенедикт.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. haylie23

    haylie23 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    и јас не верувам и баш би сакала доколку можам да се вратам во минатото за дефинитивно да исправам нешто како што кажа ти ама не верувам дека некогаш ќе “постои машина што би можела да те шета низ времето“
     
  19. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Во контекст на патување низ времето ќе ја споменам видовитата, сега почината Ванѓа. Читав извадоци од нејзината книга и се чудев како таа патувала низ времето и точно опишувала места и настани дури од времето на антиката, кажувајќи дека постои град под земјата закопан вокој луѓето се облакале или така нешто во злато, амногу подоцна се пронајдоа златните маски на Александар, Филип итн. Таа ја качуваше иднината и на лугето и на светот. Времето и просторот за неа беа релативни. Кажуваше и дека меѓу нас има вонземјани кои го примиле нашиот облик за да не се откријат, тие се препознавале меѓу себе кога се сретнувале. И многу други работи читав во извадоците, кои редовно ги следев во изданијата на наш весник, но книгата не сум ја купила. Ова го напишав бидејќи сеуште не ми е јасно како таа светски призната жена патувала низ времето и просторот
     
  20. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    62
    Ех камо да го можев :rofl: